Портал:Архитектура/Избрана статија/2008/декември
Камин — архитектонски елемент кој се состои од место во кое се наоѓа оган, обично за огрев но понекогаш и за готвење. Местото во кое седи оганот се нарекува ложиште; за издув на гасови се користи оџак или друг пламеник. Додека највеќето камини се направени за соби, има и т.н. надворешни камини за вечерна топлина, готвење на отворено или за украсни цели.
Во поладни клими низ светот, каминот или огништето отсекогаш биле централен елемент во домаќинствата, бидејќи на луѓето им дава топлина и опстанок низ зимата. Чувството на директна топлина, како и хипнотичните јазици на дрвениот оган, даваат пријатна атмосфера во ладни услови и денес. Прочитајте повеќе