Урош Луковиќ

Урош Луковиќ (роден 8 јуни 1989 во Белград,Србија) е кошаркар кој игра на позицијата центар и е моментално играч на Партизан.

Урош Луковиќ
ПозицијаЦентар
Висина2,13 м
Тежина116 кг
ЛигаПрва српска лига
АБА лига
ЕкипаПартизан
Роден8 јуни 1989
Белград, Србија
НационалностСрбин
Проф. кариера2006–
Клубови
Репрезентација

КариераУреди

Урош Луковиќ својата кариера ја започнал во српскиот тим Торлак од Белград, подоцна потпишал 4 годишен договор со еден од најдобрите српски клубови ФМП. Едно време играл како позајмен играч за тимот на Раднички ФМП, за подоцна да се пресели во Шпанија, односно во тимот на Сарагоса. Во шпанскиот тим се задржал една сезона, па во 2011 година потпишал договор со тимот на Куманово каде останал две сезони. Во 2013 се преселил во естонски Тарту Уликоол, каде играл една полусезона. На почетокот на 2014 година, Урош повторно потпишал за Куманово каде играл до крајот на сезоната и воедно негов тренер бил неговиот татко Љубисав Луковиќ. За сезоната 2014/15, Луковиќ потпишал за Кожув, но предвреме го раскинал договорот и во декември 2014 година по третпат потпишал за Куманово.[1][2] Со Куманово во 2015г., станал вицепрвак во Првенството каде во финалето загубиле од МЗТ Аеродром.[3][4] На почетокот на декември 2015 година, Урош своеволно го напуштил Куманово.[5][6] Набрзо потоа потпишал за МЗТ Аеродром.[7][8][9] Во август 2016 година, Урош потпишал двегодишен договор со српски Партизан.[10][11]

Урош Луковиќ ги има поминато сите млади кошаркарски селекции на Србија, во два наврати се пријавувал и на НБА драфтот (2010,2011) но не бил избран.

Приватен животУреди

Урош Луковиќ е син на поранешниот југословенски кошаркар Љубисав Луковиќ, кој во својата кариера работел и како скаут на НБА тимот Феникс Санс. Урош Луковиќ има помлад брат Марко Луковиќ кој настапувал во српскиот тим Мега Лекс и германски Трир и бил негов соиграч во МЗТ Аеродром во сезоната 2015/16,[12][13][14][15] а моментално игра во словенечка Крка.[16][17]

УспесиУреди

Титули во ПрвенствотоУреди

Титули во КупотУреди

НаградиУреди

Во 2012 година Урош Луковиќ бил прогласен за МВП на регуларниот дел на БИБЛ Лигата.

НаводиУреди

  1. / Урош Луковиќ си замина од Кожув, следи камбек во Куманово[мртва врска] ekipa.mk 4 декември 2014
  2. Урош Луковиќ потпиша за Куманово[мртва врска] ekipa.mk 4 декември 2014
  3. МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула![мртва врска] ekipa.mk 2 јуни 2015
  4. „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
  5. Урош Луковиќ се раздели со Куманово! Archived 2016-03-04 на Wayback Machine sport365.mk 7 декември 2015
  6. КК Куманово: Луковиќ самиот побара исписница, му посакуваме многу среќа Archived 2015-12-09 на Wayback Machine ekipa.mk 7 декември 2015
  7. Урош Луковиќ се договори со МЗТ! Archived 2015-12-17 на Wayback Machine ekipa.mk 15 декември 2015
  8. Официјално: Урош Луковиќ до крајот на сезоната во дресот на МЗТ! sportmedia.mk 15 декември 2015
  9. Официјално: Српскиот „џин“ го засили МЗТ Аеродром! Archived 2016-03-04 на Wayback Machine sport365.mk 15 декември 2015
  10. Партизан прв до Луковиќ sportmedia.mk 8 август 2016
  11. Урош Луковиќ две години во Партизан Archived 2016-08-12 на Wayback Machine ekipa.mk 9 август 2016
  12. Официјално: Марко Луковиќ потпиша за МЗТ Archived 2015-08-21 на Wayback Machine ekipa.mk 17 август 2015
  13. Луковиќ е новото засилување на МЗТ Аеродром[мртва врска] sport365.mk 17 август 2015
  14. МЗТ се засили: Марко Луковиќ од Трир пристигнува во Аеродром[мртва врска] sportclub.mk 17 август 2015
  15. „Штрковите“ посилни за Луковиќ Archived 2015-08-31 на Wayback Machine derbi.mk 17 август 2015
  16. Марко Луковиќ го смени МЗТ за Крка sportmedia.mk 6 јули 2016
  17. Луковиќ си замина од МЗТ и потпиша за Крка Archived 2016-07-09 на Wayback Machine ekipa.mk 6 јули 2016