Стерлингова награда
Стерлингова награда (англ. Stirling Prize) — британска награда, која се доделува за достигнувања во архитектурата. Наградата, името го добила по архитектот Џејмс Стерлинг и се доделува еднаш годишно од страна на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA). Стерлинговата нагарада, официјално се доделува на „архитектите на градби, кои го имаат направено наголемиот придонес во британската архитектура во изминатата година“. Архитектите мора бидат членови на RIBA, а градбата може да биде каде било во Европската унија. Добитниците на наградата добиваат и стипендија, во износ од £ 20.000.
Доделувањето на наградата е воведено во 1996 година и се смета за најпрестижна архитектонска награда во Обединетото кралство. Таа се доделува како еквивалент во областа на архитектурата на Букеровата и Тарнеровата награда. Церемонијата на доделување на наградата се емитува на Channel 4, а спонзор е списанието Architects' Journal. Шест градби се избирааат во конкуренција на поголем број на градби, кои ја имаат добиено RIBA наградата. Оваа награда се доделува за градби кои прикажуваат „високи архитектонски стандарди и суштински придонес во локалната околина“. Во 2003, дури 70 вакви градби ја добија RIBA наградата.
Освен Стерлинговата награда, при нејзиното доделувње се доделуваат уште 7 други награди.
Лауреати
уредиКако „Градба на годината.“
- 1987: Сиропиталиште Сент Едвардс, Џејн Дарбишир[1]
- 1991: Основно училиште Вудли, Нев Черчер[2]
- 1993: Галерии Саклер, Норман Фостер[3]
- 1994: Меѓународна железничка станица „Вотерлу“
- 1995: Стадион МекАлпајн, Хадерсфилд
Година | Лауреат | Дело | ||
---|---|---|---|---|
1996 | Стивен Ходер | Зграда на стогодишнината („Центенари“), Солфордски универзитет, Солфорд | ||
1997 | Џејмс Стерлинг, Мајкл Вилфорд и др. учесници | Музичко училиште, Штутгарт | ||
1998 | Foster and Partners | Музеј на американското воздухопловство, Империјален воен музеј, Даксфорд |
||
1999 | Future Systems | Медиумски центар на Лордс, Лондон | ||
2000 | Alsop & Störmer | Пекамска библиотека, Лондон | ||
2001 | Wilkinson Eyre | Центар „Магна“, Ротердам |
||
2002 | Wilkinson Eyre и Gifford | Милениумски мост, Гејтсхед | ||
2003 | Herzog & de Meuron | Танцово улилиште „Лабан“, Детфорд, Лондон | ||
2004 | Foster and Partners | „Корнишон“ (30 St Mary Axe), Лондон | ||
2005 | EMBT и RMJM | Зграда на Шкотскиот парламент, Единбург | ||
2006 | Rogers Stirk Harbour + Partners | Терминал 4 на мадридскиот аеродром „Барахас“ Мадрид | ||
2007 | Дејвид Чиперфилд | Книжевен музеј на модерната, Марбах на Некар, Германија | ||
2008 | Feilden Clegg Bradley Studios, Alison Brooks Architects и Maccreanor Lavington |
Станбен комплекс „Акордија“ Кембриџ | ||
2009 | Rogers Stirk Harbour + Partners[4] | Центар за нега „Мегис“, Лондон | ||
2010 | Заха Хадид[5] | Национален музеј на уметноста на XXI век (MAXXI), Рим | ||
2011 | Заха Хадид[6] | Академија „Ивлин Грејс“, Лондон |
||
2012 | Стентон Вилијамс[7] | Лабораторија „Сејнсбери“, Кембрички универзитет, Кембриџ, Англија | ||
2013 | Witherford Watson Mann Architects[8] | Замок Астли, Нанитон |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ The Houghton Mifflin dictionary of biography, стр .400
- ↑ The Architects' journal, том 207, стр .32
- ↑ Peter Murray and Robert Maxwell, Contemporary British architects, стр .175
- ↑ Извештај за печат 2009 - Центар „Мегис“ Архивирано на 6 април 2013 г. (англиски)
- ↑ Хиткот, Едвин (3 октомври 2010). „Хадид конечно ја освои Стерлинговата награда“. Financial Times. Посетено на 3 октомври 2010. (англиски)
- ↑ Daily Telegraph, 2 октомври 2011
- ↑ Youngs, Ian. „Sainsbury Laboratory wins Stirling architecture prize“. BBC. Посетено на 14 October 2012.
- ↑ „Astley Castle wins Riba Stirling Prize for architecture“. BBC News. 26 September 2013. Посетено на 26 September 2013.
Надворешни врски
уреди- RIBA - Стерлингова награда[мртва врска] (англиски)
- Channel 4 - Градба на годината (англиски)