Планинско седло
Седло — вдлабнато место на билото на една планина[1] или пак меѓу два рида или планини. Претставува подрачје околу највисоката и најниската точка на линијата која ја сврзува вододелницата (длапката) што ги сврзува возвишенијата. Кога е проодно, седлото е превој меѓу два масива, или најниската патека низ која се минува меѓу два врва.
Структурна геологија
уредиВо структурната геологија, седлото е вдлабнатината сместена долж осното протегање на една антиклинала.[2]
Математички седла
уредиСедлестата точка во математиката го добила името од дводимензионалниот прототипен пример чија површина се извива нагоре во еден працец, а надолу во друг, налик на јавачко седло или планински превој.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „седло“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Glossary of Structural Geology“. Посетено на 15 May 2016.
Оваа статија за топографски поим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |