ФК Колубара
ФК Колубара е фудбалски клуб од Лазаревац, Србија. Моментално се натпреварува во Суперлигата на Србија, најсилното фудбалско ниво во земјата.
Колубара | |||
---|---|---|---|
Основан | 1919 | ||
Локација | Лазаревац, Србија | ||
Стадион | Стадион ФК Колубара | ||
Капацитет | 2.360[1] | ||
Сопственик | Бојан Стевиќ | ||
Тренер | Дејан Ѓурѓевиќ | ||
Лига | Суперлига на Србија | ||
2021/22 | 10. | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Историја
уредиКолубара во текот на целите 70-ти години била постојан член на Српската републичка лига (3. ранг во СФРЈ) а првите значајни резултати ги постигнала во средината на 80-тите, поточно од 1983 до 1985 година, кога се натпреварувала во Втората сојузна лига на СФР Југославија. Во својата прва второлигашка сезона (1983-84) го освоила деветтото место, или завршила точно на средината на табелата во Втората лига Исток, но затоа веќе следната сезона (1984-85) завршила на последното место. До распаѓањето на СФРЈ во 1992 година останала во третото ниво, во Меѓурепубличката лига Север.
Во текот на последните три децении воглавно играла во вториот или третиот ранг на натпреварување. Деведесеттите години Колубара ги започнала во српската лига за во 1998 година да се пласира во Втората лига на СР Југославија и таму останала до 2002 година.
Својот најдобар резултат во националниот куп пак, клубот го достигнал во 2006 година, кога стигнал до полуфиналето на тогашниот Куп на Србија и Црна Гора. После три победи, Колубара била сопрена во полуфиналето од ОФК Белград со пораз од 4-1.
Во 2008 година, Колубара се вратила во Втората лига на Србија, завршувајќи на 11. место во сезоната 2008-2009. Сепак веќе следната сезона, Колубара била многу подобра и дошла блиску за прв историски пласман во елитната дивизија на Србија, но како резултат на поразот во последното коло од Телеоптик го загубила второто место кое носело директна промоција и завршила трета.
Во сезоната 2010-2011, клубот го освоил 15-тото место во Првата лига на Србија и требало је да испадне во понизок ранг, но после откажувањето на БАСК од играње во Суперлигата, тој клуб под казна бил префрлен во понизок ранг, а Колубара го потполнила неговото празно место во Првата лига после одлуката на Фудбалскиот сојуз на Србија.[2] Во сезону 2012-2013, Колубара завршила на претпоследното 17. место и испаднала во третото ниво, Српска лига Белград, но после само една сезона се вратила во Првата лига на Србија.
Во сезоната 2020-2021, Колубара го освоила второто место во Првата лига и за првпат во својата историји изборила промоција во Суперлигата на Србија.[3]
Стадион
уредиСтадионот на кој игра клубот се вика Стадион ФК Колубара и се наоѓа во Лазаревац. Стадион има капацитет од околу 2.500 гледачи. Во текот на 2019 година, стадионот добил расвета по стандардите на УЕФА, со рефлектори од 1.500 лукса, а средствата се обезбеде ни со помош на Градот Белград.[4] Пред тоа биле поставени стадионски столчиња на трибините, па капацитетот на овој спортски објект моментално е 2.500 седечки места.[5]
Познати поранешни играчи
уредиНаводи
уреди- ↑ „ФК Колубара“. Посетено на 1. мај 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ За две године рефлектори услов за такмичење, www.sportal.rs Архивирано на 21 јули 2011 г., Посетено на 27. 4. 2013.
- ↑ „Kolubara u Superligi prvi put posle 102 godine“. www.b92.net. Посетено на 19 мај 2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Stadion FK Kolubara dobio rasvetu po UEFA standardima“. Б92. 19 мај 2019. Посетено на 28 јули 2020.
- ↑ „Novi izgled stadiona FK „Kolubara" u Lazarevcu“. fsb.org.rs. 6 ноември 2015. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 28 јули 2020.
Надворешни врски
уреди- Официјален сајт на ФК Колубара
- Резултати на ФК Колубара на srbijasport.net