Вил и Грејс е популарна и наградувана американска серија, прикажувана од 1998 до 2006. Главни ликови се Вил Труман, адвокат, хомосексуалец, и неговата најдобра другарка Грејс Адлер, еврејка која има сопствена фирма за дизајн, потоа Карен Вокер, богат сноб и Џек Мекфарленд, женствен хомосексуалец кој се бори со својата глумачка кариера. Серијата е сместена во Њујорк.

Вил и Грејс
200пх
Лого на серијата
Жанрситком
Создадена одДејвид Коен
Макс Матчник
УлогиЕрик МекКормек
Дебра Месинг
Шон Хејс
Меган Мулали
Шели Морисон
Земја на потекло САД
Бр. на сезони8
Бр. на епизоди194
Производство
Времетраење23 минути
Прикажување
Првична мрежаNBC‏‎
Првично прикажување21 септември 1998 – 18 мај 2006
Надворешни врски
Мрежна страницаnbc.com/will-and-grace

Премиерата на серијата беше на NBC‏‎, на 21 септември 1998, и нејзината популарност сè повеќе растеше. Меѓутоа, по завршувањето на Пријатели на истата телевизија, а воедно и шестата сезона на Вил и Грејс, гледаноста постепено опаѓапше.

Последната епизода беше емитувана на 18 мај 2006, по која беше прикажана едночасовна ретроспектива. Последната епизода беше гледана од 18,1 милион гледачи. Во 2014 година, Writers Guild of America го сместил ситкомот на 94 место на нивната листа на 101 најдобро напишана ТВ серија на сите времиња.[1]

Вил и Грејс беше снимана пред публика во живо (барем поголемиот дел сцени и епизоди) во Stage 17 во CBS Studio Center.[2]

Кај нас, серијата ја прикажа Сител.

Дејствие

уреди

Врската на Вил и Грејс во првите епизоди

уреди

Вил и Грејс првпат се среќаваат во Универзитетот Колумбија во 1985. Веднаш почнуваат да се забавуваат. Тогаш, Вил подготвува забава на која ќе биде и Џек, и по забавата, го обвинува Вил затоа што не си ја признава својата сексуална ориентација. Откако ќе ја запроси Грејс (само за да не спие со неа), Вил конечно и признава дека е геј[3]. Грејс го исфрла од својата куќа и двајцата не зборуваат една година, но случајно се среќаваат на денот на благодарноста следната година, во 1986, во супермаркет. Тие се смируваат и стануваат најдобри пријатели. (Сите овие настани можеме да ги видиме во понатамошните сезони на серијата, како сеќавања). Исто така, покажуваат искрена љубов еден за друг, со тоа што Грејс ќе се согласи да биде мајка на бебето на Вил.

Како цимери

уреди

Во пилот епизодата, Грејс треба да се венча со нејзиното момче Дени. Кога Вил не се согласува со тоа, таа се лути и, сепак, планира тајно да се венча. Меѓутоа, на пат кон свадбата, сфаќа дека Вил е во право, и бега. Во потрага по стан, се вселува со Вил, во неговиот стан на Апер Вест Сајд во Њујорк. Вил и Грејс поминуваат многу време заедно, како и со нивните пријатели, Џек Мекфарлед и Карен Вокер. Џек се бори да ја истурка својата глумачка кариера, но во текот на серијата наоѓа многу работи, како на пример келнер, професор по глума, танчар за пеjачки како Џенифер Лопес и Џенет Џексон, и ТВ продуцент. Карен е мултимилионерка, пијаница, која работи како асистентка на Грејс само за да не биде цело време дома со нејзиниот маж Стен и неговите деца, Месон и Оливија.

Серијата исто така ги следи напорите на Вил и Грејс да започнат сериозни врски без да се повредат меѓусебно. Џек и Карен често се шегуваат кога се обраќаат на Вил и Грејс како да се во брак без секс. Во почетокот на втората сезона, Грејс се пресели во свој стан, веднаш преку ходникот од станот на Вил, но повторно ќе се вселат заедно на почетокот на третата сезона. Таа исто така повторно ќе се одсели од Вил откако ќе се венча во петтата сезона, но повторно ќе му се врати откако ќе се разведе во седмата сезона.

Врски

уреди

Во текот на серијата, Грејс има повеќе љубовници, кои често се фрустрирани поради нејзината врска со Вил, љубоморни на нивната блискост, лични шеги и способноста да си ги завршуваат речениците еден на друг. Евентуално, таа се венчава со Лео, на кого не му пречи нејзината врска со Вил. Кога Грејс ќе се вознемири поради престојното шест-месечно отсуствно на Лео, ќе го замоли Вил да спие со нив (платонски), а Лео на тоа шеговито одговара дека знаел дека еднаш и тоа ќе се случи. Грејс и Лео се разделуваат во финалето на шестата сезона, откако Грејс ќе открие дека Лео ја изневерил додека бил во Камбоџа со Доктори Без Граници.

Вил е понеуспешен на тој план. Имал седумгодишна врска со маж наречен Мајкл, но тие раскинале уште пред почетокот на серијата. Вил и нема многу интерес кон долготрајна љубовна врска, сè до пролетта 2004, кога ќе го сретне Винс, полицаец. Нивната врска трае до пролетта 2005, кога Винс ќе ја изгуби својата работа и решаваат да земат пауза.

Џек, чија кариера е безнадежен сон, евентуално наоѓа работа како продавач и се венчава (а подоцна разведува) со слугинката и пријателка на Карен, Росарио Саласар за да и помогне да земе американско државјанство. Исто така, откриваме дека тој има син, Елиот, кој бил зачнат преку вештачко оплодување на жена наречена Бони, лезбијка глумена од Рози О Донел.

Сопругот на Карен, Стен Вокер е опишан како екстремно богат и дебел човек со чуден сескуален вкус. Тие ќе се разведуваат на крајот на петтата сезона откако Карен ќе го фати како ја изневерува со неговата британска љубовница, Лорејн Финстер. За време на нивниот развод, Стен умира, а во шестата сезона Карен доживува други авантури, кои кулминираат со нејзиниот 20-минутен брак со таткото на Лорејн, Лајл (Џон Клиз). На крајот на седмата сезона се открива дека Стен ја изглумил својата смрт.

Конфликти

уреди

Во петтата сезона, Вил и Грејс ја имаат својата најголема караница од почетокот на серијата. Вил и Грејс решија да имаат дете по пат на вештачко оплодување, меѓутоа, Грејс го среќава Лео, се вљубува во него и почнува да има сомнежи во врска со претходниот план. Вил и Грејс се караат и Грејс комплетно се откажува од планот. Двајцата сочно се караат и решаваат да ја прекинат својата врска. Карен и Џек прават план за повторно да ги смират, и во тоа успеваат.

Наводи

уреди
  1. Team, The Deadline (June 3, 2013). '101 Best Written TV Series Of All Time' From WGA/TV Guide: Complete List“. Посетено на September 22, 2017.
  2. „Goodnight, Gracie: 'Will & Grace' ends landmark run“. SignOnSanDiego. May 9, 2006. Архивирано од изворникот на February 9, 2009. Посетено на March 23, 2008.
  3. Cooper, Evan (December 1, 2003). „Decoding Will and Grace: Mass Audience Reception of a Popular Network Situation Comedy“. Sociological Perspectives. California State University. 46 (4): 513–533. doi:10.1525/sop.2003.46.4.513. S2CID 7838353. Посетено на December 13, 2015. The television situation comedy Will and Grace is notable as the first successful network prime-time series to feature gay characters in a gay milieu.

Надворешни врски

уреди