Портал:Архитектура/Избрана статија/2010
Избрани статии во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со архитектура кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.
Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.
Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.
Ренесансна архитектура — архитектонски стил развиен во периодот меѓу раниот 15 век и 17 век во различни региони на Европа, во која имало свесно заживување и развој на одредени елементи од грчката античка и римска мисла. Стилски, ренесансната архитектура ја следи готската архитектура, а подоцна е наследена од барокната архитектура. Развиен во Фиренца со делата на Филипо Брунелески, кој се смета за еден од негоците зачетници, ренесансниот стил многу бргу се проширил и во другите италијански градови, а и низ другите земји. Ренесансниот стил го става акцентот на симетријата, пропорцијата, геометријата и регуларноста на деловите како што се покажани во архитектурата на античкото време, особено во античката Римска архитектура од која останале многу примери. Прочитајте повеќе
Ротонда — архитектонски елемент со кружен облик, чијшто врв е форма на конус. Може да биде изградена како посебна градба или како дел на поголема градба. Големината на ротондата може да се разликува од помала до монументална, а истата може да биде црковна или за секојдневни намени. Употребата на ротондата како архитектонски елемент е карактеристична во развојот на речиси сите архитектонски стилови. Внатрешноста, често, но не и неопходно е уредена со конхи и ниши, а покривот е во облик на купола. Како едноставни ротонди од античко време се сметтат моноптеросите и толосите, кои водат потекло од старогрчката и староримската архитектура. Оттогаш, ротондата е составен дел од многу градби изградени во било кој архитектонски стил. Прочитајте повеќе
Баухаус — училиште за архитектура и декоративна уметност, кое постоело од 1919 до 1933 година. Според видот и концепцијата, појавата на училииштето претставувало појава на нешто сосема ново, а денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил. Баухаус било основано во Вајмар од страна на Валтер Гропиус, а причина за основање на училиштето била идејата за создавање здружение на занаетчии-уметници, кои ќе бидат подучувани од уметници, со цел да се дојде до заедничко истражување во примената на новите техники, материјали и облици во архитектурата, производството на мебел и обликувањето на употребните предмети. Прочитајте повеќе
Купола — архитектонски елемент, кој има облик сличен на полутопка или некое друго заоблено геометриско тело (елипсоид, параболоид и сл. Купоата претставува подвижен елемент, кој служи како покрив, за кој не е потребна дополнителна поддршка, а најчесто се изработува од камен или цигла, а во поново време и од бетон и метал. Појавата на првите куполите се поврзува со римската архитектонска револуција, кога куполите биле употребувани како покриви на храмовите и другите јавни градби. Во многу ренесансни и барокни градби, биле градени помали купли, кои всушност претставувале покриви на кулите околу градбата и не служеле само за примање на повеќе светлина и вентилација на воздухот, туку и како украси околу главната купола на градбата. Прочитајте повеќе
Мебел — збирен поим за подвижни предмети кои го поддржуваат човечкото тело (мебел за седење и кревети), служат за остава или држан предмети на хоризонтални површини над земја. Мебелот за остава (кој чсто користи врати, фиоки и полици) се користи за чување на помали предмети како облека, алат, книги и домашни добра. Мебелот може да биде уметнички дизајниран, при што се смета за дел од декоративната уметност. Покрај функционалната улога на мебелот, тој може да игра и симболичка или религиозна улога. Домашниот мебел, заедно со другата покуќнина како часовниците и осветлувањето дава удобност во просторот. Мебелот може да биде направен од најразлични материјали како метал, пластика или дрво. Занаетот кој се занимава со изработкa на мебел се нарекува столарство. Прочитајте повеќе
