Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

национална библиотека на Македонија
(Пренасочено од НУБ Св. Климент Охридски)

Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (порано: „Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“), скрат. НУБ „Св. Климент Охридски“ или НУБСКнационална библиотека на Република Македонија и универзитетска библиотека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај ова, од 1960 наваму, таа е водечки извор на материјали во истражната дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на Македонија.[4]. Фондот со кој располага НУБСК брои над 3 милиони единици.[5]

Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Зградата на НУБСК во Скопје
Карта
ЗемјаМакедонија
Типнационална, академска
Основана23 ноември 1944; пред 80 години (1944-11-23)
Законски налогЗакон за библиотеките [1]
МестоСкопје
Координати41°59′52.6″N 21°26′22.4″E / 41.997944° СГШ; 21.439556° ИГД / 41.997944; 21.439556
Фонд
Збирка накниги, ракописи, периодика, карти, партитури, снимки, ликовни дела, разгледници, микрофилм и др.
Обем3 милиони
Задолж. примероцида[2]
Пристап и употреба
Услов за членствожители на Скопје на возраст од барем 16 г.[3]
Други информации
ДиректорЈовица Никчевски
Службена страницаnubsk.edu.mk
Карта


Библиотеката го носи името на големиот сесловенски просветител Свети Климент Охридски (840-916). Меѓу нејзините дејности се вбројува комплетирање и обработка на библиотечен материјал, библиографска дејност, информациска дејност, чување, заштита и конзервација на библиотечен материјал, образовна дејност и меѓународна соработка[6].

Историја

уреди

Библиотеката е формирана на 23 ноември 1944 г. со одлука на АСНОМ како „Народна библиотека“ и сместена во просториите на Централната библиотека на предвоениот Филозофски факултет во Скопје, основана во 1920 г. како прва универзитетска библиотека во Македонија. Првичниот наследен фонд изнесувал околу 150 000 единици, а библиотеката имала 50 читателски места и дванаесет вработени[7].

 
Стариот Филозофски факултет во Скопје (1920-ти)

Во 1945 било решено за доставување на задолжителен примерок од македонската издаваштво, со што библиотеката станала национална депозитна библиотека на тогашната Народна Република Македонија. Покрај основната функција на национална библиотека, НУБ била дефинирана како општонаучната и универзитетска библиотека за Универзитетот “Кирил и Методиј” од Скопје, што било формално санкционирано со Законот за библиотеките во НР Македонија од 1960 година.

Во 1952 година, библиотеката ја добила целата зграда на дотогашниот филозофски факултет, со што нејзините капацитети се прошириле и се отвориле нови служби: подготовка на македонската национална библиографија (1949), книговрзница за заштита на фондот (1953) и библиотечен центар/матична служба (1954). Во 1958 година, таа го добила името „Народна и универзитетска библиотека“[5], а со републичкиот Закон за библиотеките од 1960 година, таа ја добила функцијата на централна и матична библиотека на СРМ.

Во земјотресот од 1963 зградата на НУБСК била целосно урната, со што тешко настрадал и нејзиниот фонд (500 000 единици). По спасувањето на фондот, библиотечните единици биле привремено преселени во Даут-пашиниот амам, а во 1964 година во наменски монтажни објекти сè до преселувањето во новата зграда која била свечено отворена на 27 декември 1971 година.[8]

Во наредниот период биле созадени посебните фондови (збирки) како микрофилмската лабораторија (1966) и лабораторијата за конзервација и реставрација (1970). Во 1966 година се формирала и посебна служба за библиографски информации која подоцна, во 1976 година, прераснала во Реферален центар, каде што отпочнале првите активности за автоматизација на библиотечното работење.

Збирки

уреди

Посебните збирки на библиотеката се одделени по тематика.[9] Тука се вбројуваат следниве збирки: Археографија, Музичка уметност, Ориентални ракописи и ретки публикации, Ликовна збирка, Картографија, Дробен печат, Разгледници, Ретка периодика, Микорофилмска збирка, Архивски примерок, Докторски дисертации и магистерски тези, Извештаи од научно-истражувачки проекти и Германската читалница.

Служби

уреди
 
Новиот дел од Библиотеката

Во библиотеката работат голем број служби, секоја задолжена за извесен аспект од работењето на институцијата:[10]

  • Прием на задолжителен примерок и експедиција
  • Комплетирање на задолжителен примерок и техничка обработка
  • Меѓународна размена, купување и подарок
  • Стручна обработка на монографски публикации
  • Каталогизација на монографски публикации и ЦИП
  • Обработка на сериски публикации
  • Информации - општи информации за библиотеката, услуги и услови за нивно користење; содржина и организација на фондовите и условите според кои тие се користат
  • Упатување и обука за самостојно користење на каталозите, секундарни и терцијарни извори на информации (индекси, библиографии, централни каталози и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации (на пр. COBISS)
  • Заштита на библиотечни материјали. Услуги од областа на заштитата на библиотечни материјали:
  • Конзервација и реставрација: Микрофилмско и дигитално фотографирање; Подврзија
  • Зачленување
  • Археографска збирка, ретки и старопечатени книги
 
Споменик на Св. Климент Охридски во дворот на НУБСК
 
Простор за пребарување на каталозите на НУБСК
  • Стручен секретар и односи со јавноста
  • Стручна помош на библиотеките во Македонија и организирање Основен курс за библиотечно работење
  • Меѓународна соработка
  • Културни манифестации
  • Специјални библиографии
  • Издавачка дејност
  • Маркетинг

Млад Светиклиментов универзитет

уреди

Младиот Светиклиментов универзитет“ е семинарска иницијатива на библиотеката која има за цел да го зачува духот на просветната дејност на Свети Климент Охридски во IX и X век. Во склоп на курсевите се одржува работилница за рачно производство на еколошка хартија, работилница на примена на рачно изработена хартија во печатарски, конзерваторски и сликарски цели и работилница за запознавање со основните елементи на глаголицата.[11]

Директори

уреди
 
„Антологија на болката“ - Кочо Рацин

Ова се досегашните директори на библиотеката со нивните години на служба:[12]

Библиотекарски изданија

уреди

Други установи во склоп на библиотеката

уреди

Признанија

уреди

За придонесот во научниот, културниот и вкупниот општествен развој на Македонија, библиотеката има добиено разни општествени награди и признанија.[5] Најзначајни од нив се:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Закон за библиотеките (Службен весник на РМ, бр. 66/04)
  2. „Закон за задолжителниот примерок“ (PDF). Службен весник на РМ (11/94). 8 март 1994.
  3. НУБСК - Корисници: Зачленување
  4. „Дигитална библиотека при НУБСК“. Архивирано од изворникот на 2015-07-10. Посетено на 2011-10-17.
  5. 5,0 5,1 5,2 Македонска енциклопедија (2009). Блаже Ристовски (уред.). Национална установа НУБ „Св. Климент Охридски“. II. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.
  6. „НУБСК - Дејност“. Посетено на 16 октомври 2011.
  7. НУБСК - За нас - Историја
  8. "Времеплов", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 31.
  9. НУБСК - Збирки
  10. НУБСК - Служби
  11. НУБСК - Млад Светиклиментов универзитет
  12. НУБСК - Историја
  13. Британски совет Македонија
  14. НУБСК - Центар за конференции

Надворешни врски

уреди