Димник

(Пренасочено од Оџак)

Димник[1][2] или оџак[3][4] — дел од куќа, зграда или индустриски објект наменет за отстранување на чад или гасови произведени со согорување. На индустриски објекти, оџакот обично се нарекува индустриски оџак.

Оџаци во Англија
Индустриски оџак
Димниците на РЕК Битола

Димникот може да биде направен од тули (ѕидарски) или од бетонски цевки или од цевки од некој друг материјал.

Во македонскиот јазик наместо зборот димник се користи зборот оџак што доаѓа од турскиот јазик.

Историја

уреди

Во најстарите куќи чадот од огништето се одведувал низ покривниот простор. Во 15 век се појавиле оџаци кои се издигале над покривите и го одведувале чадот вон куќите. Првите оџаци биле дрвени, односно од дрво и глина, но подоцна, главно поради заштита од пожари, димниците биле градени од тули.

Функции на оџакот

уреди

Димникот е првенствено наменет за отстранување на согорувањата или чадот од објектите. Се користи за печки, камини и други грејни објекти и дејствува како едноставна воздушна пумпа. Жешките согорувања имаат помала густина на воздухот и оџакот на нивно место вшмукува свеж воздух. Притисокот што го тера воздухот низ оџаците се нарекува „влечење на оџакот“ што зависи од неговата висина и димензиите на оџакот и затоа во индустријата оџаците со голем капацитет на погоните се високи.[5]

Висината на главата на оџакот (делот од оџакот над покривот) е дефинирана со прописи и е одредена така што капата на оџакот мора да биде на висина од 0,5 м над гребенот или на растојание од 1,5 м од наклонот на покривот.

Димниците можат да се користат и за вентилациони цели. Таквите димници се викаат вентилациони канали кои може да бидат опремени и со вентилатори особено кога не може да се гради доволно висок димник или вентилационен отвор со доволни пресеци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „димник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „димник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „оџак“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „оџак“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „Карактеристике инсталације димњака“.

Литература

уреди