Кавалерски шпаниел на Кралот Чарлс (Cavalier King Charles Spaniel) е мала раса на куче од типот Шпаниел и е класифицран како мало куче според повеќето одгледувачници за кучиња (Kennel Clubs). Тоа е една од најпопуларните раси на кучиња во Велика Британија. Од 2000 година, нејзината популарност се зголемува и во Соединетите Американски Држави. Таа е малку помала раса од шпаниелот, а возрасниот кавалерски шпаниел има често иста големина со возраснте кучиња од други шпаниел раси. Има свилено меко крзно и нескратена опашка. Стандардот на оваа раса разликува четири бои: Блиндхајм (бело-костенлива), Триколор (црна, бела, темнокафена), Црна и темнокафена, и Руби (костенлива). Оваа раса е дружељубива, нежна и добра и со децата и со други животни.

Блиндхајм-обоен кавалерски шпаниел.

Кавалерскиот шпаниел драстично се променил во доцниот 17 век, кога бил вкрстен со раса кучиња со сплескан нос. До 20-тите години на 20 век, кавалерскиот шпаниел делел иста историја со малиот шпаниел на Кралот Чарлс. Одгледувачите се обиделе да го пресоздадат тоа што тие сметелe дека e оригинална верзија на оваа раса, куче што ќе биде слично на она на Чарлс Втори за време на Реставрацијата.

Различни здравствени проблеми влијаат на оваа раса, особено митрално валвуралните болести, што доведуваат до неправилно работење на срцето. Ова се појавува кај повеќето кавалерски шпаниели во одреден период од нивниот живот и е најчестата причина за смрт. Оваа раса, исто така, може да боледува и од сирингомиелија, деформација на черепот која го намалува просторот наменет за мозокот. Кавалерските шпаниели можат да имаат и ушни заболувања, што е вообичаено за повеќе различни шпаниел раси, а може и да страдаат од такви проблеми како што е дисплазијата на колкови, што често се јавува кај повеќе различни раси на кучиња.

Историја

уреди
 
Петте деца на Чарлс Први од Англија (1637) насликана од Антонис ван Дајк; има шпаниел од таа ера на десниот долен агол.

За време на 16 век, мала раса на шпаниел била популарна меѓу благородништвото во Англија. Луѓето од тоа време верувале дека овие кучиња можеле да ги бркаат болвите, а некои, пак, верувале дека тие можеле дури да заштитуваат од различни стомачни болки. Овие кучиња биле понекогаш нарекувани „Нежни Шпаниели“ или „Утешители“, затоа што дамите кога се возеле во кочија си земале такво куче во скут за да ги топли во зима. Чарлс Први чувал шпаниел наречен Раскал додела престојувал во замокот Карисбрук. Сепак, оваа раса почесто се поврзува со Чарлс Втори, кој кажал дека „Неговото Височество ретко го гледале без своите мали кучиња.“ Постои дури и мит дека тој издал указ дека во ниедно јавно место не сме да му биде забранет влезот на било кое куче од оваа раса.

За време на владеењето на Кралот Вилијам Трети и Кралицата Мари Втора, расата на шпаниели со долг нос не била веќе во тренд. Расата на кучиња Мопс била фаворизирана во тоа време во Холандија, така што со холандското потекло на Вилијам Трети, таа станала популарна и во Англија. Во ова време, можно е да се појавило вкрстување со мопсот, или други раси со сплескан нос, затоа што Кралот Чарлс имал земено некои одлики од мопсот, но како и да е, модерниот кавалерски шпаниел сепак се создал. Во „Кучето“ од 1852 година, промената на расата беше критикувана:

Денешната раса на Кралот Чарлс е променета на полошо. Муцката е исто толку кратка, челото е грдо и истакнато, како на боксер. Очите се зголемени за да бидат двојно поголеми од нивната оригинална големина, и лицето има глупав изглед кој премногу одговара со карактерот на кучето. Сепак, сèуште ги има долгите уши и нежната мекост на крзното, како и неговите убави бои, и за овие квалитети, продавачите не се сомневаат да побараат дваесет, триесет, па дури и педесет гинеи (британски парички) од купувачите.

За време на почетокот на 18 век, Џон Черчил, првиот Војвода на Марлборо, чувал црвеникаво-бел вид на шпаниели од типот на оние на Кралот Чарлс за ловење. Војводата забележал дека тие можат да бидат во чекор со галопирачки коњ. Неговиот имот се викал Блиндхајм во чест на неговата победа во Битката кај Блиндхајм. Поради неговото влијание, црвеникаво-белиот вид кавалерски шпаниели на Кралот Чарлс станале познати како Блиндхајм.

