Отвори го главното мени

Зеланд или Шеланд (дан. Sjælland) е најголемиот остров на Данска. Поврзан е со Фунен во Данска со Мостот преку Големиот Појас и со Шведска преку Амагер и со Ересундскиот мост.

Зеланд
Sjælland
Stevns Klint.jpg
Стевнските Карпи јужно од Копенхаген
Географија
МестоБалтичко Море
Координати55°30′N 11°45′E / 55.500° СГШ; 11.750° ИГД / 55.500; 11.750Координати: 55°30′N 11°45′E / 55.500° СГШ; 11.750° ИГД / 55.500; 11.750
Површина7.031 км2
Управување
РегионПрестолнински, Зеланд
Најголема населбаКопенхаген (pop. 1.181.239)
Демографија
Население2.491.090
Густина на население354,3 /km2 (9.176 /sq mi)
Гефјон како го откорнува Зеланд од Шведска.

Главниот град на Данска, Копенхаген, е делумно расположен на источниот брег на Зеланд, а делумно на Амагер. Други градови на островот се Роскилде и Хелсингер.

Митолошко потеклоУреди

Според нордиската митологија, островот го создала божицата Гефјон откако го измамила кралот на Шведска, Гилфи, согласно преданието „Измамата на Гилфи“ (Gylfaginning). Таа откорнала парче земја и го одвела во Данска, каде било наречено Зеланд. Дупката се наполнила со вода, и така настанало езерото Меларен.[1] На современите карти се забележува сличноста помеѓу островот и езерото Венерн, па затоа некои сметаат дека приказната се однесува на ова место.

ГеографијаУреди

Зеланд е најнаселениот остров на Данска, со вкупно 2.491.090 жители[2] и, со површина од 7.031 км2, втор по големина во кралството, по Гренланд. Островот е поврзан со Фунен со мостот преку Големиот Појас и од покраината Сканија во Шведска со Ересундскиот мост. Има неправилен облик, и сместен е северно од островите Лоланд, Фалстер и Мен.

Населени местаУреди

Ова е список на населени места на островот, подредени по број на жители.

Бр. Место Општина Population
1 Копенхаген повеќе 1.213.822
2 Роскилде Роскилде 47.828
3 Хелсингер Хелсингер 46.368
4 Херсхолм повеќе 45.865
5 Нествед Нествед 41.857
6 Кеге Кеге 35.295
7 Тоструп Хеје-Тоструп 32.719
8 Слагелсе Слагелсе 32.133
9 Хилерод Хилеред 30.570
10 Холбек Холбек 27.195
11 Рингстед Рингстед 21.412
12 Елстике-Стенлесе Егедал 20.984
13 Биркеред Рудерсдал 19.919
14 Молев-Смерумнедре повеќе 19.143
15 Фарум Фуресе 18.422
16 Калундборг Калундборг 16.303
17 Лилеред Алеред 15.795
18 Фредерикссунд Фредерикссунд 15.602
19 Сулред Странд Сулред 15.159
20 Корсер Сладелсе 14.538
21 Верлесе Фуресе 12.842
22 Фредериксверк Халснес 12.191
23 Драгер Драгер 11.683
24 Вордингборг Вордингборг 11.643
25 Хедехусене-Фленг Хеје Тоструп 11.345
26 Хаслев Факсе 11.201

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Gefion, Den Store Danske Encyklopædi
  2. Енциклопедија Британика. „Зеланд“. britannica.com. конс. 28 февруари 2012.  (англиски)

Надворешни врскиУреди