Гробишта (Корошишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Гробишта“
| |
Местоположба | 41°14′57″N 20°44′54″E / 41.24917° СГШ; 20.74833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Корошишта |
Општина | Струга |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Гробишта или Чифлик — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Корошишта. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500-800 м од селото, под местото на коешто се наоѓал каменолом. На падина обрасната со густи грмушки биле откриени 4 засводени гробници, во кои имало керамички садови и друг археолошки материјал. Во околните ниви, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти. На површината се пронајдени многубројни фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и градежен материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[1]
Поврзано
уреди- Корошишта;
- Герамидница — населба од доцноантичко време;
- Главина — црква и некропола од средниот век;
- Кале — утврдена населба од железно, доцноантичко време и среден век;
- Латинска црква — сакрален објект од доцноантичко време;
- Расница — населба од доцноантичко време и гробница од архајскиот период;
- Шаркуецка — црква и некропола од средниот век;
- Шекеими — црква од средниот век.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |