Мехмед III
Мехмед III (османски турски: ثالث, Meḥmed-i sālis; турски: III. Mehmet; роден на 26 мај 1566 година - починал на 22 декември 1603 година) — тринаесеттиот Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1595 до декември 1603 година.
Мехмед III محمد ثالث | |||||
---|---|---|---|---|---|
Султан на Отоманското Царство Кајсери-Рум Чувар на Двете Свети Џамии Отомански калиф Падишах | |||||
13-ти Отомански султан (Падишах) | |||||
На престол | 15 јануари 1595 – 22 декември 1603 | ||||
Претходник | Мурат III | ||||
Наследник | Ахмед I | ||||
Роден(а) | 26 мај 1566 Маниса Сарај, Маниса, Отоманско Царство | ||||
Починал(а) | 22 декември 1603 Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство | ||||
Почивалиште | Света Софија, Истанбул | ||||
Придружнички | Хандан султан Халиме султан уште една жена | ||||
Деца | Шехзаде Махмуд Ахмед I Мустафа I меѓу другите | ||||
| |||||
Династија | Османлиска династија | ||||
Татко | Мурат III | ||||
Мајка | Сафије султан | ||||
Вероисповед | ислам | ||||
Тугра |
Рани години
уредиМехмед е роден во палатата во Маниса во 1566 година, за време на владеењето на неговиот прадедо, Сулејман Величествениот. Тој бил син на Мурат III, кој пак бил син на Селим II. Неговата мајка била Сафије султан, Албанка од висорамнините на Дукаѓин[1]. Неговиот прадедо починал во годината кога тој се родил, а неговиот дедо станал новиот султан, Селим II. Неговиот дедо Селим II починал кога Мехмед имал осум години, по кое таткото на Мехмед, Мурат III, станал султан во 1574 година. Мурат почина во 1595 година, кога Мехмед имал 28 години.
Владеење
уредиБратоубиство
уредиВладеењето Мехмед III го започнал со наредба да се убијат 19 од неговите браќа и полубраќа[2][3] со цел да ја зацврсти својата власт. Тие биле задавени од неговите кралски егзекутори, од кои многумина биле глуви или неми за да обезбедат апсолутна лојалност кон него[4]. Братоубиството не било без преседан во историјата на Отоманското Царство, бидејќи султаните честопати имале десетици деца со нивните наложници. Ова претставува најголемиот колеж во историјата на братоубиството. По убивањето, Мехмед наредил и да се удаваат во Босфорот нивните бремени љубовници.
Борба за моќ во Цариград
уредиМехмед III бил неактивен владетел, оставајќи ја неговата мајка Сафије султан како Валиде султан да владее со царството кое била во својот почеток на распаѓање[5]. Негов прв голем проблем било соперништвото меѓу двајца негови везири, Сердар Ферхад-паша и Коџа Синан-паша и нивните приврзаници. Неговата мајка и нејзиниот зет Дамат Ибрахим-паша го поддржувале Коџа Синан-паша и го спречиле Мехмед III самиот да ја преземе контролата врз овој проблем. Проблемот се зголемил до тој степен што јаничарите се побуниле и имало нереди. На 7 јули 1595 година, Мехмед III конечно го разрешил Сердар Ферхад-паша од позицијата Голем везир поради неговиот неуспех во Влашка и го заменил со Синан[6].
Мехмед III од друга страна важел за многу побожен владетел. Познат е по тоа што им доделувал имоти на дворските шутови, што претставувало голем преседан бидејќи имоти обично се доделувале на луѓе кои добивале заслуги во војните и коишто морале да јавуваат во војни походи на повик на султанот.
Австроунгарска војна
уредиНајголемиот настан на неговото владеење била Австро-отоманската војна во Унгарија (1593-1606). Отоманските порази во војната довеле до тоа да Мехмед III преземе лична команда на армијата во походот, прв султан кој го сторил тоа по Сулејман I во 1566 година. Во придружба на султанот, Османлиите го освоиле Егер во 1596 година. По ова, Мехмед сакал да ја отпушти армијата и да се врати во Истанбул[7]. Сепак, Османлиите на крајот решиле да се соочат со непријателот и ги поразиле Хабсбурговците и Трансилванските сили на Битката кај Керестес[8], за време на која султанот морал да се одврати од бегање од полето на половина пат. Откако се вратил во Истанбул со победа, Мехмед им рекол на своите везири дека повторно ќе организира кампања[9]. Следната година, венецијанскиот баило во Истанбул забележал „лекарите изјавија дека султанот не може да замине во војна заради лошата здравствена состојба, предизвикана од прекумерно јадење и пиење“[10].
