Несоница — недоволно спиење. Тоа е поделено според типот и времетраењето на нарушувањето при спиењето. Несоницата е поделена на:

  • проблеми пред спиење (несоница на почетокот на спиењето)
  • често и постојано будење (спиење одржување тешкотии)
  • постојана поспаност и покрај адекватна должината на спиењето (неодморливо спиење)

Видови несоница по времетраењето

уреди

Минлива несоница

уреди

Минливата несоница е несоница што трае од еден до неколку дена (во една епизода). Таа обично е резултат на стрес или промена на работни планови или на животната средина, како што се промени во часовни појаси кога се патува.

Краткорочна несоница

уреди

Краткорочната несоница трае од неколку дена до три недели. Нарушувањето со такво траење обично е предизвикано од продолжен стрес, како што се закрепнување од операција или краткорочни болест, по тешко испитување, смртта на некој близок, со почеток со работа на ново и поодговорно работно место итн.

Долгорочна несоница

уреди

Долгорочната несоница трае со месеци или години и е обично одраз на психијатриски или долгорочни здравствени нарушувања, дрога или основни нарушувања при спиењето. Долгорочна несоница може да биде трајна или модификации на епизоди од несоница и нормално спиење. Неколку ноќи на недоволно спиење, обично предизвикано од стрес или возбуда, е заедничка и честа, која не остава трајни последици врз луѓето. Долгорочната несоница, сепак, има значителни негативни последици во форма на неспособност за вршење на секојдневните обврски, промена на расположението, нарушување на семејните врски и го зголемуваат ризикот од повреди предизвикани од намалена дневна грижа и внимателност поради поспаност.

Видови несоница според причината

уреди

Долгорочни несоница

уреди

Долгорочна несоница е нарушување на овој тип на однесување при кое пациентите се преокупирани со исчекување, па поради тоа не можат да спијат. Пореметувањето при спиењето обично започнува како резултат на емоционален стрес и продолжува долго откако стресниот период завршил. Луѓе кои страдаат од ова нарушување се премногу зафатени со продолжување на напорите да заспие и оваа несоница е, затоа, условен или научен одговор. Лицата со ова нарушување полесно заспиваат во времето кога не се обидуваат да спијат, особено кога се надвор од куќата. Кај овие пациенти изразени се потешкотии при сонувањето како и често будење во кошмар. Третманот е обично корисни вежби за релаксација кај лица кои имаат изразена силна физичка напнатост. Во почетокот на лекувањето може да се користат леково за помагање во заспивањето, но само привремено.

Надворешна несоница

уреди

Надворешните фактори може да предизвикаат несоница. Адаптивните нарушувања при спиењето, кои се нарекуваат привремена несоница предизвикана од околината може да се случи по промената на средината во која спиеме (на пример, спиење во хотел или болнички кревет) и пред или по важен настан во животот, како што се промена на професија, загуба на некој близок, болест или стрес поради роковите на работа или испитување на важен настан што ги очекуваме за (свадба, првото возење со авион, патување). Ова нарушување може да се изрази како тешко спиење, често будење или будење во раните утрински часови. Закрепнувањето е обично многу брзо и настанува по 2-3 недели.

Неадекватна хигиена при спиењето

уреди

Неадекватна хигиена при спиењето се однесува на несоодветното однесување пред спиење и/или средина кој е неповолна за спиење. На пример, некои пациенти се обидуваат да спијат пред телевизор, кој го оставаат вклучен во текот на ноќта, или се обидуваат да заспијат веднаш по пристигнувањето дома од работа, на полноќ. Бучавата и/или светлината може да влијае на неможноста да се спие, а исто така и партнер со кого сте легнати кој во текот на спиењето повремено ви ги гмечи нозете или тело, или ако 'рчи гласно.

Часовници на кои им светат стрелките или бројките, можат да го разбудат пациентот и да му ја зголемат нервозата, поради тоа што пациентот гледа како минува времето, доцна е, а тој/таа не може да заспие. Различните лекарства, обилното јадење, напорното вежбање или туширањето со жешка вода непосредно пред спиење, можат да пречат при заспивањето.

Лицата со вакво пореметување при спиењето треба да развијат ритуали на опуштање пред спиење и да одржуваат релаксирачка околина за спиење. Исто така времето за будење треба да биде исто. Треба да се избегнува нередовното заминување на спиење, а времето поминато во кревет треба да се ограничи само на времето кога се спие.

Несоница поради надморска височина

уреди

Престојувањето на големи надморски височини обично е поврзано со нарушувања при спиењето. Најчесто растројство е т.н. периодично дишење, за што е одговорно намалувањето на концентрацијата на кислород на големи надморски височини. Честите будења и слабиот квалитет на спиење се типични за овој вид на несоница, која обично е најтешка првите неколку дена, но ваквата состојба може да трае. Одредени видови на лекови може да помогнат во спречувањето на појавата на несоницата поради надморска височина.

Несоницата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 26-27.
  2. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 288.
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 118.
  4. IMDb, Insomnia (1997) (пристапено на 9.4.2017)
  5. IMDb, Insomnia (2002) (пристапено на 9.4.2017)