Маврово (Лагадинско)

Маврово (грчки: Μαυρούδα, Мавруда; до 1927 г. Μαύροβο, Маврово[2]) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Маврово бил дел од општина Маслар[3].

Маврово
Μαυρούδα
Маврово is located in Грција
Маврово
Маврово
Местоположба во областа
Маврово во рамките на Бешик
Маврово
Местоположба на Маврово во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°48′N 23°28′E / 40.800° СГШ; 23.467° ИГД / 40.800; 23.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000360000000360 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно237
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 02
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 33 километри западно од Ставрос и 70 километри источно од Солун, во централниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 360 метри во јужните делови на Богданска Планина, над Бешичкото Езеро (Волви), на северниот брег на Мавровско Езеро.

Маврово опфаќа површина од 23 квадратни километри.[4].

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Во XIX век Маврово било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 Турци[5].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година селото имало 151 жител. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население заминало од своите домови.

Во 1927 година селото било преименувано во Мавруда.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било мешано со 240 жители бегалци и 69 семејства.[6], додека во 1940 година селото броело 471 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 504 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 680 жители, во 1971 година имало 550 жители, во 1981 година имало 522 жители, додека во 1991 година имало 409 жители[7]. Денеска, населението на селото е 375 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 471 504 680 550 522 409 408 375 237
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 7 мај 2024.
  3. 3,0 3,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јули 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски

уреди