Праја
Праја (португалски: Praia, „плажа“) е главниот и најголемиот град во Зелениот ’Рт.[1] Градот се наоѓа на јужниот брег на островот Сантјаго. Праја е административен центар на истоимената општина. Праја е економски, политички и културен центар на Зелениот ’Рт.
Праја | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
главен град | ||||||||
Од горе на десно: Поглед кон Монте Вермелјо, Градско собрание на Праја, Споменик на Диого Гомес, птичји перспектива на Праја, Финдасао Амилсар, Палатата на културата | ||||||||
Остров | Сантјаго | |||||||
Општина | Праја | |||||||
Цивилна парохија | Носа Сењора да Граса | |||||||
Основан | 16 век | |||||||
Град | 1858 | |||||||
Површина | ||||||||
• Вкупна | 102,6 км2 (396 ми2) | |||||||
Население (проц. 2017) | ||||||||
• Вкупно | 159.050 | |||||||
• Густина | 160/км2 (400/ми2) | |||||||
Час. појас | CVT |
Географија
уредиПраја се наоѓа на висорамнинско место, поточно вулкански висорманскински платоа. Сите овие висорамнини имаат свои имиња, а централната висорманина во Праја се нарекува „Плато“. Урбаниот дел на градот воглавно се наоѓа на овие платоа и околните долинчиња.
Долг период само централното „Плато“ се сметало како Праја. Другите висорамнински населени места биле сметани за околни населби или предградија. Поради тоа, денес централниот дел се издвојува во поглед на урбанизацијата. По независноста централното Плато административно се споил со околните населби и се добил денешниот облик на Праја. Урбанизацијата веднаш започнала во населбите и продолжила северно во градот.
Клима
уредиПраја има пустинска клима со кратки дождливи сезони и долги сушни периоди.Освен од август до октомври речиси и да нема дождови. Годишно просечно има 210 милимегтри врнежи.
Климатски податоци за Праја | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 31.9 (89.4) |
33.1 (91.6) |
34.2 (93.6) |
33.4 (92.1) |
33.3 (91.9) |
34.1 (93.4) |
32.5 (90.5) |
33.1 (91.6) |
36.2 (97.2) |
34.8 (94.6) |
33.0 (91.4) |
31.0 (87.8) |
36.2 (97.2) |
Прос. висока °C (°F) | 24.8 (76.6) |
25.0 (77) |
26.1 (79) |
26.4 (79.5) |
27.1 (80.8) |
27.9 (82.2) |
28.0 (82.4) |
28.6 (83.5) |
29.7 (85.5) |
29.2 (84.6) |
28.0 (82.4) |
25.6 (78.1) |
27.2 (81) |
Сред. дневна °C (°F) | 22.4 (72.3) |
22.2 (72) |
22.9 (73.2) |
23.4 (74.1) |
24.0 (75.2) |
24.9 (76.8) |
25.4 (77.7) |
26.2 (79.2) |
26.8 (80.2) |
26.4 (79.5) |
25.4 (77.7) |
23.4 (74.1) |
24.4 (75.9) |
Прос. ниска °C (°F) | 20.0 (68) |
19.4 (66.9) |
19.7 (67.5) |
20.3 (68.5) |
21.0 (69.8) |
21.9 (71.4) |
22.9 (73.2) |
23.8 (74.8) |
24.0 (75.2) |
23.6 (74.5) |
22.7 (72.9) |
21.3 (70.3) |
21.7 (71.1) |
Најниска забележана °C (°F) | 16.9 (62.4) |
16.2 (61.2) |
16.5 (61.7) |
17.0 (62.6) |
18.8 (65.8) |
19.2 (66.6) |
20.3 (68.5) |
20.6 (69.1) |
19.6 (67.3) |
19.6 (67.3) |
19.5 (67.1) |
17.3 (63.1) |
16.2 (61.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 2 (0.08) |
2 (0.08) |
0.5 (0.02) |
0 (0) |
0 (0) |
0 (0) |
8 (0.31) |
45 (1.77) |
105 (4.13) |
58 (2.28) |
30 (1.18) |
10 (0.39) |
260 (10.24) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 7 | 7 | 4 | 2 | 1 | 24 |
Прос. релативна влажност (%) | 64 | 62 | 59 | 63 | 65 | 67 | 72 | 74 | 76 | 73 | 68 | 67 | 68 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 223.2 | 234.5 | 279.0 | 285.0 | 306.9 | 279.0 | 217.0 | 201.5 | 216.0 | 244.9 | 234.0 | 204.6 | 2.925,6 |
Сред. бр. сончеви часови дневно | 7.2 | 8.3 | 9.0 | 9.5 | 9.9 | 9.3 | 7.0 | 6.5 | 7.2 | 7.9 | 7.8 | 6.6 | 8.0 |
Извор: Deutscher Wetterdienst[2] |
Демографија
уредиСпоред националната статистичка агенција, градот имал население од 159.050 жители во јули 2017 година. За споредба, во средината на 19 век Праја имала население од 1500 до 2000 жители.
Население на Праја (1990–2017)[3] | |||
---|---|---|---|
1990 | 2000 | 2010 | 2017 |
61,644 | 94,161 | 130,271 | 159,050 |
Стопанство
уредиПраја е комерцијален центар и пристаниште на кое се тргува со кафе, шеќерна трска и тропски овошја. Во овој град е развиена и рибната индустрија. Во близина има неколку плажи.
Меѓународни односи
уредиПраја е збратимен со:
Наводи
уреди- ↑ Cabo Verde, Statistical Yearbook 2015, Instituto Nacional de Estatística
- ↑ „Klimatafel von Praia / Sao Tiago / Kapverden (Rep. Kap Verde)“ (PDF). Baseline climate means (1961–1990) from stations all over the world (германски). Deutscher Wetterdienst. Посетено на 6 November 2018.
- ↑ Извор: City Population, citing the Instituto Nacional de Estatísticas Архивирано на 18 ноември 2008 г..
- ↑ „Sister cities“. boston.gov. City of Boston. Посетено на 19 February 2020.
- ↑ „Geminações“. cm-faro.pt (португалски). Faro. Посетено на 11 December 2019.
- ↑ „Geminações de Cidades e Vilas: Figueira da Foz“. anmp.pt (португалски). Associação Nacional de Municípios Portugueses. Архивирано од изворникот на 2021-12-12. Посетено на 10 December 2019.
- ↑ „Acordos de Geminação“. cm-funchal.pt (португалски). Funchal. Архивирано од изворникот на 2021-12-12. Посетено на 10 December 2019.
- ↑ „Geminações“. cm-gondomar.pt (португалски). Gondomar. Посетено на 12 December 2019.
- ↑ „Sister Cities“. english.jinan.gov.cn. Jinan. Посетено на 19 February 2020.[мртва врска]
- ↑ „Acordos de geminação“. lisboa.pt (португалски). Lisboa. Архивирано од изворникот на 2020-02-03. Посетено на 3 February 2020.
- ↑ „Exchange between IACM and other cities“ (PDF). iam.gov.mo. Governo da Região Administrativa Special de Macau. 2019. Посетено на 19 February 2020.
- ↑ „Geminações de Cidades e Vilas: Ponta Delgada“. anmp.pt (португалски). Associação Nacional de Municípios Portugueses. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 12 December 2019.
- ↑ „Providence Gets Its Fifth Sister City, But No One Knows for Sure“. golocalprov.com. GoLocalProv News. 13 October 2016. Посетено на 19 February 2020.
Надворешни врски
уреди„Праја“ на Ризницата ? |