100 партии
100 партии е шаховска книга, дело на познатиот естонски и советски велемајстор и автор Паул Керес. Делото е напишано во 1966 година и претставува збирка од 100 впечатливи и поучни партии одиграни од страна на авторот во период од 35 години (1929-1964) од неговата шаховска кариера. Преку согледувањето на анализираните партии, читателот е во можност во голем дел да се запознае со стилот на игра и придонесот во шахот на авторот. Книгата е напишана на руски јазик.
Корица на книгата | |
Автор | Паул Керес |
---|---|
Изворен наслов | 100 партии |
Земја | СССР |
Јазик | руски |
Содржина
уредиСо оглед на местото кое го зазема авторот, ова дело можеби е една и од најдобрите збирки на шаховски партии на сите времиња. Во својата содржина, тоа изобилува со убавина на шаховските замисли, оригиналност и креативност, кои Керес ги имал при одигрувањето на анализираните партии. Делото опфаќа 35-годишен период (1929-1964) кој е поделен во 12 поглавја, кои следуваат по предговорот и пораката на авторот:
- I - Првите натпреварувања (1929-1935)
- II - Првите меѓународни успеси (1935-1937)
- III - На патот кон звањето велемајстор (1937-1938)
- IV - Предвоени години (1939-1941)
- V - Две партии во воените години (1942-1944)
- VI - Пред светското првенство (1945-1947)
- VII - Светското првенство и турнири (1948-1950)
- VIII - Туирнири и успеси (1950-1952)
- IX - Турнири и успеси (1952-1955)
- X - Повторно во борба за светското првенство
- XI - Турнирии успеси (1957-1960)
- XII - Успеси во последните години (1961-1964)
На крајот од содржината дадени се и список на резултати (хронолошки редослед), како и список на противници во анализираните 100 партии (азбучен редослед) и список на отворања играни во партиите.
Стил на пишување
уредиКако и одличниот хронолошки распоред на содржината на делото, така и квалитетот е на високо ниво. Секоја партија е подетално анлизирана, најзначајните моменти се претставени на дијаграми, а преку секоја партија авторот на висок стил ја опишува и играта на противникот.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 21 февруари 2009 г.