Старост[1][2] — возраст што се приближува или го надминува животниот век на луѓето и со тоа е крај на човечкиот животен циклус. Поими и еуфемизми што се користат за овие лица се: стари луѓе, постари луѓе (ширум светот), постарите возрасни лица (во општествените науки [3]) и постарите луѓе (во многу култури — вклучувајќи ги и домородните култури).

Постарите лица често имаат ограничени регенеративни способности и се поподложни на болести, синдроми и повреди отколку помладите возрасни лица. Некои гранки и подрачја што се сосредоточуваат на стареењето и старите, како органскиот процес на стареење се нарекува стареење,[4] медицинското проучување на процесот на стареење се нарекува геронтологија,[5] и проучувањето на болестите што ги погодуваат постарите лица се нарекува геријатрија.[6] Постарите лица се соочуваат и со други општествени прашања поврзани со пензионирањето, осаменоста и старизам.[7]

Староста не е конечна биолошка фаза, бидејќи хронолошката возраст означена како „старост“ се менува културолошки и историски.[8]

Во 2011 година, Обединетите нации предложиле конвенција за човекови права што посебно би ги заштитила старите лица.[9]

Стареење на различни организми

уреди
 
Биста на стар Римјанин, мермер 40 пр. н. е., Албертинум, Дрезден

Стареење и размножување

уреди

Размножувањето е важна функција на која ѝ се подредени сите други животни процеси, вклучително и стареењето и смртта. За да се разберат процесите на стареење, неопходно е да се запознаат разликите помеѓу двете основни стратегии за размножување:

  • размножување што се случува еднаш во целиот живот на поединци; оваа стратегија е својствена за едногодишни и двегодишни растенија, додека кај животните е честа појава кај инсектите, а ретка кај ’рбетниците;
  • кога во текот на животот, организмите периодично се размножуваат поголем број пати во текот на полната зрелост, што обично го опфаќа поголемиот дел од животот.

Стареење на човекот

уреди

Процесите на стареење кај луѓето се пројавуваат на следниве начини:

  • губење вода од клетките, што за последица има задржување на токсините;
  • со намалување на метаболизмот и постепено намалување на функциите на одредени органи, при што хормоналната активност е особено намалена;
  • таложење соли на калциум во меѓупршленските 'рскавици, што е последица на намалено движење. Тоа ја намалува подвижноста на ’рбетот и затоа постарите лица се свиткани нанапред;
  • стеснување на крвните садови поради склеротични процеси, така што органите се помалку снабдени со крв и тоа се одразува со слабеење на нивната работа;
  • со зголемување на појавата на најчестите ракови (бели дробови, дојка, дебело црево итн.).

Стареење на животните

уреди

Ефектите од стареењето кај животните може да се забележат само во вештачки, заштитени средини, како што се лаборатории и зоолошки градини. Во природни услови, единките се изложени на напади од грабливци, болести или изложени на недостаток на храна, што доведува до нивна смрт во порана возраст, така што староста е ретка појава. Кај повеќето животни постои правило дека нивниот животен век малку го надминува достигнувањето на половата зрелост, иако има исклучоци што отстапуваат од тоа правило.

Стареење на растенијата

уреди

Стареењето кај растенијата не е толку јасно видливо како кај животните. Поимите како што се стареење, зреење, смрт, развој, хлороза, некроза, сушење не се јасно разграничени и често се преклопуваат. Во оваа смисла, не е јасно што да се прави кога станува збор за семиња што можат да мируваат без да покажуваат никаква физиолошка активност, или со делови од растенија од кои произлегуваат нови организми во вегетативното размножување. Животниот век на поединечните видови во растителното царство многу се разликува. Некои дрвенести растенија можат да живеат стотици години (секвоја, баобаб, итн.), додека други тревни растенија го завршуваат целиот свој животен циклус за неколку недели (на пр. ефемери).

Генетика на стареењето

уреди

Промената на генетскиот материјал е значаен чинител во процесот на стареење. Според некои теории, процесот на стареење е поврзан со натрупување на грешки во ДНК во соматските клетки, кои се означени како соматски мутации. Покрај генските мутации на соматските клетки, било утврдено дека со возраста се зголемува честотата на хромозомските аберации, како структурни така и нумерички.

Генетиката на стареење се занимава со проучување на промените во генетскиот материјал како причина за стареење кај луѓето и другите биолошки видови. Сите претходни проучувања укажуваат на фактот дека овие промени се значаен чинител во процесот на стареење.

Физиологија на стареењето

уреди

Промените што се случуваат за време на стареењето најдобро се проучени кај цицачите, главно од две причини:

  • најтесно се поврзани со човекот,
  • симптомите на стареење се најизразени кај нив.

Општи промени за време на стареењето кај цицачите се:

Предвремено стареење

уреди

Патогените чинители, гени и метаболичките патишта кои се важни за стареењето се проучуваат со користење на различни пристапи, од кои еден е проучувањето на наследни болести на предвремено стареење - прогерија, која вклучува различни облици на болеста:

Биолошки теории за стареење

уреди

До денес, предложени се повеќе од 300 теории за стареење што се обидуваат да го објаснат овој многу сложен процес. Биолошките теории имаат за цел да ги објаснат причините и механизмите на стареење на ниво на клетки, органи и на организмот како целина. Повеќето современи теории за биолошко стареење се слични една на друга и поаѓаат од заеднички претпоставки. Главните биолошки теории за стареење вклучуваат еволутивно, системско и клеточно ниво.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „старост“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „старост“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Publication Manual of the American Psychological Association, 6th edition (American Psychological Association, 2009) 1433805618
  4. „Senescence – definition of senescence by The Free Dictionary“. Thefreedictionary.com. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Gerontology – definition of gerontology by The Free Dictionary“. Thefreedictionary.com. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Geriatrics – definition of geriatrics by The Free Dictionary“. Thefreedictionary.com. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Jeremy Hunt highlights plight of 'chronically lonely' – BBC News“. BBC News. Bbc.co.uk. 18. 10. 2013. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. Old age. Oxford Reference. 2006. doi:10.1093/acref/9780198568506.001.0001. ISBN 9780198568506. Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  9. „Human rights of older persons“. OHCHR.org. Office of the United Nations High Commissioner for Human Rights.

Литература

уреди

 

Надворешни врски

уреди