Избрани партии и спомени
Избрани партии и спомени е шаховска книга од рускиот и советски велемајстор и познат шаховски автор Григори Левенфиш. Книгата претставува збирка на најдобрите и поучни партии на авторот против неговите современици, меѓу кои соаѓаат и светските прваци Ласкер, Капабланка и Алехин, но и други силни шахисти како Рубинштајн и Тараш. Воведната содржина и приодот кон анализата на партиите е исполнета со силни автобиографски елементи. Книгата е издадена посмртно, во 1967 година и е напишана на руски јазик.
Корица на книгата | |
Автор | Григори Левенфиш |
---|---|
Изворен наслов | Избранные партии и воспоминания |
Земја | СССР |
Јазик | руски |
Содржина
уредиДелото всушност претставува автобиографија, во која авторот се обидува на читателот да му ги пренеси најсилните моменти од својот живот, како шахист. Хронологијата на настаните е сочувана, па книгата започнува со почетна глава, во која авторот ги опишува своите најрани години како ученик и студент и неговите први шаховски чекори. Главите во продолжение, всушност претставуваат фази во животот на Левенфиш, кој на одличен начин ја избрал нивната должина.
Особено внимание е обрнато на главата посветена на достигнувањата на авторот во периодот од 1925 до 1936, во кој тој ги постигнал најдобрите своите резултати, кои вклучуваат победа на првенството на Советскиот Сојуз и други забележителни настапи на големите турнири.
Стил на пишување
уредиГригори Левенфиш важи за еден од најдобрите шаховски автори, а делото „Избрани партии и спомени“ е едно од најголемите негови дела, па стилот на пишување е на многу високо ниво. Содржината е поделена на глави, кои претставуваат фази од животот на авторот. Силните натпревари на коишто играл авторот се наведени како наслови во секоја глава, во чии рамки е извршена анализа на предавањата. Од техничка гледна точка, секоја партија е претставена на дијаграм, на кој обично се претставени критичните позиции во партиите.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 21 февруари 2009 г.