За истоименото село, видете Куклиш.
Општина Куклиш
денес дел од Општина Струмица


Општи податоци
Седиште Куклиш
Демографија
Население 4.449[1] жит.
Населени места
Самоуправа
Контактни податоци

Општина Куклишпоранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година,[2] а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена со Општина Струмица. Седиште на општината било селото Куклиш.[2]

Населени места

уреди

Во Општина Куклиш спаѓале следниве села: Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Орманли, Раборци, Свидовица, Три Води и Чепели.

Население

уреди

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, општината Куклиш брои 4.449 жители[1], од кои:

националност број
Македонци 4.231
Турци 212
Срби 4
останати 2

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 16 април 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијална поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.