На почетокот на 20 век, биле направени обиди за пресоздавање на оригиналната раса шпаниели на Кралот Чарлс, употребувајќи ја сега веќе изумрената раса шпаниели Toy Trawler Spaniel. Овие обиди биле документирани од страна на 16-тата бароница на Вентворт, Џудит Блант-Литон, во книгата „Мали Кучиња и Нивните Предци, вклучувајќи ги и Историјата и Управувањето на Малите Шпаниели, Пекинезери, Јапонски и Померански кучиња“, објавена под името „Х. Г-ѓа Невил Литон“ (“Hon. Mrs Neville Lytton”) во 1911 година.

Отстапување од шпаниелот на Кралот Чарлс

уреди
 
Два кавалерски шпаниели на Кралот Чарлс на Лонг Ајленд.

Во 1926 година, американецот Розвел Елдриџ му понуди на едно кучешко шоу награда од 25 фунти за секое машко и женско куче од „старата Блиндхајм раса, како што била претставена на сликите на Чарлс Втори од Англија, со долго лице, рамен череп и со дамка во центарот на черепот.“ Одгледувачите од тоа време биле згрозени, но сепак неколку земале учество во натпреварот со шпаниели на Кралот Чарлс за кои сметале дека се никакви и некомпетентни. Елдриџ умрел пред да го види неговиот план реализиран, но неколку одгледувачи верувале во тоа што тој го кажал, па така во 1928 година, се формирал првиот клуб на кавалерски шпаниели. Бил создаден првиот стандард, заснован на куче наречено „Синот на Ен“ (“Ann’s Son”) кое било во споственост на Мостин Вокер, а одгледувачницата за кучиња (Kennel Club) ја признала оваа раса како „Шпаниели на Кралот Чарлс, тип: Кавалери.“

Втората светска војна предизвикала драстичан пад на оваа раса, со огромно мнозинство од оваа раса уништено поради тешките услови. На пример, во одгледувачницата за кавалерски шпаниели Ttiweh, популацијата на оваа раса паднала од шеесет на само три за време на 40-тите години од 20 век. По војната, само шест кучиња можеле да придонесат за размножување на оваа раса. Имињата на овие кучиња биле Ann's Son, неговиот помал брат Wizbang Timothy, Carlo of Ttiweh, Duce of Braemore, Kobba of Kuranda и Aristide of Ttiweh. Бројката на шпаниели постепено се зголемувала, a во 1945 година, одгледувачницата за кучиња ја признала оваа раса и нејзините права како Кавалерски шпаниел на Кралот Чарлс.

Историјата на оваа раса во Америка е прилично неодамнешна. Првиот жив кавалерски шпаниел во САД бил донесен од Велика Британија во 1956 година од В. Лион Браун, заедно со Елизабет Спалдинг и некои други ентузијасти, кои основале одгледувачницата за кучиња (Kennel Club) во САД (Cavalier King Charles Club USA), која што и денес постои. Во 1994 година, друга американска одгледувачница за кучиња (American Cavalier King Charles Spaniel Club) била создадена од група одгледувачи кои ја пријавилe оваа раса за признавање во главната америкaнска одгледувачница за кучиња (American Kennel Club). Кавалерскиот шпаниел е конечно признат во 1997 година и втората американска одгледувачница за кучиња (American Cavalier King Charles Spaniel Club) станала матична одгледувачница на кавелерските шпаниели.

Опис

уреди
 
Кавалерските шпаниели на Кралот Чарлс традиционално доаѓаат во четири бои: Блиндхајм, Триколор и Руби се прикажани на сликава, соодветно.

Кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс е едно од најголемите кочиња од класата мали кучиња. Во историјата се сметало за „куче за во скут“ (lap dog), но и денешниот возрасен кавалерски шпаниел може да го збере в нечиј скут. Како и да е, мал е за шпаниел, затоа што возрасните кавалерски шпаниели имаат големина на други поголеми раси на шпаниели кога се адолесценти. Стандардите на оваа раса велат дека висината на кавалерскиот шпаниел треба да биде помеѓу 30 и 33 сантиметри со пропорционална тежина помеѓу 4.5 и 8.2 килограми. Опашката обично не им се крати и нивното нежно крзно треба да има умерена должина. Стандардите, исто така, велат дека не треба да има локни, иако благо забранување е дозволено. Можат да растат влакна како перја на ушите, стапалата, нозете и опашката во зрелоста. Срандардите бараат овие да се одржуваат долги, со влакната на стапалата играјќи важна улога во одликите на нивната раса.

Кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс и Англискиот мал шпаниел често се мешаат. Во Велика Британија, Англискиот мал шпаниел е наречен шпаниел на Кралот Чарлс, додека, пак, во Соединетите Американски Држави, една од боите на малиот шпаниел е наречена Крал Чарлс. Двете раси имаат слична историја и се отстапиле една од друга пред околу 100 години. Има неколку огромни разлики помеѓу овие две раси; првичната е нивната големина. Додека кавалерскиот шпаниел тежи помеѓу 4.5 и 8.2 килограми, шпаниелот на Кралот Чарлс е помал и тежи од 4.1 до 5.4 килограми. Исто така, додека нивните одлики на лицето се слични, ушите на кавалерскиот шпаниел се наоѓаат повисоко и нивниот череп е рамен, додека, пак, черепот на шпаниелот на Кралот Чарлс не е. И како трето, муцката на кавалерскиот шпаниел е подолга за разлика од онаа на неговиот братучед, шпаниелот на Кралот Чарлс.

Боја

уреди
 
Црно-темнокафен кавалерски шпаниел.

Расата има четири признаени бои. Кавалерските шпаниели кои имаат богати костенливи белези на бисерно бела позадина се познати како Блиндхајм во чест на палатата Блиндхајм, каде што Џон Черчил, првиот Војвода на Марлборо ги одгледувал претходниците на оваа раса со баш ваква боја. Некои кучиња имаат костенлива дамка на средината на челото, која се вика „бленхајм дамка.“ Црна и темнокафена боја имаат оние кучиња кои имаат темнокафени белези на црна позадина, особено на веѓите, образите, нозете и под опашката. Оваа боја ја викаат „Крал Чарлс“ во расата шпаниели на Кралот Чарлс. Руби боја имаат оние кои се целите костенливи, иако некои може да имаат малку бела боја на крзното, што се смета за грешка според правилата на главната американска одгледувачница за кучиња. Четвртата боја е позната како Триколор, и кучињата со оваа боја се црно-бели со темнокафеави белези на образите, веѓите, внатрешната страна на ушите и нозете и под опашката. Оваа боја ја викаат „Принц Чарлс“ во расата шпаниели на Кралот Чарлс.

Популарност

уреди

Според статистиките на одгледувачницата за кучиња, кавалерските шпаниели беа шеста наjпопуларна раса на кучиња во Велика Британија во 2007 година, со 11.422 регистрации во една година. Лабрадор Ретриверите беа најпопуларни со 45.079 регистрации во една година. Нивната популарност се зголемува во Америка; во 1998 година, тие беа 56-та најпопуларна раса, но во 2007 и 2008 година тие беа на 25-то место. Тие се искачија повисоко во одредени градови во САД според статистиките од 2008 година, и беа 8-ми во Нешвил и Минеаполис-Св. Петар, 7-ми во Бостон, Атланта и Вашингтон, и 6-ти во Њујорк и Сан Франциско. Во 2009 година, кавалерскиот шпаниел беше 4-та најпопуларна раса на кучиња во Австралија со 3.196 регистрации во една година, веднаш по лабрадор ретриверот, германскиот овчар и бул териерот од Стафордшир. Исто така, има национални одгледувачници на кавалерски шпаниели во Белгија, Канада, Чешка, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Африка и Шведска.

Темперамент

уреди

Овие кучиња се многу мили, игриви, исклучително трпеливи и желни да угодат. Како такви, тие се добри со деца и други кучиња. Кавалерските шпаниели не се плашат да се социјализираат со поголеми кучиња. Можат брзо да се приспособат на каква било средина, семејство и место. Нивната способност да се зближуваат и дружат со други поголеми или помали кучиња ги прави идеални за чување во куќи со повеќе различни раси на кучиња, сè додека другите кучиња се тренирани. Расата е многу добрa со луѓе од секоја возраст, од деца до постари лица, што ги прави лесно приспособливи. Кавалерските шпаниели се наоѓаат на 44-тото место на списокот на најинтелигентни кучиња според Стенли Корен, имајќи просечна интелигенција кога е во прашање работата и послушноста. Тие се љубопитни и игриви по природа, но исто така уживаат и да се галат во скут.

