Тетовско архијерејско намесништво

Тетовско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во состав на Тетовско-гостиварската епархија задолжено за градот Тетово и околината.

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово — седиште на намесништвото

Од 1971 г. заклучно со 1996 г. година во оваа епархија се извршени 66,753 крштевки. Оваа епархија има 38 активни свештеници и неколку пензионери. Во текот на овие години се изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и задушници. Над поголем број цркви и манастири извршени се целокупни санации и реставраторски работи со што се заштитени од понатамошно пропаѓање.

Намесништвото е сместено во соборниот храм подигнат во чест на „Свети Свети Кирил и Методиј“. Има 8 парохии а нив ги опслужуваат девет свештени лица. Архијерејското намесништво Тетово брои 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и 1 крст.

Парохии уреди

Намесништвото обединува според податоци од 2001 г. околу 18.000 православни христијани, но поради војната нивниот број денеска не е потврден.

Преглед на намесништвото по парохии:

Оштетувања во конфликтот од 2001 година уреди

За жал, за време на војната во 2001 г. значителен дел од црквите што ги обединува Тетовското архијерејско намесништво претрпеле сериозни оштетувања како мета на терористичките напади на ОНА и нивните соработници. Оттогаш, многу од објектите се обновени.

Идни проекти уреди

Во последнава деценија е посебно нагласена иницијативата на верниците за обновување и подигање на нови цркви, која е масовно поддржана од верниците преселени во западноевропските и прекуокеанските земји. Се подигаат нови цркви и црковни придружни објекти, поради зголемениот интерес на населението за црковно и духовно живеење.

Надворешни врски уреди