Матица српска — најстарата книжевна, културна и научна институција на српскиот народ, основана во Пешта, во четврток, на 4/16 февруари во 1826 година.[1] Потребата од национална хомогенизација, просветлување, како и издавање на српски книги, биле основните причини за основање на вакво друштво. Непосредна причина за основањето на Матица српска претставувала потребата преземање на Србските летописи (подоцнежните Летописи на Матица српска), најстарото српско литературно списание, а тогаш единствено српско гласило, на кое му се заканувало гасење.

Матица српска
Матица српска
Основана16 февруари 1826; пред 198 години (1826-02-16)
ЦелКултурна институција
СедиштеНови Сад, Србија
Место Србија
Мреж. местоwww.maticasrpska.org.rs

Издавачкиот центар „Матица српска“ има редовни издавачки активности, вклучувајќи неколку проекти од национално значење, како што е „Десет века српска литература“ (српски јазик: Десет векова српске књижевности).

Книжевното и културното друштво одиграло огромна улога во процутот на науката и културата на Србите во Војводина. Матицата во 1864 година била преселена во Нови Сад.

Матица српска делува и и на територијата на Република Српска, преку Здружението на членови на Матица српска во Република Српска, како и во Црна Гора, преку Здружението на членови на Матица српска во Црна Гора. Освен тоа планирано е основање на Матица српска во Виена.[2]

Основачи

уреди

Основачи на Матица српска биле пештанските Срби Гаврило Божитовац, Јован Деметровиќ, Јосиф Миловук, Петар Рајиќ, Андрија Розмировиќ, Георгије Станковиќ и Јован Хаџиќ.

Прв претседател на Матица српска бил правникот и книжевник Јован Хаџиќ, а прв формално избран секретар бил правникот и новинар Теодор Павловиќ.

Историја

уреди

Матица српска од своето основање претставува институција од сесрпски, соборен карактер. Таа е првата основана матица. По нејзин примерот, подоцна ќе се здружуваат и други словенски народи во свои матици, преземајќи го од неа името, а во голема мера и програмата (Матица чешка - 1831; Матица илирска - 1842; Матица лужичко-српска 1847, итн.).

Матица српска има значајна улога и во основањето на некои други институции на српската култура, како што е на пример првиот национален професионален постојан театар - Српскиот народен театар. Својата дејност ја развила главно благодарение на добротворите, меѓу кои најзначаен е Сава Текелија (1761-1842), кој целиот свој имот со тестамент го завештал на својата задужбина Текелијанум и Матица српска.

Седиштето на Матица српска се наоѓало во Пешта до 1864 година, кога било преместено во Нови Сад. Во денешното седиште, задужбина на Марија Трандафил од 1912 година, во улица Матице Српске 1 во Нови Сад, Матица српска се наоѓа од 1927 година.

По преселувањето од Пешта во Нови Сад, изразито се разгранува матичната просветителска и издавачка дејност, се печати значајна серија на „Книги за народот“, се умножуваат стипендиските задужбини и легати, се распишуваат литературни конкурси, се разгранува издавачката дејност, а сè посилен станува и преплетот со културата во слободна Србија.

Иако Првата светска војна значително ја осиромашила Матица српска, во меѓувоениот период таа добива научна сила на своите соработници. Во Матица српска во тоа време објавувале Јован Цвииќ, Михајло Пупин, Милутин Миланковиќ, Алекса Ивиќ, Јован Ердељановиќ и други. За време на Втората светска војна, Матица српска не се огласувала јавно, а по војната ѝ бил одземен речиси целиот имот.

Во повоениот период, таа продолжува да се развива пред сè во важна научна институција, за денес да има:

  • над 3000 соработници,
  • околу стотина научни проекти,
  • 9 научни списанија и
  • 7 научни одделенија
    • Одделение за литература и јазик,
    • Одделение за општествени науки,
    • Одделение за природни науки,
    • Одделение за ликовни уметности,
    • Одделение за сценски уметности и музика,
    • Лексикографско и
    • Ракописно одделение.

Работа на капитални национални проекти, какви што се

  • Српски биографски речник,
  • Српска енциклопедија,
  • Лексикон на писатели на Југославија, итн.

Матица српска станала и центар на српската лексикографија. Покрај тоа, од Матица се развиле три значајни институции:

Статусот на оваа институција е регулиран со посебен Закон за Матица српска.

 
Благодарница на Матица српска доделувана на добротворите (1836)

Претседателството на Матица српска избрано на собранието на 15 мај 2004 година со мандат од четири години го сочинувале претседателот проф. д-р Божидар Ковачек, потпретседателите Миро Вуксановиќ, академик Димитрије Стефановиќ и проф. д-р Драгослав Херцег и секретарот Павле Станојевиќ. Претседателство избрано во 2008 година го сочинувале претседателот академик Чедомир Попов, потпретседателите проф. д-р Славко Гордиќ, академик Димитрије Стефановиќ и проф. д-р Слободан Ѓурчиќ, генерален секретар бил проф. д-р Душан Николиќ.

Од 2012 година ја доделува Повелбата на Матица српска за негување на српската јазична култура.[5]

Претседатели на Матица српска

уреди

Секретари биле: д-р Никола Милутиновиќ (1932—1941), д-р Душан Попов (1979—1991).

Зградата која е споменик на култура е проектирана од Момчило Тапавица.

Поврзано

уреди
 
Првата страница од Уставот на Матица српска

Матица српска - Здружение на членови во Црна Гора

Наводи

уреди
  1. Јосиф Миловук: "Зачатие и истино основание Матице Сербске", Будим 1829. године
  2. Оснива се Матица српска у дијаспори („Политика“, 18. април 2016)
  3. Дан Галерије Матице српске („Политика“, 25. октобар 2012), Посетено на 12. 4. 2013.
  4. Сто дела Галерије Матице српске („Политика”, 4. децембар 2017)
  5. Симић, Ј. (26 март 2021.). „Матица српска саопштила добитнике признања за неговање српске језичке културе“. Вечерње новости. Посетено на 27 март 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Литература

уреди
  • Андра Гавриловиќ, Белград, 1910 г. години

Надворешни врски

уреди