Метод на подготовка за натпреварувања

Метод на подготовка за натпреварувања е шаховска книга од познатиот советски и руски велемајстор, поранешен светски првак во шах (1947-1956, 1957-1960, 1961-1963), шаховски учител и автор Михаил Ботвиник. Книгата е напишана во 1992 година и претставува збирка на материјали кои го илустрираат методот на подготовка на шахистите за шаховските натпреварувања. Книгата е напишана на руски јазик.

Метод на подготовка за натпреварувања
Корица на книгата
АвторМихаил Ботвиник
Изворен насловМетод подготовки к соревнованиям
Земја Русија
Јазикруски

Содржина

уреди

Во оваа своја кратка книга, Ботвиник врз основа на материјал прибран во периодот на првата половина на 20. век го објаснува неговиот метод за подготвувка пред значајните партии и турнири.. По краткиот предговор, тој дава објаснување нља повеќе негови методи на оваа тема, пред да се нафати со објаснување на главниот метод. Во продолжение книгата содржи и поглавја насловени „Младинска школа“, во кое Ботвиник ја опишува својата шаховска младост, „Судбината на шахот“, во кое е даден целосен осврт на шахот како игра и нејзиното толкување, како и три вежбанки, во кои се дадени соодветни анализи на позиции од партии на познатите велемајстори, но и клучните моменти и размислувањето за време на партијата. Во овие три поглавја (вежбанките) наведени се и турнирски партии, како и анализа на одвивањето на шаховски натпреварувања.

Стил на пишување

уреди

Делото „Метод на подготовка за натпреварувања“ претставува збирка на материјал, кој содржи анализа на сопствените партии на авторот. Толкувањето на партиите е одлично, самокритично, а поткрепено е и со дијаграми на кои се прикажани критични позиции од партиите, кои авторот ги сметал за најзначајни. Тоа му овозможува на читателот без оглед на возраста, лесно да се снајде и заинтересира во сиодржината на оваа книга.

Надворешни врски

уреди