Како награда за неговите услуги во војната, Џигалазаде Јусуф Синан-паша станал Голем везир во 1596 година. Меѓутоа, со притисок од судот и неговата мајка, Мехмед го вратил Дамат Ибрахим-паша на оваа позиција набргу потоа[6].
Сепак, по победата во Битката кај Керестес наскоро следувале неколку значајни порази, меѓу кои и загубата на Ѓер (турски: Yanıkkale) во корист на Австријците и поразот на османлиските сили предводени од Хафиз Ахмед-паша од страна на влашките сили под Михаил Храбриот во Никопол во 1599 година. Во 1600 година, османлиските сили под Тиријаки Хасан-паша ја своиле Велика Канижа по 40-дневна опсада[11].
Џелали
уредиДруг главен настан од неговото владеење било востанието Џелали во Анадолија. Карајазиџи Абдулалим, поранешен отомански службеник, го освоил градот Урфа и се прогласил за султан во 1600 година. Гласините се рашириле во Цариград и Мехмед наредил бунтовниците да бидат третирани остро, за да ги растераат гласините, а меѓу нив настрадал и Хусеин-паша, кого Карајазиџи Абдулалим го споменал дека му е Голем везир. Во 1601 година, Абдулалим побегнал во околината на Самсун, откако бил поразен од силите под Сокулузаде Хасан-паша, гувернер на Багдад. Сепак, неговиот брат, Дели Хасан, го убил Сокулузаде и ги поразил војниците под команда на Хадим Хусрев-паша. Потоа се упатил кон Ќутахија, која била освоена и опожарена[6][11].
Во 1600 година избувнала војна со Персија. Персискиот шах испратил свои пратеници кај европските владетели барајќи војна против Османлиите. Војната започнала со опсадата на Тебриз. Војската предводена од Хазибег успеала да ги победи Персијците и тој бил поставен за хан. Тој со својата војска стигнал до Тебриз и тука се споил со војската на Ердејскиот хан Зулфиќар. Дошло до битка во која победиле Персијанците. Тогаш Персијанците тргнале кон градовите Нахџиван и Ереван. Шериф паша побарал помош од соседните намесници но не добил помош. Во средината на ноември 1603 год. Персијанците стигнале кај Ереван. Му пратиле писмо на Шериф паша во кое барал да се предаде. Шериф паша им одговорил дека нема намера да се предаде „ Сè додека секој камен не биде платен со некоја од нашите глави, толку долго додека од нив Персијанците не направат пирамида нема никаква надеж во заземање на тврдината“. Откако во Цариград се слушнала вест дека бил загубен Тербиз кајмакамот Касим одржал состанок со везирите. Саатџи Хасан бил поставен за водач на војната со Персија.
Смрт
уредиМехмед починал на 22 декември 1603 година на 37-годишна возраст. Според еден извор, причина за неговата смрт била вознемиреноста предизвикана од смртта на неговиот син Махмуд[12]. Според друг извор, тој починал или од чума или од мозочен удар. Друг извор наведува дека тој бил отруен до смрт од неговиот началник, Дервиш Мехмед-паша, а во неговата смрт улога имала и неговата сопруга Хандан султан[13]. Тој бил погребан во џамијата Света Софија. Тој бил наследен од неговиот син Ахмед I.