Кавалерските шпаниели се активни и спортски настроени. Тие имаат инстинкт да бркаат работи во движење, вклучувајќи ги и улиците со гужви, така што тие не можат да се шетаат без ланче во близина на улици. Оваа раса исто така не би можела да биде чувар-куче, затоа што има тенденција веднаш да станува пријател со странци. Кавалерските шпаниели имаат силен ловечки инстинкт и може да се опасни за птици и мали животни. Како и да е, некои сопственици на оваа раса кучиња кажале дека нивните кавалерски шпаниели среќно живеат со различни мали животинчиња, вклучувајќи хрчаци и други глувчиња.

Здравје

уреди
 
Руби кавалерски шпаниел.

Кавалерските шпаниели често можат да страдаат од некои сериозни генетски здравствени проблеми, како раната митрално валвурна болест, потенцијално сериозно болната сирингомиелија, дисплазија на колковите, проблеми со колената, и одредени пореметувања со видот и слухот. Бидејќи денешните кавалерски шпаниели потекнуваат од шест раси на кучиња, секоја наследна болест која што се среќавала кај било која од тие раси може да биде пренесена на значителен број на идните генерации. Ова е познато како основачки ефект и е најчесто причина за пренесувањето на митрално валвурната болест на оваа раса. Здравствените проблеми кои ги дели со шпаниелот на Кралот Чарлс ги вклучуваат митрално валвурната болест, проблемите со колената и наследните очни болести како што се пердето и дисплазијата на очната мрежа.

Митрално валвуларна болест

уреди

Скоро сите кавалерски шпаниели страдаат од митрално валвуралната болест, што ги вклучува срцевите шумови, кои можат постепено да се влошат, што, пак, доведува до неправилно работење на срцето. Оваа состојба е полигенетска (погодена од повеќе гени), па така сите видови на кавалерски шпаниели се подложни. Тоа е главната причина за смрт на оваа раса. Анкета од одлегувачницата за кучиња од Велика Британија покажала дека 42,8% од причините за смрт на оваа раса се поврзани со срцето. Други вообичаени причини се ракот (12,3%) и староста (12,2%). Состојбата може да се појави на рана возраст и статистички може да се очекува да биде присутна кај повеќето кавалерски шпаниели на возраст од 5 години. Ретко се случува еден 10-годишен кавалерски шпаниел да нема шум на срце. Додека срцевите болести се генерално вообичаени за кучињата (едно од десет кучиња ќе има некогаш такви проблеми), митрално валвуралната болест обично се појавува во староста, како кај кучињата, така и кај луѓето. Отворите на митралната валвула на срцето попуштаат и постепено може да се влошат, заедно со преклопите на валвулите, доведувајќи до шум на срце (како што крвта тече преку валвулата помеѓу срцевите удари), па до когесивно неправилно работење на срцето. Кавалерскиот шпаниел е особено подложен на рани срцеви болести, коишто можат да бидат забележани кај кучиња на дури една до двегодишна возраст. Ветеринарните генетичари и кардиолози имаат развиено правила за размножување што ја елиминираат раната појава на срцеви болести кај оваа раса, но не е познатo дали статистички значителен број на одледувачи ги следат овие правила. Претседателот на одледувачницата за кучиња од Велика Британија изјавил дека „има многу членови на овој клуб кои сèуште не се подготвени здравствено да ги прегледуваат своите раси за размножување, а оние кои се, се чини дека повеќето од нив не би се двоумеле да одгледуваат и размножуваат раси од погодените кучиња." Овој протокол препорачува родителите да имаат најмалку 2.5 години и здраво срце, а пак нивните родители (бабата и дедото на кутрето) да имаат здраво срце до 5 години.

