Стратегија и тактика во шахот
Стратегија и тактика во шахот е шаховска книга, дело на советскиот шахист Георги Лисицин. Ова дело е едно од најобемните шаховски книги, која некогаш е напишана. Книгата многу богато ги илустрира тактичките и стратешки согледувања на различните позиции во една шаховска партија, а во него се дадени и методолошки совети и одговори на најзначајните прашања поврзани со шаховската борба. Содржината е објаснета со помош на извадоци од најдобрите партии, кои биле одиграни во првата половина на 20. век. Книгата е напишана на руски јазик во 1952 година.
Корицата на книгата | |
Автор | Петар Романовски |
---|---|
Изворен наслов | Стратегия и тактика шахматного искусства |
Земја | СССР |
Јазик | руски |
Содржина
уредиДелото е поделено на 4 глави, а пред нив во неколку подглви се дадени неколку методолошки совети и се разгледани општите прашања на шаховската борба, кои се дел од истоимените предглави. Четирите глави, кои се содржани во делото се обемни, со голем број на подглави, кои се илустративни и градирани, почнувајќи со поедноставни, па сè до посложени елементи и комбинации.
Првата глава носи наслов „Елементи на тактиката и прости комбинации“. Во неа, со помош на извадоци од велемајсторски партии е извршена анализа на најосновните елементи во шахот, како што се двојниот удар, откжриениот шах, врзувањето, жртвите и др. Комбинациите кои се анализирани се едноставни, полесно забележливи и тие ја содржат суштината на значењето на комбинацијата во играта.
Во втората глава („Сложени комбинации“) се приоѓа на анализа на развојот на шаховската партија од пореални и поверојатни аспекти. Можеби, според насловите на подглавите, оваа глава е исто тема како и првата, но анализата на истите елементи е на многу повисоко ниво и во многу посложени позиции.
Третата глава, која е насловена „Основи на стратегијата“ целосно е посветена на стратешките елементи во шахот. Содржината на оваа глава е одлично поделена на подглави во кои најпрвин е извршена анализа на положбата на секоја фигура пооделно, и тоа во различни позиции и степени на развој на една шаховска партија. Во оваа глава се анализирани и мобилизацијата на фигурите и размената, при што е обрнето внимание на карактерот на позицијата, која е условена од значењето на овие два елемента.
Како што во првите 3 глави се објаснети разичните аспекти на развојот на шаховската игра и значењето на секој елемент пооделно, при што синтетички се овозможува да се сфати суштината на начинот да се дојде до предност, четвратта глава е сконцентрирана на реализација на достигнатата предност во играта. Ова може да се заклучи и од насловот на оваа глава („Реализација на достигнатата предност. Спроведување на стратешки план“), а од поднасловите може подробно да се воочи суштината на потребните технички познавања во понатамошниот дел од играта. Оваа глава ги содржи завршните планови, напади и удари во играта, со полза на елементите кои се подробно објаснети во претходните глави.
Стил на пишување
уредиОва дело е редок примерок на обемно, но илустративно и корисно дело. И покрај неговата големина, тоа не содржи непотребни факти, туку напротив, во него темелно се разработени основите на тактиката и стратегијата во различни степени на развојот на шаховската игра, но и на различни степени на шаховско познавање. Делото изобилува со одличен распоред на деловитево содржината, а пристојните анализи се поткрепени со потребниот висок шаховски стил на изразување и честите дијаграми, на кои се претставени критичните позиции кои се анализираат.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат Архивирано на 6 декември 2008 г.