Односи со Англија
уредиВо 1599 година, четврта година од владеењето на Мехмед III, англиската кралица Елизабета I голем број на подароци до османлискиот двор. Според некои историчари, овие подароци биле наменети за неговиот претходник Мурат III кој починал пред тие да пристигнат. Овие подароци вклучувале голем број на скапоцени камења, еден музички часовник кој подоцна бил уништен од страна на Ахмед I. На организаторот му биле потребни многу недели за да ги комплетира и да ги претстави танчерските скулптури[14][15]. Овие дарови биле подарени како знак за зацврстување на односите меѓу двете земји и трговскиот договор потпишан во 1581 година, кој им дал приоритет на англиските трговци во османлискиот регион[16]. Поради заканата на шпанското воено присуство, Англија едвај чекала да обезбеди сојуз со Османлиите, двата народа заедно имале можност да ја поделат власта. Подароците на Елизабета пристигнале преку големиот трговски брод со 27 пиштоли што лично го проверил Мехмед, јасен приказ на англиската поморска сила што ќе го натера да ја изгради својата флота во текот на следните години на владеењето. Меѓутоа, англо-османлискиот сојуз никогаш нема да биде потрошен. Овие односи значително се влошиле по смртта на Сафије султан и проанглискиот шеф Хасан-паша[16][17].
Семејство
уреди- Придружнички
Ниту еден од придружничките на Мехмед не е наведена како хасеки султан во архивите на Отоманската палата[18].
- Халиме султан (погребана во Мавзолејот на Мустафа I, џамија Света Софија, Истанбул);
- Хандан султан (починала на 9 ноември 1605 година во Топкапи-сарај, Истанбул, погребана во мавзолејот на Мехмед III, во џамијата Света Софија);
- придружничка која починала во 1597 година, за време на појава на чума[19][20]
- Синови
- Шехзаде Селим[21] (1585, Маниса Сарај, Маниса – 20 април 1597, Топкапи-сарај, Истанбул, погребан во џамијата Света Софија) - со Хандан;
- Шехзаде Сулејман[21] (роден во 1586, Маниса Сарај, Маниса - починал како мал, погребан во џамијата Света Софија) - со Хандан;
- Шехзаде Махмуд (роден во 1588, Маниса Сарај, Маниса – погубен од страна на Мехмед III, 7 јуни 1603, во Топкапи-сарај, Истанбул, и бил погребан во џамијата Шехзаде) - со Халиме;[22]
- Султан Ахмед I (18 април 1590, Маниса Сарај, Маниса – 22 ноември 1617, Топкапи-сарај, Истанбул, погребан во Сина џамија со Хандан;
- Султан Мустафа I (1591, Маниса Сарај, Маниса – 20 јануари 1639, Ески-сарај, Истанбул, погребан во џамијата Света Софија) - со Халиме;;
- Син кој починал во втората година од животот, по смртта на Селим;[21]
- Шехзаде Џихангир[21] (1599, Топкапи-сарај, Истанбул – 1602, Топкапи-сарај, Истанбул, погребан во џамијата Света Софија)
- Шехзаде Осман (починал на три или четири години);[21]
Ќерки
- ќерка со Халиме султан, која се омажила во 1604 со Дамат Кара Давуд-паша;[23]
- ќерка, која била омажена прво во 1604 година со Дамат Мирахур Мустафа-паша, и повторно во 1612 година со Дамат Махмуд-паша; [23];[23]
- ќерка, мажена прво во 1604 година со Дамат Тиријаки Хасан-паша, и повторно во 1616 година со Дамат Али-паша, ;[24]
- ќерка, мажена во 1612 година со Дамат Халил-паша; ;[25]
Наводи
уреди- ↑ Peirce, Leslie P. (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. New York: Oxford University Press, Inc. стр. 94. ISBN 0-19-507673-7.
Murad's favorite was Safiye, a concubine said to be of Albanian origin from the village of Rezi in the Ducagini mountains.
- ↑ Quataert, Donald (2000). The Ottoman Empire, 1700-1922. Cambridge University Press. стр. 90. ISBN 0-521-63328-1.
- ↑ McCullagh, Francis (1910). The Fall of Abd-ul-Hamid. London: Methuen & Co. Ltd. стр. 72.
- ↑ „DEAF PEOPLE, SIGN LANGUAGE & COMMUNICATION, IN OTTOMAN & MODERN TURKEY: Observations and Excerpts from 1300 to 2009. From sources in English, French, German, Greek, Italian, Latin and Turkish, with introduction and some annotation | Independent Living Institute“. www.independentliving.org (англиски). Посетено на 2020-01-29.
