Зелен ’Рт

(Пренасочено од Кабо Верде)

Зелен ’Рт[6] (португалски: Cabo Verde) или официјално Република Зелен ’Рт (República de Cabo Verde) — независна островска држава во Атлантскиот Океан на околу 570 километри оддалеченост од Западна Африка. Островите, кои заземаат вкупна површина од нешто повеќе од 4.000 км2, се со вулканско потекло. Три острови, Сал, Боа Виста и Мајо, се рамни и песокливи острови, додека останатите се карпести и имаат повеќе вегетација. Поради слабата врнежливост, островите не се покриени со зелена вегетација, иако името тоа го налагаат.

Република Зелен ’Рт
República de Cabo Verde  (португалски)
Repúblika di Kabu Verdi (креолски)
Знаме Грб
Гесло
  • Unidade, Trabalho, Progresso  (португалски)
  • („Единство, работа, напредок“)
ХимнаCântico da Liberdade  (португалски)
(„Песна на слободата“)

Местоположбата на  Зелен ’Рт  (темносина) во Африканската Унија  (светлосина)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Зелен ’Рт  (темносина)

во Африканската Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Зелен ’Рт  (темносина)

во Африканската Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Праја
14°55′N 23°21′W / 14.917° СГШ; 23.350° ЗГД / 14.917; -23.350
Службен јазик португалски
Национален јазик креолски
Демоним зелено’ртјанец
Уредување Унитарна полупретседателска република[1]
 •  Претседател Хосе Марија Невес
 •  Премиер Улисес Кореија е Силва
Законодавство Национално собрание
Независност од Португалија 
 •  Доделена 5 јули 1975 
Површина
 •  Вкупна 4,033 км2 (166.)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за 2021 г. 483,628 (172.)
 •  Попис 2016 539,560[2] 
 •  Густина 123.7 жит/км2 (89.)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
 •  Вкупен $4,323 мил. 
 •  По жител $7,728[3] 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
 •  Вкупно $2,042 мил. 
 •  По жител $3,651[3] 
Џиниев коеф. (2015)42.4[4]
среден
ИЧР (2019) 0.665[5]
среден · 126.
Валута Зелено’ртско ескудо (CVE)
Часовен појас CVT (UTC-1)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на десно
НДД .cv
Повик. бр. +238

Зеленио'ртските Острови биле ненаселени, но во 15 век на островите се доселиле и го колонизирале Португалците. Со тоа, островите станале важен трговски пат во Атлантскиот Океан. Развојот на островите привлекле пирати, меѓу кои и Франсис Дрејк. Исто така, островите биле посетени и од Чарлс Дарвин во 1832 година. Зелениот 'Рт била важна точка за ропството, но со падот на истото островите се соочиле со економска криза. Со мали природни резерви и со слаба португалса ивестиција, месното население стабало незадоволно од колонијалните власти, кои пак не сакале да дадат поголема автономија на островите. Ова незадоволство кулминирало во 1975 година, кога се основало движењето за независност предводено од Амилкар Кабрал и со тоа островите станале независна држава.

Поради тешките економски прилики во државата за време на колонијалниот период, голем број Зелено'ртци мигрирале во Европа, Америка или во Африка. Овој феномен на миграција бил толку силен што денес има повеќе Зелено'ртци во странство одошто во самата држава. Денес, економијата на Зелениот 'Рт се заснова на услугите, со зголемен фокус на туризмот и странските инвестиции.

Вкупното население на државата изнесува околу 500.000 жители, од кои најбројни се луѓето со африканско креолско потекло. Главен град на државата е Праја и во него живеат околу четвртина од населението. Околу 38% од населението живее во руралните области, а околу 20% живеат во сиромаштија[7] со просек на писменост од 85%. Политички, државата е стабилна демократија со значаен економски развој и подобрување на условите за живот и покрај недостатокот на природни резерви. Со тоа, од 2007 година, Зелениот 'Рт се смета за земја во развој.

Потекло на поимот

уреди

Името на државата, Зелен 'Рт, всушност потекнува од истоимениот 'рт во Сенегал.[8] И покрај тоа што името налага зелена држава со бујна вегетација, островите се песокливи и карпести.

Според правописот на македонскиот јазик, а и според самото име, Зелен ’Рт е името на оваа африканска држава. Сепак во македонскиот јазик опстојуваат и следните називи за оваа земја: Зелено’ртска Република, Република Зелен ’Рт или Зелено’ртски Острови, сите изведено од основното име. на 24 октомври 2013 година државата усвоила уредба со која препорачува името на државата на странски јазици да не се преведува.[9] Ова би значело дека на македонски државата треба да е Кабо Верде или Република Кабо Верде, но тоа не е пракса во македонскиот јазик.

