Мачешка фуга
Фуга во ге-мол (K. 30, L. 499) — соната за чембало од Доменико Скарлати со еден став, популарно наречена Мачешка фуга.
За прекарот
уредиКомпозицијата не го добила својот прекар пред XIX век и затоа самиот композитор така никогаш не ја нарекувал. Приказната за прекарот доаѓа од една случка која го навела композиторот на зачудувачки необичен мотив врз основа на кој е компонирана фугата. Според преданието Скарлати имал мачка по име Пулчинела, која според самиот тој, многу сакала да шета по клавијатурата (чембалото) бидејќи многу ја интересирале звуците.
По една прилика мачката прошетала по клавијатурата и Скарлати ја запишал фразата која излегла од таа „импровизација“, подоцна употребувајќи ја како водечки мотив во оваа фуга:
Прекарот почнал да се употребува на концертните програми во XIX век, а и во изданијата на Клементи, Черни и Лонго.[1]
Влијание
уредиКк. 30 била издадена во Лондон во 1739. Хендл, познат по повторното искористување на своите и туѓи дела, ги компознирал своите Големи Концерти (Concerti Grossi) Оп. 6 помеѓу крајот на септември и крајот на октомври 1739 и чудните надолни интервали во вториот став Бр. 3 потсеќаат на Мачешката фуга.[2]
Изведби
уредиКк. 30 отсекогаш уживала популарност. Франц Лист — кој дознал за делото од римскиот колекционер на партитури Абе Сантини — ја приклучил кон својата програма во Берлин во раните 1840-ти; ја има изведувано и Игнац Мошелес; двајцата ја изведувале под името Мачешка фуга
Наводи
уреди- ↑ Книшка во ЦД комплетот Scarlatti: The Keyboard Sonatas во изведба на Скот Рос; стр. 143
- ↑ Simon P. Keefe, The Cambridge Companion to the Concerto, стр. 63. Cambridge University Press, 2005. ISBN 0-521-83483-X.
Надворешни врски
уреди- Партитура за фугата[мртва врска] (англиски)