Собата на Марвин
„Собата на Марвин“ (англиски: Marvin's Room) — американски филм од 1996 година, во режија на Џери Закс. Главните улоги ги толкуваат: Мерил Стрип, Роберт де Ниро, Дајан Китон и Леонардо Ди Каприо. Филмот е снимен според истоимената театарска претстава на Скот Мекферсон. За својата улога, Китон ја освоила наградата „Оскар“.[1]
Содржина
уредиФилмот прикажува дисфункционално семејство, чии членови повторно се зближуваат по повод една тешка болест. Ли и Беси се сестри кои живеат во различни држави и не разговараат веќе 20 години, откако татко им доживеал мозочен удар. За тоа време, Беси ги негува болниот татко и сенилната тетка Рут. Но, кога Беси се разболува од леукемија, таа мора по секоја цена да ги пронајде Ли и нејзиниот син за да донираат коскена срцевина. За време на престојот кај сестра си, Ли и нејзиниот син хенк се зближуваат со Беси...[2] .[3]
Наводи
уреди- ↑ Марвинова соба (пристапено на 24.2.2024)
- ↑ Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 22.
- ↑ „Собата на Марвин“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 22.