Павле I (Русија)

(Пренасочено од Павел I)

Павле I Петрович (руски: Па́вел I Петро́вич) бил император на Русија во периодот од 1796 до 1801 од династијата Холштаин-Готорп-Романов. Павле станал император по смртта на својата мајка Екатерина II во ноември 1796 година. Во текот на првата година од своето владеење, тој поништил многу мерки кои биле донесени во времето на својата мајка. Армијата, која била испратена во борба против Иран била повторно вратена, а татко му Петар III, бил погребан во Петропавловската катедрала.

Павле I
Роден 1 октомври 1754
Санкт Петербург, Руска Империја
Починал 23 март 1801
Санкт Петербург, Русија

Животопис

уреди

Павле бил син на Петар III и Катерина Велика. По убивањето на својот сопруг, Катерина зборувала дека негов татко не бил Петар туку нејзиниот љубовник Сергеј Салтиков. Првите седум години од својот живот Павле ги поминал под контрола на кралица Елисавета. Односите со мајка му не му биле добри. Првата сопруга му починала при породувањето, а за вторпат се оженил во 1776 година со Софија Доротеј, која го добила руското име Марија. Во тоа време се зборувало дека неговата мајка сакала да го убие, како што направила и со неговиот татко.

Павле станал цар кога починала Катерина Велика на 5 ноември 1796 година. Се зборувало дека Катерина оставила тестамент според кој Павле бил исклучен од можните нејзини наследници и дека одредила цар да биде Александар I. Поради ова, Павле тргнал кон пронаоѓање на тестаментот и негово уништување. По крунисувањето за цар, еден од првите закони кои ги донел Павле било начинот околу наследувањето на престолот.

Во првите години од своето владеење поништил многу закони кои биле донесени од неговата мајка, а својот татко Петар III го погребал со големи почести, а исто така и ја сопрел подготовката за напад на Персија. По заземањето на Малта од страна на Наполеон Бонапарт, Малтешкиот ред свое живеалиште нашло во Русија.

Поради својата агресивна политика, тој стекнал многу непријатели. Против него била организирана завера од страна на гувернерот на Петербург, Петар Пален. Така, на 11 март 1801 година бил извршен атентат врз царот.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I  
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II  
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов  
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин