Црква „Св. Илија“ - Клисели

црква во Клисели, Лагадинско

Свети Илија (грчки: Προφήτη Ηλία) — црква во селото Клисели, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Илија
Προφήτη Ηλία
Карта
40°41′19.20″N 23°16′32.61″E / 40.6886667° СГШ; 23.2757250° ИГД / 40.6886667; 23.2757250
МестоКлисели, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXX век
Управа
Архијерејско намесништвоРендинско
ЕпархијаЛагадинско-ајватовско-рендинска

Црквата е гробишен храм во северозападниот дел на селото. Изграден е во XX век врз темелите на постара црква со истото име. Во 1926 г. селото е преименувано во Профитис („Пророк“) во чест на светецот. Внатре се зачувани вредни предмети од стариот храм — 55 преносливи икони, едни царски двери, украсно плато на дверите, 6 литургиски предмети и 30 старопечатени книги. Иконите се од XVIII и XIX век. Некои од нив се потпишани од познати зографи како Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Меѓу книгите се издвојуваат две евангелија со сребрена опкова и еден неделник. Во некои од книгите има приписки како стиховите на извесен поп Атанас, кои имаат книжевна вредност.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXXIII. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018.