Милорад Гоѓевац бил лекар, иницијатор и главна алка при основањето на Српскиот комитет на четничката акција.[1]

Милорад Гоѓевац
Роден 1 март 1860
Ваљево, Србија
Починал 21 октомври 1933
Белград, Кралство Југославија

Потекло и школување

уреди

Тој е роден во Ваљево, како трето од четирите деца во семејството на Васа Гоѓевац. По завршувањето на средно училиште во Белград се запишал при Медицинскиот факултет во Виена, каде што, 1889 година станал доктор по медицина.

Семеен живот

уреди

Во текот на студиите во Виена се запознал со Катерина Адамовиќ, ќерка на познат српски трговец во Темишвар, со која се оженил. Од краткиот брак со Катерина, кој завршил поради нејзината прерана смрт, ја добил ќерка Анка, таа во 1932 година станала првиот доктор на правни науки на при Универзитетот во Белград.

По смрта на својата прва жена се оженил со д-р Љубица Ѓуриќ, а со неа има два сина Милутин и Драгутин.

Професионален ангажман

уреди

По завршувањето на студиите се вработил како лекар при Тимочкиот округ. Во 1892 година бил избран за дописен член на Српското лекарско друштво, а година дена подоцна се вработил во књажевечката болница.

За редовен член на Српското лекарско друштво станал во 1894 година, а тогаш од Кнежевец се преселил во Белград каде се вработил во кожното одделение при Општата друштвена болница.

Во 1897 година бил избран за главен санитетски советник при Министерството за внатрешни работи. Во 1901 година станал шеф на лекарите при белградската општина. Во 1903 година заедно со д-р Воислав Кујунџиќ и др. Милан Радовановиќ, започнал на основањето на итната медицинска помош во Белград.

Српски комитет на четничката акција

уреди

Основање

уреди

Во 1903 година го напуштил Главниот санитетски совет и се посветил на основање на Српскиот комитет на четничката акција.

Оваа идеја кај Милорад се јавила при неговата службена обиколка низ белградските пекарници и бурекџилници, чии власници првенствено биле од Косово и Метохија и Македонија.

Уште во 1901 година, Милорад се запознал со војводата Стојан Донски (дееец на Македонската револуционерна организација). Тој во текот на зимата се засолнил во Белград и од него, Милорад ги запознал Статутот и методите на МРО.

Таквото запознавање, довело до идеја кај д-р Милорад, да формира српска организација врз основа на искуствата на МРО.

Бидејќи за основањето и дејноста на таквата организација биле потребни финансиски средства, д-р Милорад најпрво го придобил Лука Ќеловиќ, еден од најбогатите Срби во тоа време.

Со цел за да дојде до проширување на дејноста и да се запази конспиративноста, меѓу основачите на Српскиот комитет на четничката акција, Милорад го придобил и Васа (Василије) Јованов (иќ). Тој бил млад белградски адвокат со потекло од Македонија и бил драгоцен соработник, не само во основањето на Комитетот туку и во формирањето на првата чета која во 1904 година навлегла во Македонија.

Први активности

уреди

Првата чета која се обидела да навлезе во Македонија била предводена од Ангелко Алексиев (иќ) но таа бргу настрадала. Поради тоа Милорад и Ќеловиќ биле обвинети дека луѓето ги праќаат на кланица, а Живојин Рафаиловиќ, после протесната нота на турскиот дипломатски претставник Фети Паша, бил лично сослушан од министерот за внатрешни работи на Србија, Стојан Протиќ.

Д-р Милорад и Петар Пашиќ пред испраќањето на првата чета во Македонија се обиделе да стапат во контакт со претставниците на македонската организација Михајлов и Атанасов, за да постигнат договор за зедничко работење, меѓуто неуспешно.

Во Белград, Милорад ги лечел бесплaтно дејците од македонското револуционерно движење и на тој начин успеал дел од нив да придобие на српска страна, меѓу по значајните се нашле Глигор Соколов и Цене Марков.

Коресподенција со дејците на Македонското револуционерно движење

уреди

Поради слабите српски позиции во Македонија, бидејќи реално господар на теренот била Македонската револуционерна организација која не допуштала други чети на нејзина територија, Милорад и понатаму се обидувал да склучи договор со македонските револуционери.

