Живот - со шахот
Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на авторот, до периодот во кој е напишана книгата. Ова дело се појавува и е предмет на споредба со Моите 60 незаборавни партии на Фишер, не само поради бројот на партии, туку и поради пристапот во анализата на партиите, нивниот избор и разновидноста која ја нудат овие 60 партии, во поглед на отворањата, комбинациите во средишницата и големиот број на мотиви, коишто се јавуваат. Книгата е напишана на руски јазик во 1969 година.
Корица на книгата | |
Автор | Андор Лилиентал |
---|---|
Изворен наслов | Жизнь - шахматам |
Земја | СССР |
Јазик | руски |
Содржина
уредиДелото е поделено на три поглавја, при што последното претставува систематски преглед на отворањата одиграни во партиите.
Првото поглавје претставува автобиографија, која на читателот му овозможува да се запознае со дотогашниот живот, мислењето за шахот и стилот на игра на авторот.
Второто поглавје содржи анализа на шеесетте партии одиграни од страна на авторот во периодот до составувањето на оваа збирка. Меѓу нив, анализирани се партии против 5 светски прваци (Емануел Ласкер, Хосе Раул Капабланка, Александар Алехин, Михаил Ботвиник и Василиј Смислов) и шахисти кои своевремено бле во шаховскиот врв, како Рихард Рети, Савели Тартаковер, Мигел Најдорф, Марк Таиманов и други. Неколку од нив биле прогласувани и за најдобри партии на турнирите на кои биле одиграни. За разлика од многу други шаховски книги, кои содржат само победи на авторот на тоа дело, во ова дело, авторот анализирал и 1 пораз (против Алехин) и 2 реми партии (против Алехин и Флор).
Во партиите, Лилиентал одиграл 15 различни отворања, што доволно зборува за неговата разновидност во играта и успешноста на секое одиграно отворање. Најголем број од анализираните партии се развиле по настанувањето на Нимцовичовата одбрана и Староиндиската одбрана, која му овозможува на авторот да се вброи меѓу ретките кои го играле ова отворање со толку голем успех во турнирските партии со најдобрите шахисти во светот. Само 2 партии започнале со Сицилијанска одбрана.
Стил на пишување
уреди„Живот - на шахот“ е дело, кое како што вели авторот ја нуди можноста, веќе еднаш човек да се запознае со оваа мудра игра (шахот). Естетско делото е одлична литература за љубителите на шахот, која овозможува лесно читање и брзо навлегување во суштината на партиите. Сите партии се нумерирани и воведени со отворањето со кое започнуваат. Сите партии се поткрепени со дијаграми, на кои се претставени сите настанати критични позиции, а на позначајните и поефектни партии, авторот дал и подетална анализа.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 21 февруари 2009 г.