Кнежевство Србија
Кнежевството Србија (српски: Кнежевина Србија / Kneževina Srbija) било полунезависна држава на Балканот која била создадена со Српската револуција, која траела меѓу 1804 и 1817. Неговото создавање било договорено прво преку непишан договор меѓу Милош Обреновиќ, водачот на Второто српско востание и Марашли паша. Со Хатишериф во 1830 година било признато и од Портата.
Кнежевство Србија | ||||||
Кнежевина Србија Kneževina Srbija | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
![]() Кнежевството Србија во 1878 година
| ||||||
Главен град | ||||||
Уредување | Кнежевство | |||||
Кнез | ||||||
- | 1817–39 | Милош Обреновиќ I (прв) | ||||
- | 1868–82 | Милан Обреновиќ IV (последен) | ||||
Премиер | ||||||
- | 1815–1816 | Петар Николаевиќ Молер (прв) | ||||
- | 1880–1882 | Милан Пироќанец (последен) | ||||
Историја | ||||||
- | Признато од Портата | 1815 | ||||
- | Ден на државноста | 15 февруари 1835c | ||||
- | Признаено | 13 јули 1878d | ||||
- | Прогласено за кралство | 1882 | ||||
a: Преместен во Белград во 1838. b: де јуре со Хатишериф од 1830. c: Почеток на Првото српско востание, усвоен е првиот устав. d: Де факто независност од 1867, де јуре со Берлинскиот конгрес. |
Со Берлинскиот конгрес од 1878, кнежевството добило и меѓународно признавање. Кнежевството Србија постоело до 1882 кога било прогласено за кралство.
Култура уреди
Во овој период е основана првата гимназија во Србија, во Крагуевац во 1833, потоа и првиот театар, Кнежевско-српскиот театар во 1835.
Во 1838, бил основан Лицеј. Неговото прераснување во Велика школа во 1863 година е претходник на Белградскиот универзитет.
Великата школа била сместена во Зградата на капетанот Миша која ја поклонил Миша Анастасиевиќ на „својата татковина“.
Кнезови уреди
Портрет | Име | Роден | Починал | Од | До | Забелешки |
---|---|---|---|---|---|---|
Милош Обреновиќ I | 17 март 1780 | 26 септември 1860 | 6 ноември 1817 | 25 јуни 1839 | ||
Милан Обреновиќ II | 21 октомври 1819 | 8 јули 1839 | 25 јуни 1839 | 8 јули 1839 | син на Милош Обреновиќ I | |
Михајло Обреновиќ III | 16 септември 1823 | 10 јуни 1868 | 8 јули 1839 | 14 септември 1842 | син на Милош Обреновиќ I | |
Александар Караѓорѓевиќ | 11 октомври 1806 | 3 мај 1885 | 14 септември 1842 | 23 декември 1858 | ||
Милош Обреновиќ I | 17 март 1780 | септември 1860 | 23 декември 1858 | 26 септември 1860 | ||
Михајло Обреновиќ III | 16 септември 1823 | 10 јуни 1868 | 26 септември 1860 | 10 јуни 1868 | ||
Милан Обреновиќ IV | 22 август 1854 | 11 февруари 1901 | 10 јуни 1868 | 6 март 1882 |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |