Зимски олимписки игри 1948
V Зимски олимписки игри - Санкт Мориц 1948 | |
Град домаќин | Санкт Мориц, Швајцарија |
Број на држави | 28 |
Број на спортисти | 669 (592 мажи и 77 жени) |
Број на спортови | 4 |
Број на натпревари | 22 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 8 февруари 1948 |
Стадион |
V Зимски олимписки игри се одржале од 30 јануари до 8 февруари 1948 година во Санкт Мориц, Швајцарија. Тоа биле вторите Олимписки игри во овој град, по Зимските олимписки игри 1928.
По паузата од 12 години на неодржување на Олимписките игри, поради Втората светска војна, Зимските олимписки игри доживеале нов почеток. Поради вмешаноста во војната, Германија и Јапонија добиле забрана да учествуваат на игрите.
Натпреварувачката програма, повторно содржела натпревари во скелетон, но по игрите, овој спорт не бил дел од олимиската програма, сè до Зимските олимпписки игри 2002.
Избор на град-домаќин
уредиГрадот Санкт Мориц бил избран за град-домаќин на игрите на седница на МОК, која се одржала во септември 1946 година. Поради кратката временска рамка, Организацискиот комитет на игрите, со подготовките започнал уште веднаш.[1] Со овој избор, Санкт Мориц станал првиот град во кој биле организирани Зимски олимписки игри по вторпат.
Краток преглед
уреди- Хенри Орејлер од Франција и Мартин Лундстром од Шведска биле единствените спортисти кои освоиле по два златни медали. Орејлер победил во алпските дисциплини спуст и комбинација, а освоил и бронза во слалом, додека Лундстром победил во скијачко трчање на 18 км, а освоил злато и како дел од националната штафета во трката 4х10 km.
- Во уметничко лизгање доминирале натпреварувачите од Северна Америка. Во женска конкуренција, победила Барбара Ен Скот од Канада, а во машка конкуренција Дик Батсон од САД.
- Натпреварувачите од Норвешка ги освоиле сите 3 златни медали во скијачки скокови.
Спортови
уредиНа игрите, биле доделени медали во 22 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле воената патрола (спорт сличен на биатлон) и зимскиот петобој (спорт кој се состои од алпско скијање, скијачко трчање, мечување, стрелаштво и коњички спорт).
Распоред на натпревари
уредиВо продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
● | Церемонија на отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | Вкупно | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Церемонии | ● | ● | |||||||||||
Боб | 1 | 1 | 2 | ||||||||||
Алпско скијање | 2 | 2 | 2 | 6 | |||||||||
Брзо лизгање | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | ||||||||
Нордиска комбинација | 1 | 1 | |||||||||||
Скијачко трчање | 1 | 1 | 1 | 3 | |||||||||
Скијачки скокови | 1 | 1 | |||||||||||
Скелетон | 1 | 1 | |||||||||||
Уметничко лизгање | 1 | 1 | 1 | 3 | |||||||||
Хокеј на мраз | 1 | 1 | |||||||||||
Вкупно | 3 | 2 | 3 | 2 | 4 | 3 | 2 | 2 | 1 | 22 |
Земји-учеснички
уредиНа игрите во Санкт Мориц во 1948 година учествувале вкупно 669 спортисти од 28 земји (на игрите во 1936, исто така учествувале спортисти од 28 земји)[2] За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Данска, Исланд, Јужна Кореја, Либан и Чиле.[3] Поради вмешаноста во Втората светска војна, на Германија и Јапонија не им било дозволено да учествуваат, а Естонија и Летонија биле анексирани кон Советскиот Сојуз во 1940 година и не учествувале како самостојни земји, сè до 1992 година. Аргентина се вратила на игрите по пропуштените игри во 1936, а Австралија и Луксембург, кои учествувале на игрите во 1936, не учествувале.
|
|
|
Освојувачи на медали
уредиВо табелата се дадени првите десет земји по бројот на освоени медлаи.[4]
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Норвешка | 4 | 3 | 3 | 10 |
Шведска | 4 | 3 | 3 | 10 | |
3 | Швајцарија | 3 | 4 | 3 | 10 |
4 | САД | 3 | 4 | 2 | 9 |
5 | Франција | 2 | 1 | 2 | 5 |
6 | Канада | 2 | 0 | 1 | 3 |
7 | Австрија | 1 | 3 | 4 | 8 |
8 | Финска | 1 | 3 | 2 | 6 |
9 | Белгија | 1 | 1 | 0 | 2 |
10 | Италија | 1 | 0 | 0 | 1 |
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворшни врски
уреди„Зимски олимписки игри 1948“ на Ризницата ? |
- Санкт Мориц 1948, МОК