Портал:Архитектура/Избрана статија/2008
Избрани статии во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со архитектура кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.
Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.
Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.
Камин — архитектонски елемент кој се состои од место во кое се наоѓа оган, обично за огрев но понекогаш и за готвење. Местото во кое седи оганот се нарекува ложиште; за издув на гасови се користи оџак или друг пламеник. Додека највеќето камини се направени за соби, има и т.н. надворешни камини за вечерна топлина, готвење на отворено или за украсни цели. Во поладни клими низ светот, каминот или огништето отсекогаш биле централен елемент во домаќинствата, бидејќи на луѓето им дава топлина и опстанок низ зимата. Чувството на директна топлина, како и хипнотичните јазици на дрвениот оган, даваат пријатна атмосфера во ладни услови и денес. Прочитајте повеќе
Четири книги за архитектурата — дело издадено во 1570, во четири тома, чиј автор е Андреја Паладио (1508-1580), кој е творецот на архитектонскиот правец наречен паладијанска архитектура. Четири книги за архитектурата е трактат на тема архитектура. Тука Паладио ги изложува своите нацрти кои зборуваат за чистината и едноставноста на класичната архитектура, илустрирана од самиот архитект. на англиски книгата за прв пат е издадена во Лондон во 1715. Јаснотијата на книгите инспирирале многу патрони и други архитекти. Паладијанската архитектура станала мошне популарна ширум Европа и до XVIII век се проширила и во Северна Америка. Томас Џеферсон, тогашен претседател на САД, бил обожавател на Паладио и еднаш рекол за книгата дека е „Библија“. Четирите книги му послужиле за сопственото дело како архитект на Монтичело при Вирџинискиот универзитет. Прочитајте повеќе
Фахверк — начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелтот како Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и други. Примери на полудрвена градба во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во средновековна и ранонововековна Англија, Германија и делови од Франција во локалитети каде што дрвото изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата. Прочитајте повеќе
Архитектонски поредок — систем од повеќе антички начини на градење кој се одликувал со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните столбови и капители. Секој стил си има своја соодветен перваз, кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Од 16-тиот век, па наваму, теоретичарите распознаваат пет реда. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: Тоскански (римски) и Дорски (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); Јонски (грчка варијанта) и Јонски (римска варијанта); Коринтски (грчки и римски) и Сложен (римски). Првичните антички архитектонски редови се само три, Дорскиот, Јонскиот и Коринтскиот и биле измислени од грците. На овие римјаните им природале два, Тосканскиот, кој е попрост од Дорскиот, и Сложениот, кој е поорнаментален, ако не и поубав, отколку Коринтскиот. Меѓутоа само првите три реда се одликуваат со вистинска инвентивност и особен карактер, и темелно се разликуваат еден од друг; другите два се одликуваат со позајмени елементи и меѓусебно се резликуваат само случајно. Прочитајте повеќе
|