- ↑ Kinross, John Patrick. Ottoman Centuries, p.288. William Morrow & Co., 1977. ISBN 0-688-03093-9
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Mehmed III“. İslam Ansiklopedisi. 28. Türk Diyanet Vakfı. 2003. стр. 407–413. Архивирано од изворникот на 2015-12-28. Посетено на 2020-05-28.
- ↑ Karateke, Hakan T. "On the Tranquility and Repose of the Sultan." The Ottoman World. Ed. Christine Woodhead. Milton Park, Abingdon, Oxon; New York: Routledge, 2011. p. 120.
- ↑ Finkel, Caroline. Osman's Dream: The Story of the Ottoman Empire, p.175. Basic Books, 2005. ISBN 0-465-02396-7
- ↑ Karateke, p. 122.
- ↑ Goodwin, Jason. Lords of the Horizons: A History of the Ottoman Empire, p.166. New York: Henry Holt & Company.
- ↑ 11,0 11,1 „Mehmed III“. Büyük Larousse. 15. Milliyet Newspaper Press. стр. 7927–8.
- ↑ Güzel, Hasan Celâl; Oğuz, Cem; Karatay, Osman (2002). The Turks: Ottomans (2 v. ).
- ↑ Börekçi, Günhan (2010). Factions And Favorites At The Courts Of Sultan Ahmed I (r. 1603-17) And His Immediate Predexessors. стр. 89, n. 25.
- ↑ Malcolm, Noel (2004-05-02). „How fear turned to fascination“. London: telegraph.co.uk. Посетено на 31 October 2013.
- ↑ Jean Giullou: Die Orgel. Erinnerung und Vision.Christoph Glatter-Götz 1984 p. 35 with image
- ↑ 16,0 16,1 „An eye for detail“. BBC News. December 21, 2007.
- ↑ Christine Woodhead (28 April 2011). „ENGLAND, THE OTTOMANS AND THE BARBARY COAST“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 14 March 2012. Посетено на 28 August 2017.
- ↑ Peirce (1993) p.104 and n.53 p.311
- ↑ Disease and Empire: A History of Plague Epidemics in the Early Modern Ottoman Empire (1453--1600). ProQuest. 2008. стр. 145. ISBN 978-0-549-74445-0.
- ↑ Ipşırlı, Mehmet (June 1976). Mustafa Selaniki's history of the Ottomans. стр. 172.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Tezcan, Baki. Searchimg For Osman: A Reassessment Of The Deposition Of Ottoman Sultan Osman II (1618-1622). стр. 330 and n. 29.
- ↑ Börekçi, Günhan. İnkırâzın Eşiğinde Bir Hanedan: III. Mehmed, I. Ahmed, I. Mustafa ve 17. Yüzyıl Osmanlı Siyasî Krizi - A Dynasty at the Threshold of Extinction: Mehmed III, Ahmed I, Mustafa I and the 17th-Century Ottoman Political Crisis. стр. 78.
- ↑ 23,0 23,1 Tezcan, Baki. The Debut Of Kösem Sultan's Political Career. стр. 357.
- ↑ Sakaoğlu, Necdet (2008). Bu mülkün kadın sultanları: Vâlide sultanlar, hâtunlar, hasekiler, kadınefendiler, sultanefendiler. Oğlak Yayıncılık. стр. 303. ISBN 978-9-753-29623-6.
- ↑ And, Metin (1982). Osmanlı şenliklerinde Türk sanatları. Kültür ve Turizm Bakanlığı. стр. 16.
Надворешни врски
уреди- Мехмед III на Ризницата ?
Мехмед III Роден(а): 26 мај 1566 Починал(а): 22 декември 1603[37 години]
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Мурат III |
Султан на Отоманското Царство 15 јануари 1595 – 22 декември 1603 |
Наследник Ахмед I |
Духовни титули | ||
Претходник Мурат III |
Калиф на Отоманскиот Калифат 15 јануари 1595 – 22 декември 1603 |
Наследник Ахмед I |