Сирингомиелија

уреди

Сирингомиелијата е болест која што ги погодува мозокот и ’рбетот, причинувајќи симптоми кои варираат од блага непријатност до силна болка и делумна парализа. Предизвикана е од деформации во долниот дел на черепот со што се намалува просторот во кој е сместен мозокот, компресирајќи го и често туркајќи го преку отворот на ’рбетниот мозок. Ова го блокира протокот на мозчно-’рбетната течност околу мозокот и ’рбетот и го зголемува притисокот на течноста, создавајќи турбуленции кои за возврат се очекува да создадат џебови со течност или сиринкси (нервни празнини исполнети со течност), од каде што доаѓа терминот „сирингомиелија“, во ’рбетниот мозок. Оваа болест е ретка кај другите раси, но станала широко распространета кај кавалерскиот шпаниел. Меѓунардни истражувања покажале дека во последните неколку години 90% од кавалерските шпаниели ја имаат оваа деформација, а 30-70% од нив имаат сиринкси. Како и да е, повеќето кучиња кои имаат сиринкси не се подложни на оваа болест. Иако нејзините симптоми можат да се појават на било која возраст, тие обично се појавуваат помеѓу шест месеци и четири години во 85% од кучињата подложни на оваа болест, според научниот истражувач Клер Расбриџ. Симптомитe вклучуваат чувствителност околу главата, вратот или рамената, често препознатливи по непријатност кај кучињата и чешање на вратот и рамената. Чешањето е најчесто унилатерално, т.е. само на едната страна од телото. Движењата на чешањето често се вршат без физички контакт со телото („чешање во воздух“). Ова однесување се појавува безволно и кучињата често можат да се чешаат додека одат, без да го сопрат одењето, што не е многу типично за нормалното чешање („подрипнувајќи како зајче“). Типичното чешање предизвикано од сирингомиелијата е обично полошо кога кучињата носат ланче околу вратот, се шетани на ланец, или се возбудени, најчесто веднаш од кога ќе станат или навечер пред да си легнат.

 
Ова Блиндхајм крзно има богато костенливи белези на бисерно бела позадина.

Не сите кучиња кои ја имаат оваа болест се чешаат и не сите кучиња кои се чешаат имаат болка, иако неколку водечки истражувања, вклучувајќи ги оние на д-р Клер Расбриџ од Велика Британија и оние на докторите Куртис Дуи и Доминик Марино од Соединетите Американски Држави, покажале дека каваелрските шпаниели кои имаат сирингомиелија и се чешаат е знак на болка и непријатност и на веќе постоечки невролошки оштетувања на задниот дел од ’рбетот. Ако се појави на рана возраст, првите знаци можат да бидат чешање или брзо појавување на сколиоза. Ако проблемот е сериозен, постои веројатност да имаат слаба проприоцепција (положба на телото), особено во однос на предните екстремитети. Несмасноста и паѓањето се резултат на овој проблем. Повеќето кучиња кои покажуваат симптоми на 4 години обично имаат влошувања на оваа состојба, иако и тоа варира.

Еден ветеринар ги отфрлува основните причини на чешањето и непријатноста како што се нечистотијата во ушите, болвите, алергиите, па дури и основното воспалување на средното уво, како и повреди на ’рбетот и екстремитетите, пред да заклучи дека се работи за сирингомиелија. Воспалението на средното уво има слични симптоми, но е многу полесна и поевтина болест за лечење. Синдромот „Епизодно Паѓање“ (Episodic Falling) може исто така да има слични симптоми. Митрално валвуларна снимка може да се направи за да се дијагностицира сирингомиелијата, по што може да се дијагностицира и воспаление на средното уво. Ако ветеринарот мисли дека се работи за сирингомиелија, тогаш тој ќе побара да се направи митрално валвуларна снимка. Невролозите им даваат оценка со потпишана потврда на оние кучиња кои направиле ваква снимка.

„Епизодно Паѓање“ (Episodic Falling)

уреди
 
Руби кавалерски шпаниел во снег.

Епизодното паѓање е пароксизмално нарушување на тонусот на мускулите предизвикано од вежби и напор, што значи дека мускулите на кучето имаат зголемен тонус и тие не можат да одмараат. Освен во сериозни случаи, овие појави се предизвикани од вежбање, возбуда и слично. Оваа болест е често грешно дијагностицирана како епилепсија, која обично резултира во губење на свест, кучето погодено од „епизодно паѓање“ останува при свест за време на овие епизоди. Сериозноста на симптомите може да варира од благи, повремени паѓања, до замрзнување, дури и до напади кои траат по неколку часа. Епизодите можат да станат повеќе или помалку сериозни како што кучето старее и не постои стандарден модел на нападите. Првите симптоми обично се појавуваат пред кучето да има 5 месеци, но може да се појават и на било која возраст. Оваа болест е слична на „Скоти грч“, што е типична болест кај Шкотските Териери.

