200 отворени партии

200 отворени партии е шаховска книга од советскиот и руски велемајстор Давид Бронштајн. Делото претставува збирка на партии, за кое и самиот автор вели дека не претставува ниту учебник, ниту енциклопедија на шаховските отворања, туку има за цел да покаже поголем број на партии со различни планови. Анализите на партиите се поткрепени со клучните цели кои треба да ги остварат двете страни во отворањето. Книгата е напишана на руски јазик, а првото издание било издадено во 1970 година.

200 отворени партии
Корицата на книгата
АвторДавид Бронштајн
Изворен наслов200 открытых партий
ЗемјаСССР СССР
Јазикруски

Содржина уреди

Делото се состои од анализа на шаховски партии, кои започнуваат со потезите 1.е4 е5. Од овие партии околу 80% се отворени позиции. На анализата на партиите, кои се распоредени по различни отворања и претходи краток воведен дел.

Во воведниот дел, авторот го запознава читателот со размислувањата пред почетокот на партијата и основната идеја како истата да се започне и како да се изгради првиот напад. Во продожение од воведот, споредбено е претставен приказ на главните цели за белиот и за црниот во отворените партии. Така, меѓу главните цели на белиот се вбројуваат: напад на пунктот f7, заземање на дијагоналите с4-f7 и h5-f7, контрола на полето е5, создавање на силен пешачки центар, отворање на линиите „е“ и „f“, максимална контрола на полето d5 и овозможување на маневарот на коњот од b1 преку с3 до d5 и др.; додека за црфниот се препорачува: заштита на пунктот f7, преземање на дијагоналата е6-с4, контрола на полето h5 од заземање од страна на противничката дама, контрола на активностите на коњот на g1, силна заштита на пешакот на е5, борба за полето d5, внимателно набљудување на активните фигури на дамските крила на обете страни и др.

Партиите коишто се анализирани се поделени според отворањето со кое се започнати. Во сите партии еден од противниците бил самиот автор, што укажува на периодот кога тие биле одиграни, а секоја партија е насловена според некој историски настан, според противникот или според карактерот и содржината на партијата. Некои отворања се претставени со повеќе партии, но понатамошниот развој и комбинациските замисли во ваквите партии се различни. На крајот од книгата е прикажан список на противниците во анализираните партии и бројот на партии во кои секој од нив се јавува. Според тоа, Паул Керес се јавува во дури 7, а Борислав Ивков во 6 партии. Од партиите против светските прваци, наведени се партии против Ботвиник, Смислов и Петросјан, кои до издавањето на книгата ја поседувале титулата и против Фишер кој станал светски првак подоцна. Против Петросјан и Фишер се наведени само по една партија, што како што вели самиот Борнштајн се должи на затворените отворања кои ги играле овие двајца шахисти.

Стил на пишување уреди

Концептот и содржината на делото, како и соодветниот стил на изразување го прави делото достапно за сите категории на шахисти, од почетници до велемајстори. Партиите кои се анализирани всушност претставуваат поткрепа на различните отворања, па така најпрвин е направена анализа на карактерот на основната позиција на секое отворање. Партиите, сликовиот се опишани со дијаграми на кои е претставена критичната позиција во екоја партија, од којашто започнува анализата. На крајот од анализата на партијата се наведени сите потези во партијата. Уште при создавањето на книгата, авторот користел алгебарска шаховска нотација.

Надворешни врски уреди