Мисионер
Мисионер — член на верска група испратен во странска земја или заедница за да прозелитира (шири своја религија) и да ги сподели своите верувања. Мисионерите често работат за да ги проповедаат учењата на нивната вера, да обезбедат образование и писменост, и да помогнат во општествените прашања како што се здравствената заштита и сиромаштијата.[1][2]
Зборот „мисија“ потекнува од 1598 г., кога исусовците испратени во странство го извеле од латинското missionem (што значи „чин на испраќање“).[3] Изразот најчесто се користи за христијански мисии, но може да се користи за секоја вера или идеологија.[4]
По вера
уредиХристијански мисии
уредиХристијански мисионер е некој што ја споделува својата вера во различни култури.[5] Лозанскиот конгрес од 1974 г. ја опишал целта на еден мисионер како создавање нови месни цркви што можат да растат и да напредуваат.
Мисионерите работат во многу земји низ светот. Во Библијата, Исус им вели на своите ученици (апостолите) да ги шират неговите учења на сите (Матеј 28:19–20, Марко 16:15–18). Ова напатствие е познато како Големата задача и е клучно вдахновение за мисионерската работа.
Наводи
уреди- ↑ Missionary | Define Missionary at Dictionary.com. Dictionary.reference.com.
- ↑ Thomas Hale 'On Being a Missionary' 2003, William Carey Library Pub, ISBN 0-87808-255-7
- ↑ Online Etymology Dictionary. Etymonline.com.
- ↑ For example, Buddhism launched „the first large-scale missionary effort in the history of the world's religions“ in the 3rd century BCE. (Richard Foltz, Religions of the Silk Road, Palgrave Macmillan, 2nd edition, 2010, с. 37 ISBN 978-0-230-62125-1)
- ↑ Thomas Hale 'On Being a Missionary' 2003, William Carey Library Pub, ISBN 0-87808-255-7.
Надворешни врски
уреди- Missionary eTexts
- Project on Religion and Economic Change, Protestant Mission Stations
- LFM. Social sciences & Missions
- Henry Martyn Centre for the study of mission & world Christianity
- William Carey Library, Mission Resources
- Hiney, Thomas: On the Missionary Trail, New York: Atlantic Monthly Press (2000), pp. 5–22. Предлошка:ISBN?
- EtymologyOnLine (светска историја)