Крањска
Крањска (словенечки: Kranjska; германски: Krain; италијански: Carniola; унгарски: Krajna) — историски регион кој опфаќа делови од денешна Словенија. Иако како целина повеќе не постои, Словенците кои живеат во поранешните граници на регионот сè уште имаат тенденција да се идентификуваат со неговите традиционални делови Горна Крањска (Горењска), Долна Крањска (Долењска) и во помал степен со Внатрешна Крањска (Нотрањска). Во 1991 година, 47% од населението на Словенија живеело во границите на поранешното Војводство Крањска.
Крањска Kranjska | |
---|---|
Историско-географска област | |
Зградата на покраинското собрание на Крањска во Љубљана, исто така седиште на Регионалниот комитет и гувернерот на Војводството Крањска, денес седиште на Универзитетот во Љубљана | |
Карта на Крањска од 1791 година | |
Држава | Словенија |
Надм. вис. | 400 м |
Општ опис
уредиДржава на Средновековната Германска Империја во Австрискиот Круг и војводство во наследен посед на Хабсбурговците, подоцна дел од Австриската Империја и на Австроунгарија, регионот бил крунска земја од 1849 година, кога исто така бил поделен на Горењска, Долењска и Нотрањска, до 1918 година. Втората половина на 13 век, нејзиниот главен град бил Љубљана (Лајбах). Претходните господари на Крањска имале свои места во Крањ (Крајнбург) и Камник (Штајн), кои затоа понекогаш се нарекуваат нејзини претходни престолнини. Во денешно време, нејзината територија (во обемот на нејзиното распаѓање) е речиси целосно сместена во Словенија, освен мал дел во северозападна Италија, околу Фузине во Валромана (Бела Печ).[1][note 1] Крањска во нејзиниот краен облик во 1815 година,[2] опфаќала 9,904 км2.[3] Во 1914 година, пред почетокот на Првата светска војна, имало население од нешто помалку од 530.000 жители, од кои 95% биле Словенци.[2]
Географија
уредиНиз регионот минуваат Јулиските Алпи и Караванките. Највисоките планински врвови се Нанос, 1,300 м; Времшчица, 1,020 м; Снежник, 1,800 м; и Триглав, 2,800 м. Главните реки се Сава, Тржичка Бистрица, Кокра, Камничка Бистрица, Сора, Љубљаница, Мирна, Крка и Колпа. Позначајни езера се Црно Езеро, Бохињско Езеро, Бледско Езеро и Церкинчко Езеро.
Во близина се наоѓа Љубљанскоto Блато и низа топли и минерални извори што може да бидат најдени во Долењске Топлице, Шмарјешке Топлице и Излаке.[4]
Земјоделството напредувало повеќе во Горењска отколку во Долењска. Випавската Долина била особено позната по виното и зеленчукот и по својата блага клима. Просечната температура e 13 °C во пролет, 25 °C во лето, 15 °C во есен и -3 °C во зима.
Во 1910 година главните железници биле Јужната, „Принц Рудолф“, Бохињска, Камничка, Долењска и Врхниканската железница. Поважните градови и паланки во регионот биле Камник, Крањ, Тржич, Врхника, Випава, Идрија, Турјак, Рибница, Метлика, Ново Место и Ваче.[4]
Поврзано
уредиЗабелешки
уреди- ↑ Во степенот на нејзиното распуштање.
Наводи
уреди- ↑ Perko, Drago; Orožen Adamič, Milan (1998). „Zgodovinske dežele Slovenije“ [Историски земјо во Словенија]. Slovenija: pokrajina in ljudje [Slovenia: Its Landscape and Its People] (словенечки) (3. izdaja. изд.). Mladinska knjiga. стр. 16. ISBN 9788611150338.
- ↑ 2,0 2,1 Pipp, Lojze (1935). „Razvoj števila prebivalstva Ljubljane in bivše vojvodine Kranjske“ [Развој на бројот на населението на Љубљана и поранешното Војводство Крањска]. Kronika Slovenskih Mest (словенечки). Градска општина Љубљана. 2 (1).
- ↑ Perko, Drago; Orožen Adamič, Milan, уред. (1998). Slovenija – pokrajine in ljudje [Словенија - покраини и луѓе] (словенечки). Mladinska knjiga. стр. 16. ISBN 9788611150338.
- ↑ 4,0 4,1 Една или повеќе од речениците погоре содржат текст од дело сега во јавна сопственост: Krmpotić, Martin Davorin (1910). . Во Herbermann, Charles (уред.). Catholic Encyclopedia. 8. Robert Appleton Company.CS1-одржување: ref=harv (link)
Дополнителна книжевност
уреди- Dimitz, August (2013) [1875], History of Carniola: From Primeval Times to the death of Emperor Frederick III (1493), I, Witter, Andrew J., translator, Slovenian Genealogical Society International, ISBN 978-1-48360-408-4
- Dimitz, August (2013) [1875], History of Carniola: From the Accession of Maximilian I (1493) to the Year 1813, II, Witter, Andrew J., translator, Slovenian Genealogical Society International, ISBN 978-1-48360-410-7
- Dimitz, August (2013) [1875], History of Carniola: From the Accession of Archduke Karl to Leopold I (1564–1657), III, Witter, Andrew J., translator, Slovenian Genealogical Society International, ISBN 978-1-48360-412-1
- Dimitz, August (2013) [1875], History of Carniola: To the end of French Rule in Illyria (1813), IV, Witter, Andrew J., translator, Slovenian Genealogical Society International, ISBN 978-1-48360-417-6
Надворешни врски
уреди„Крањска“ на Ризницата ? |