Отука во почетокот на 1906 година, Милорад ми пишал писмо на Христо Татарчев тогашен задграничен претставник во Софија, а воедно и еден од основачите на МРО, во писмото било истакнато:

Пред да ја започнеме борбата и пролееме крвта, должност ми е пред историјата и пред народот да ве повикам на зедничка работа. Инаку, ќе паѓаат вашите и нашите глави. Би било грев и злосторство доколку ние водачите пред тоа не се обидеме да се договориме. Ве молам да се сретенеме каде сакате: во Белград, Софија, Виена или Цирих, за да не ги водиме нашите луѓе едни против други

Набргу истото писмо било вратено со негативен одговор, а на задната страна Татарчев напишал: За таа работа ич да не си береш гајле.

Недоразбирања со претставниците на српската држава

уреди

Во средината на 1907 година Милорад и Љуба Давидовиќ, претседател на Централниот комитет, биле на задача во Врање. Таму тие се состанале со срспкиот вицеконзул од Скопје, Милан Ракиќ. Тој во својот дневник на 17 јануари 1906 година запишал: Се вратив во Скопје без муниција. Никој не е надлежен да ми ја даде! До таму стигна Гоѓевац.

По налогот на Централниот комитет од 30.01.1906 година, Милорад повторно заминал за Врање сега со Драгиша Ѓуриќ и со шефот на тајната полиција на четничкиот комитет, Антоније Средојевиќ. Нивната посета била да ја откријат причината за враќањето на војводата Јован Довезенски и зошто четниците не ја минале српско - турската граница.

Тогаш Милорад повторно се сретнал со Милан Ракиќ кој во својот дневик на 2 февруари 1906 година запишал: На границата повторно се сретнав со Гоѓевац, со Драгиша Ѓуриќ и Антоније Средојевиќ. Оној ист Средојевиќ кој со својата рака го уби најдобриот Србин од овој крај, Атанас од Диверепца, сега тој комотно се шета по Србија, сега е персона гранда на докторот Гоѓевац и како некаков негов телохранител.

Од дневникот на Милан Ракиќ се гледа дека тој имал негативен став кон Милорад и најверојатно по негова препорака во 1907 година Милорад не влегол во Централниот комитет.

Укинување на Комитетот

уреди

После кршењето на субординацијата, судирот со генералниот конзул од Скопје и Извршниот одбор од Врање, Врховната управа во октомври 1907 година го укинала Централниот комитет и ги презела неговите задачи. Истовремено биле ограничени правата на Извршниот комитет, отогаш негова главна задача е да претставува врска меѓу Врховната управа и генералниот конзул.

На тој начин Српскиот комитет на четничката акција ја изгубил својата независност и се нашол под дирекна контрола на српската држава

Лекар на српските четници

уреди

По укинувањето на Централниот комитет, д-р Милорад се посветил на својата професија. Во 1909 година се вратил на почесната должност заменик член на Главниот санитетски совет, извршувајќи ја до 1912 година. Во овој преиод продолжил да дава поддршка за четничкото движење, давајќи медицинска помош, вклучувајќи нови членови, сместување во болниците и др.

Низ војните

уреди

Во Првата балканска војна бил унапреден во резервен санитетски мајор зедно со д-р Михаил Шушкаловиќ (исто така активен во четничкото движење) и др. Илија Коларовиќ. На 12 мај 1915 година Милорад бил одликуван со медалјон за својата служба.

После Албанската голгота во Првата светска војна, д-р Милорад бил испратен за лекар на српската младина во Болиј, Франција. Тогаш доживеал лична трагедија, кога неговиот постар син Милутин се самоубил.

Последните години

уреди

По завршувањето на војната бил демобилизиран со чинот резервен санитетски потполковник. Повторно станал раководител на белградските лекари, оваа должност ја извршувал до 1 април 1925 година. Неколку месеци пред да се пензионира бил поставен за началник при Министерството за социјална политика на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Д-р Милорад умрел на 21 октомври 1933 година во Белград. Со високи воени почести бил закопан во семејната гробница на белградските нови гробишта.

Извори

уреди
  1. Народна енциклопедија (1927 г.), чланак написао М. Миленовић (уредник Политике)