Тромбоцитопенија и макро тромбоцитопенија

уреди

Според последните истажувања во Данска и во САД, околу половина кавалерски шпаниели имаат вродено нарушување на крвта наречено идиопатска асимптоматска тромбоцитопенија, што претставува невообичаено низок број на тромбоцити во крвта. Тромбоцитите се крвни зрнца во облик на плочка кои помагаат во згрутчувањето на крвта. Претерано мал број на овие зрнца се доста вообичаена причина за заболувања поврзани со крварењето кај кучињата. Тромбоцитите во крвта на доста кавалерски шпаниели се комбинација од оние со нормална големина и од оние кои се невообичаено преголеми, т.е. макро тромбоцити. Макротромбоцитозата е исто така вродена болест на крвта која е присутна кај една третина од оваа раса на кучиња. Овие големи тромбоцити функционираат нормално, и типичните кавалерски шпаниели обично немаат никакви здравствени проблеми поради нивната големина или нивниот недостаток во крвта.

Нарушувања на колената и колковите

уреди

Дисплазија на колковите е вообичаено генетска болест која ги погодува кавалерските шпаниели. Никогаш не е присутна веднаш по раѓањето, туку се развива со стареењето. Оваа болест се дијагностицира со икс-зраци, но не е секогаш видлива на овој начин сè додека кучето не созрее. Дури и кај возрасни кавалерски шпаниели кои имаат сериозна дисплазија на колоковите, икс-зраците не ја означуваат секогаш болеста. Во серијата истажувања на Ортопедската Фондација за Животни, кавалерскиот шпаниел бил на 78-мо место најпогодени раси од вкупно 157 раси. Најлошо погодените раси биле Боксерот, Мопсот и кучето типично за Францускиот регион Бордо (Dogue de Bordeaux).

Кавалерите се подложни на заболувања на бутната коска и коленото. Оваа болест е најзабележлива кога кучето е старо само 4 до 6 месеци. Во најсериозните случаи, потребна е и операција. Дијагностицирањето на оваа болест се движи од 1 (тесно колено) до 4 (толку олабавено колено, што чашката лесно може да му се одмести). Ако кучето има дијагноза од 1 до 2, тогаш физикалната терапија и вежбите можат да ја подобрат состојбата, така што се избегнува операција. Дијагнозите 3 и 4 се најсериозни каде што операција е многу веројатно потребна за да се излечи болеста и да се избегне артритис и слабост на екстремитетите.

Очни проблеми

уреди
 
Овој Триколор има нога во завој.

Вообичаено нарушување на кавалерските шпаниели е „Синдромот суво око“ (латински: keratoconjunctivitis sicca). Обично, причината за ова е автоимуна реакција на солзните жлезди на кучето, која го намалува создавањето на солзи. Според базата на податоци на наследни кучешки пореметувања (Canine Inherited Disorders Database), состојбата бара постојан третман и ако не се лекува може да доведе до делумно или целосно слепило. Оваа болест може да се подобри или излечи со време.

Студијата од 1999 година, спроведена од Кучешката Фондација за Очни болести (Canine Eye Registration Foundation), покажала дека во просек 30% од кавалерските шпаниели имале очни проблеми. Тие вклучуваат наследна катаркта, корнеална дистрофија, дистихијаза, ентропија, микрофталмија, прогресивна ретинална атрофија и ретинална дисплазија.

Ушни пореметувања

уреди

Воспалението на средното уво (Primary Secretory Otitis Media) се состои од многу вискозен слуз којшто се полни во средното уво и може да предизвика пукање на тимпанската мембрана. Оваа болест е забележливa скоро исклучиво кај кавалерските шпаниели, и може да погоди дури 40% од нив. Поради тоа што болката и чувствителноста во пределот на главата и вратот, предизвикани од ова воспаление, се слични на оние предизвикани од сирингомиелијата, некои ветеринарни испитувачи грешно ја дијагностицираат сирингомиелијата кај кавалерските шпаниели, кои всушност имаат воспаление на средното уво.

Кавалерските шпаниели можат да бидат подложни на еден вид на вродена глувост, која што е присутна веднаш по раѓањето, поради недостаток на формирањето или раната дегенерација на рецепторите во внатрешносто уво, но ова е прилично ретка појава. Покрај тоа, последните истражувања откриле кавалерски шпаниели кои развиваат зголемено губење на слухот, што обично започнува кога кучињата се мали, па се зголемува сè додека кучето е целосно глуво, обично помеѓу 3 и 5 години. Зголемувачката природа на овој вид на глувост кај кавалерските шпаниели се верува дека е предизвикана од дегенерацијата на нервот за слух, а не од недостигот на формирање или рана дегенерација на внатрешните ушни рецептори.