Крсто Георгиев - Новоселски
Крсто Георгиев - Новоселски (~ 1875 во Ново Село (Струмичко) — 1905 во Моноспитово, Струмичко) — македонски револуционер и војвода, член на Месниот комитет на ТМОРО во Ново Село (Струмичко).[1][2]
Животопис
уредиКрсто бил револуционер ѝ соработник на Гоце Делчев. На 25 годишна возраст, станал местен војвода на чета од 20 до 30 комити.[3] Тој е дел од Струмичката афера (1901 година), во која добил наредба да го ликвидира Георги Ѓозев, кој отворено насекаде зборувал за извршените убиства од организацијата врз 5-мина Албанци од Ново Село.[4] Со, крајот на Аферата Мис Стон (1902 година) и зачестените борби помеѓу врховистите и централистите, Крсто заедно со Андреј Докурчев и Велко (од Ново Село), биле придружба на Гоце Делчев и Иван Манолев, кои ги пренеле преку Дабиље, Куклиш до Костурино. По крвавата битка помеѓу четите на Андон Ќосето и турскиот аскер одиграна на Митровден (8 февруари 1902 година), во селото Бориево, четата на Крсто Георгиев се споила со четата на Ќосето и заедно успеале да ги одминат сите потери кои биле пратени по нив. По овој настан сите околни села биле изложени на терор и репресалии од турскиот аскер.[5]
Поради учество во Илинденското востание, одлежал затвор од шест месеци. По амнестирањето се вратил во својот роден крај. Во 1905 година неговите четници и оние на Лука Иванов, пристигнале во селото Куклиш со 40 товари оружје и муниција со цел да ги пренесат во јужна и централна Македонија (Гевгелиско и планината Кожуф). Но, кај селата Куклиш, на 4 февруари,[2] 1905 година биле пресретнати од Турците, по што била започната битка, во која настрадале мештаните, но и нивните куќи и добиток.[3]
Бил ранет кај село Корино (декември, 1905 година). Се засолнил во селото Моноспитово, каде бил повторно опколен ѝ немајќи излез се самоубил.[2]
Наводи
уреди- ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 66. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 346. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ 3,0 3,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 125. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
- ↑ Ѓорѓиев, Ванчо (2016). Андон Јанев – Ќосето (PDF). Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 129, 153. ISBN 978-608-238-105-3.
Литература
уредиМанол Пандевски, Ѓорѓи Стоев-Трнката - Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.