Борово (Голо Брдо)

село во Голо Брдо, Албанија

Борово (албански: Borovë) — село во општината Либражд на Елбасанската област, источна Албанија.

Борово
Borovë
село
Борово is located in Албанија
Борово
Борово
Координати: 41°20′45″N 20°25′47″E / 41.34583° СГШ; 20.42972° ИГД / 41.34583; 20.42972
Земја Албанија
ОбластЕлбасан
ОпштинаЛибражд
Општ. един.Стеблево
Надм. вис.&10000000000000927000000927 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LB

Географија

уреди

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи северозападно од Стеблево, североисточно од Забзун и југозападно од Клење. Крај селото минува Боровска Река која на запад се влева во Окштунска Река.

Историја

уреди

Според едно предание, селото го основале влашки сточари.[1] Албанизацијата на Борово и Забзун почнала порано, но населението долго време останало двојазично. Жителите се албанизирани торбеши (Македонци-муслимани).

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боро (Boro) е село со 50 домаќинства сочинети од 113 „Албанци-муслимани“ (се мисли на поалбанчени или мешани).[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Борово живееле 280 Македонци-христијани, но ова може да е грешка.[3][4]

По Балканските војни во 1913 г. Борово влегло во состав на новосоздадена Албанија.

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во август 1930 г. Борово веќе се води како село со 70 куќи на „Албанци“.[5]

Според податок на Миленко Филиповиќ издаден во 1940 г. селото броело 180-200 куќи, чии жители зборувале нечист албански, но тој не бил правилен, туку мешан со македонски.[1]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Стеблево.

Иселеништво

уреди

Во 1940 г. М. Филиповиќ забележал дека г-ѓа Милјана, мајката на скопскиот претприемач Јован Дамјанов Вичишки била од Борово.[1]

Според истражувањата од XX век во Корошишта, Струшко живе родот Борова, кои се доселеници од Борово. Според истражувањето на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите родот опфаќал 6 куќи во селото,[6] а според сознанијата на Јован Трифуноски од 1977-79 г. истиот нараснал на 12 куќи.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 39.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
  5. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  6. Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Корошишта. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
  7. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.