Шанец — вештачки канал околу некоја градба со значење и речиси секогаш служи за спречување на пристапот кон таа градба. Тие нашле широка примена кај замоците, но и кај разни други градби. Шанецот претставува широк и длабок ров, чијашто основна улога била да се оневозможи пристап до градбата, којашто шанецот ја опкружувал. Некои шанци биле празни, а некои исполнети со вода. најчесто премостувањето на шанците се вршело со изградба на дрвени мостови, кои лесно можеле да се расклопат во случај на опасност. Некои податоци тврдат дека шанци имало уште пред новата ера, но нивната масовна изградба започнала во средниот век во Европа. Сепак, овој вид на утврдување се среќава и околу некои познати градби во Азија и помалку во Северна Америка. Денес, шанците се употребуваат за бројни други намени. Урбанизам — дисциплина која се занимава со решавање на задачите од областа на планирањето и уредувањето на населените места. Етимолошкиот корен на зборот урбанизам доаѓа од латинскиот збор urbs (македонски: град). Главни задачи на урбанизмот се создавање и одржување на ред и структура во населените места, како и обезбедување на систематски и координиран развој. Задачите на урбанизмот опфаќаат сложен комплекс од социјални, економски, инженерски, архитектонски, правни и проблеми поврзани со животната средина. Првите обиди да се воспостави некаков ред во планирањето и градењето на населените места датираат уште од средината на 3. милениум п.н.е. во градовите на древните цивилизации кои се протегале подолината на реката Инд (2500-1500 п.н.е.). Сите овие градови имале правоаголна улична мрежа како и отворени пространства (плоштади). Прочитајте повеќе
Романска архитектура — архитектонски стил кој се развил во средновековна Европа и се одликува со својот масовен квалитет, дебели ѕидови, кружни куполи, сводови и високи кули. Стилот се појавил на почетокот на 12 век, а се развил истовремено со готскиот стил, кој пак се одликува со шилести куполи. И покрај тоа што не постои официјален период за започнувањето на овој стил, може да се каже дека се појавил, дури во периодот од 6. до 10 век. Во романската архитектура, секоја градба има своја определена симетрична форма. Во текот на периодот на развој на стилот биле изградени многу палати, цркви и други објекти. Прочитајте повеќе
Џамија — храм во кој муслиманите се собираат и извршуваат општа молитва. Џамијата може да се сретне во различни форми, а најчесто е во форма на коцка покриена со една или повеќе куполи. На некој од периметарските ѕидови се наоѓа едно или повеќе минариња. Низ историјата, обликот на џамиите и самата нејзина изработка се менувал, во зависност од културата, местоположбата или начинот на владеење на една империја, но секогаш основните елементи на џамијата биле зачувувани и претставувани. По 7 век, џамиите најчесто биле градени во формата на четириаголник, со внатрешен двор, вклучувајќи едно до две минариња (кула, од која мујезинот ги повикува верниците на молитва). Единствената џамија која се состои од 6 минариња е Султан Ахмедовата џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Прочитајте повеќе
Каријатида — скулптура со форма на жена, која во архитектурата се користи како столб, при што над главата на женската фигура се наоѓа первазот. Грчкиот Καρυάτις, во превод значи „девојка од Карјаи“. Во Карјаи се наоѓал познатиот храм, посветен на божицата Артемида, познат како Артемида Карјатис. Според Витрувиј, каријатидите биле жени од Карјаи, кои биле осудени на тешка работа за време на персиската инвазија на Грција, околу 480 г.п.н.е. За прв пат каријатидите се појавиле во три мали градби во Делфи од 6 век п.н.е., но нивната примена била карактеристична за многу архитектонски стилови во подоцнежниот развој на архитектурата. Прочитајте повеќе
Стерлингова награда — британска награда, која се доделува за достигнувања во архитектурата. Наградата, името го добила по архитектот Џејмс Стерлинг и се доделува еднаш годишно од страна на Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA). Стерлинговата нагарада, официјално се доделува на „архитектите на градби, кои го имаат направено наголемиот придонес во британската архитектура во изминатата година“. Архитектите мора бидат членови на RIBA, а градбата може да биде каде било во Европската унија. Добитниците на наградата добиваат и стипендија, во износ од £ 20.000. Шест градби се избирааат во конкуренција на поголем број на градби, кои ја имаат добиено RIBA наградата. Оваа награда се доделува за градби кои прикажуваат „високи архитектонски стандарди и суштински придонес во локалната околина“. Во 2003, дури 70 вакви градби ја добија RIBA наградата. Прочитајте повеќе
Архитектурата на Истанбул претставува комбинација на многу архитектонски стилови и архитектонски елементи, кои биле карактеристични за радот низ историјата. Градот на некој начин бил опколен со ѕидините на Константинопол, кои биле изградени од царот Константин Велики, со цел да се заштити градот од можни инвазии. Архитектурата во градот содржи градби, статуи и други конструкции, а за тоа сведочат и бројните староегипетски, старогрчки, византиски, џеновски, отомански и современи турски извори.. Како резултат на тоа, постојат многу историски џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Некои од овие историски градби, денеска го претставуваат срцето на градот и истите се најголемите туристички атракции на современа Турција. Прочитајте повеќе
|