Историја

уреди

За раната историја на денешниот остров каде се наоѓа Зелено’ртската Република многу малку е познато. Се смета дека до португалското доаѓање, островите не биле населени. Островите биле откриени од страна на португалскиот трговец Антонио Фернандес во 1445 година. Своето име островите го добиле во 1461 година. Следната година, 1462 година било основано првото поголемо населено место, Рибеира Гранде, денеска Праја.[10] Како португалска колонија островите официјално станале во 1532 година, како дел од Португалската империја. Како и кај другите африкански земји, така и овде населението било искористувано главно за трговија со робови. Земјата независност станала на 5 јули 1975 година. Како главен фактор за независноста била Африканската партија за независност на Гвинеја-Бисао и Зелениот ’Рт (АПНГЗ). По добивањето на независност, партијата се обидела да ги обедини Зелениот ’Рт и Гвинеја-Бисао. Сепак плановите пропаднале во 1980 година. Денеска, во земјата на власт е Африканската партија за независност на Зелениот ’Рт.

Географија

уреди
 
Карта на Зелениот 'Рт.

Зелениот ’Рт е архипелаг кој се наоѓа во Атлантскиот Океан. Архипелагот се наоѓа на 570 км источно од брегот на Западна Африка, во близина на Сенегал и Мавританија. Зелениот ’Рт има вкупна површина од 4,033 км2 каде живеат околу 509,000 жители според пописот од 2009.

Зелено'ртските Острови се архипелаг од 10 острови и 8 островчиња. Главни островски групи во државата се Берлавенто и Сотавенто. Од нив најголеми се:

Политички систем

уреди

Зелениот ’Рт е стабилна претставничка парламентарна република.[11] Уставот на државата е усвоен во 1980 година, а ревидиран во 1992, 1995 и 1999 година. Претседателот на Зелениот ’Рт е шеф на државата и се избира за мандат од 5 години. Премиерот е шеф на владата на Зелениот ’Рт и тој предлага министри и останати членови на кабинетот. Премиерот е предложен од Националното собрание и е назначен од претседателот. Пратениците се избрани за мандат од 5 години.[10]

Судскиот систем се состои од Врховниот суд, чии членови се назначени од претседателот, Националното собрание и Судскиот совет. Покрај врховниот, во држаавта функционираат и останатите судски органи.[10]

Зелениот ’Рт води политика на неврзана држава и тежнее да ги решава споровите меѓу државите по мирен пат.[10] Во Праја, меѓу другите, имаат амбасади Ангола, Бразил, Кина, Куба, Франција, Португалија, Германија, Шпанија, Сенегал, Русија и САД.[10] Зелениот ’Рт е активно инволвиран во меѓународната политика, особено во Африка.[10] Државата има билатерални односи со некои португалски говорни држави и има членство во повеќе меѓународни организации.[10] Од 2007 година, Зелениот ’Рт има „специјален партнерски“ статус[12] со ЕУ и може да поднесе барање за членство во ЕУ.[13] Воените сили на државата се составени од крајбрежни патроли и армија и околу 0,7% од БНП на државата е наменет за воените сили.

Административна поделба

уреди

Зелениот ’Рт е поделен на 22 општини и 32 парохии. Парохиите останале како административна единица уште од колонијалниот период, кога имале религиски употреби.

 
Поглед кон Праја.
 
Нова Синтра.
Острови Барлавенто
острови општини парохии
Санто Антао Рибеира Гранде Носа Сењора до Росарио
Носа Сењора до Ливраменто
Санто Крусифишо
Сао Педро Апостоло
Паул Санто Антонио дас Помбас
Порто Ново Сао Жоао Баптиста
Санто Андре
Сао Висенте Сао Висенте Носа Сењора да Луз
Санта Лусија
Сао Николау Рибеира Брава Носа Сењора да Лапа
Носа Сењора до Росарио
Тарафал де Сао Николау Сао Франсиско
Сал Сал Носа Сењора дас Дорес
Боа Виста Боа Виста Санта Исабел
Сао Жоао Баптиста
 
Баја до Порто Гранде, Сао Висенте.
 
Ненаселени островчиња во близина на Нова Синтра.
Острови Сотавенто
острови општини парохии
Мајо Мајо Носа Сењора да Луз
Сантјаго Праја Носа Сењора да Граса
Сао Домингос Носа Сењора да Луз
Сао Николау Толентино
Санта Катарина Санта Катарина
Сао Салвадор до Мундо Сао Салвадор до Мундо
Санта Крус Сантјаго Мајор
Сао Лоуренсе дос Оргаос Сао Лоуренсо дос Оргаос
Рибеира Гранде де Сантјаго Сантисимо Номе де Жезус
Сао Жоао Баптиста
Сао Мигел Сао Мигел Арканжо
Тарафал Санто Амаро Абаде
Фого Сао Филипе Сао Лоуренсо
Носа Сењора да Консеисао
Санта Катарина до Фого Санта Катарина до Фого
Мостеирос Носа Сењора да Ажуда
Брава Брава Сао Жоао Баптиста
Носа Сењора до Монте


