Либотен
Либотен (Љубетин или Љотин; грчки: Μαυροκορδάτος, Маврокордатос)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Либотен Μαυροκορδάτος | |
---|---|
Координати: 41°14′N 24°23′E / 41.233° СГШ; 24.383° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Нусретли |
Надм. вис. | 460 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 59 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 38 километри источно од градот Драма и на 20 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 460 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиВо отомански попис од 1500 година во Либотен (Леботи) биле регистрирани 3 лица[4]. Во детален регистар на санџакот Паша од 1569-70 година селото е наведено дека ги плаќа своите даноци и е наведено дека во него живееле 54 муслимански семејства од кои 34 муслимани не биле женети, 1 немуслиманско семејство од кое 1 не бил оженет[5].
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 188 жители македонски муслимани[6][7].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокордатос.[8]
Демографија
уредиДо 1928 година во селото биле населени 157 бегалци од Турција.[9] Во 1928 година селото броело 157 жители, додека во 1940 година селото броело 171 жител. Селото во пописот од 1961 година броело 199 жители, во 1971 година имало 111 жители, во 1981 година имало 81 жител, додека во 1991 година имало 87 жители[10]. Денеска, населението на селото е 59 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 171 | — | 199 | 111 | 81 | 87 | — | 59 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век, II издание. София, Наука и Изкуство, 1989. OCLC 65565171.
- ↑ Стојановски, Александар. Турски документи за историјата на Македонија. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Сер и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе, Државен архив на Република Македонија, 2007. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759. с. 82-83.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 40.