Идеите зад шаховските отворања

Идеите зад шаховските отворања е шаховска книга од познатиот американски велемајстор Рубен Фајн. Содржината на книгата се однесува на отворањата и суштината на многубројните варијанти, како и толкување на влијанието на овие варијанти во развојот на играта во понатамошната фаза. Делото е одличен пример за започнување на шаховската партија, а истото им служело на многу познати шахисти. Книгата е напишана на англиски јазик во 1943 година.

Идеите зад шаховските отворања
Корица на книгата
АвторРубен Фајн
Изворен насловThe Ideas behind the Chess Openings
Земја САД
Јазиканглиски

Содржина

уреди

Ова дело е целосно посветено на играта во почетната фаза во партијата, па и неговата содржина се однесува на различните видови на отворања. Делото содржи осум глави, од кои првата, која е насловена Главни принципи се однесува на теоретските поимања на создавањето, развојот и одржувањето на стратегијата во отворањето од партијата, претставени преку неколку принципи кои секој шахист треба да гима предвид за време на партијата. Останатите седум глави се однесуваат на конкретни шаховски отворања, кои се поделени во неколку поголеми групи.

Во продолжение се именувани сите осум глави во книгата:

  • Глава I - Главни принципи
  • Глава II - Отворања со кралски пешак[а]
  • Глава III - Отворања со кралски пешак[б]
  • Глава IV - Отворања со дамсики пешак[в]
  • Глава V - Отворања со дамски пешак[г]
  • Глава VI - Ретиево и англиско отворање
  • Глава VII - Бердово отворање и Нимцовичов напад
  • Глава VIII - Незакономерни отворања

Стил на пишување

уреди

Како и во останатите дела на Фајн, и во делото „Идеите зад шаховските отворања“ забележителна е употребата на описниот запис, наместо стандардниот шаховски запис. Од техничка гледна точка, секоја глава е поделена на подглави, кои обично ги претставуваат отворањата кои настануваат со одиграните потези. Делото не изобилува со претставување на најголемиот дел на варијантите на шаховски дијаграми, но сепак содржи неколку на кои се претставени основниот распоред на фигурите во отворањето или некоја критична позиција, која нуди повеќе можни алтернативи.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  • а Во оваа глава се опфатени сите отворања кои настануваат по потезите: 1.е4 е5.
  • б Во оваа глава се опфатени сите отворања кои настануваат, кога по потегот 1.е4, црниот возвраќа со било кој потег освен со потегот 1...е5.
  • в Во оваа глава се опфатени сите отворања кои настануваат по потезите: 1.d4 d5.
  • г Во оваа глава се опфатени сите отворања кои настануваат, кога по потегот 1.d4, црниот возвраќа со било кој потег освен со потегот 1...d5.