Ристо Шанев
Ристо Шанев (5 март 1944, Поздивишта, Костурско, Егејска Македонија) — поет и писател. Основно образование завршува во родното село, а средно во Лерин. Од 1957 година го продолжува своето школување во Скопје, каде дипломира на Правниот факултет. Работи како правник.
Еден е од основачите на Млади македонски писатели, Млада Струга, како и на едицијата Алфа. Член е на ДПМ од 2000 година.
Книжевно творештво
уреди- Златниот прстен на сеќавањата (поезија, 1995)
- Далечини (поезија, 1996)
- Заеднички години (поезија, 1996)
- Враќање (поезија, 1997)
- Ноќ и ден во Канада (поезија, 1999)
Соавтор е на монографијата „Пождивишта“, Скопје, 1988.