Стопанство

уреди

Зелениот ’Рт има неколку природни ресурси, дождовни шуми и ограничени залихи на свежа вода. Само на четири од десетте главни острови има значително земјоделско производство[14], па така над 90% од храната во државата е увезна. Во државата има сол, пуцолан и варовник.[10] Во државата има мал број винарии кои прават видо од португалски тип и тие винарии воглавно се сконцентрирани на локалниот пазар. Економијата на државата е воглавно ориентирана кон услугите, каде трговијата, транспортот и јавните услуги сочинуваат над 70% од НБП. Иако 38% од населението живее во рурални средини, земјоделството и риболовот сочинуваат само 9% од БНП. Лесното производство зазема најголем дел од БНП на Зелниот ’Рт.

Во 2007 година, Зелениот ’Рт се приклучил кон Светската трговска организација. Во 2008 година државата била сменета од групата на најслабо развиена држава во држава со среден приход.[15][16] Зелениот ’Рт има значителна соработка со Португалија на секој економски поглед. Официјална валута во државата е Зелено’ртско ескудо.

Демографија

уреди
 
Жени во Сантјаго.

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Зелено’ртската Република изнесува 426 998 луѓе. Основен јазик во земјата е португалскиот.

Повеќе од 93% од населението на Зелено’ртската Република е Римокатоличко, според едно информативно гласање спроведено од страна на локалните цркви.[17] Најголема протестантска вероисповед е Назаретската црква.[17] Во земјата постојат и други помали верски заедници како Бахаи, која како муслиманска религија бележи раст во последните неколку децении. Бројот на атеистите се проценува на околу 1% од населението. Самиот устав на земјата ја почитува слободата на вероисповед кај сите верници[17] .

Старосна структура

(2006)

(2008)

Религија

уреди
Верници во Зелен ’Рт
Христијани
  
89,10 %
Муслимани
  
0,10 %
Без Религија
  
9,10 %
Народна Религија
  
1,50 %
Други
  
0,20 %

Култура

уреди
 
Група која свири морна.

Зелено’ртскиот социјален и културен живот е сличен со тој на рурална Португалија и Африка.[18] Главни настани за социјално дружење во држабата се фудбалот и црковните активности.[18] Прошетките на плоштадите се зачестена појава во државата.[18]

Зелено’ртската музика има португалски, карипски, африкански и бразилски елементи.[19] Нациоаналната музика во државата е морната, меланхолична и лирска музика која се пее на зелено’ртски креолски јазик. Меѓу најпознатите зелено’ртски музичари се Сезарија Евора и Илдо Лобо.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Neto, Octávio Amorim; Lobo, Marina Costa (2010). „Between Constitutional Diffusion and Local Politics: Semi-Presidentialism in Portuguese-Speaking Countries“. Social Science Research Network. SSRN 1644026. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  3. 3,0 3,1 „Report for Selected Countries and Subjects“. www.imf.org.
  4. „GINI index“. World Bank. Архивирано од изворникот 20 декември 2013. Посетено на 26 јули 2013.
  5. „Human Development Report 2019“ (PDF) (англиски). United Nations Development Programme. 10 December 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-03-22. Посетено на 10 December 2019.
  6. Правопис на македонскиот јазик, стр. 159, Просветно Дело, Скопје, 2007
  7. „UNDP.org“ (PDF). Посетено на 2010-06-26.
  8. Lobban, p. 4 Архивирано на 11 мај 2011 г..
  9. „Cabo Verde põe fim à tradução da sua designação oficial“ [Cabo Verde puts an end to translation of its official designation] (португалски). Panapress. 31 октомври 2013. Архивирано од изворникот 17 декември 2013. Посетено на 17 декември 2013.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 10,7 Cape Verde background note. U.S. Department of State (July 2008).
  11. „Constitution of Cape Verde“ (PDF). 1992. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-13. Посетено на 2011-03-20.
  12. Percival, Debra, "Cape Verde-EU ‘Special Partnership’ takes shape" Архивирано на 3 октомври 2011 г., "The Courier", Commission of the European Communities publication, May 25, 2008
  13. „Cape Verde could seek EU membership this year“. Eubusiness.com. Архивирано од изворникот на 2009-07-07. Посетено на 2010-06-26.
  14. See Carlos Ferreira Couto, Incerteza, adaptabilidade e inovação na sociedade rural da Ilha de Santiago de Cabo Verde, Lisbon: Fundação Galouste Gulbenkian, 2010
  15. „MFW4A“. MFW4A. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 2011-01-31.
  16. "Data on Cape Verde", The World Bank
  17. 17,0 17,1 17,2 International Religious Freedom Report 2007: Cape Verde. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  18. 18,0 18,1 18,2 The Peace Corps Welcomes You to Cape Verde. Peace Corps (April 2006). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост
  19. Manuel, p. 95-97.

Надворешни врски

уреди