Исламот во Босна и Херцеговина

Исламот е најраспространета религија во Босна и Херцеговина. Исламот во земјата бил воведен во 15 и 16 век, како резултат на османлиското освојување на Босна и Херцеговина. Муслиманите ја сочинуваат најголемата верска заедница во Босна и Херцеговина (51%) (другите две големи групи се источно-православни христијани (31%), од кои сите се идентификуваат како Босански Срби и римокатолици (15%), скоро сите да се идентификуваат како Босански Хрвати)[1].

Царската џамија, најстарата џамија изградена во отоманска ера во Сараево, главниот и најголемиот град во Босна и Херцеговина.
Распространетост на муслиманите во Босна и Херцеговина по општини во 2013 година

Речиси сите босански муслимани се идентификуваат како Бошњаци. До 1993 година, југословенските власти како муслимани ги дефинирале Босанците со муслиманска култура или потекло (без оглед на верската практика) во етнонационална смисла, иако некои луѓе од бошњачко или муслиманско потекло ја идентификувале својата националност (во етничка смисла наместо строго во смисла на граѓанство) како „југословенска“ пред почетокот на 1990-тите. Мал дел од небошњачките муслимани во Босна и Херцеговина се Албанци, Роми и Турци.

Истражувањето за 2012 година покажало дека 54% од муслиманите во Босна и Херцеговина се сметаат само како муслимани, додека 38% рекоа како сунитски муслимани[2]. Исто така постои и мала суфиска заедница, сместена првенствено во Централна Босна[3]. Речиси сите муслимански заедници во Босна и Херцеговина припаѓаат на Исламската заедница на Босна и Херцеговина како нивна религиозна организација.

Уставот на Босна и Херцеговина ја гарантира слободада на вероисповед[4], што генерално се потврдува низ целата земја.

Османлиски период

уреди

Исламот првпат бил воведен на Балканот во голем обем од страна на Османлиите кон крајот на 15 век, кои се здобиле со контрола над поголемиот дел од Босна во 1463 година и ја освоиле Херцеговина во 1480-тите. Во текот на следниот век, Босанците, кои претежно биле членови на Босанската црква, го прифаќале исламот во голема мера под османлиска власт. Бројот на христијанското население во Босна и Херцеговина значително се намалил. Дел од населението побегнало кон Унгарија и Австрија, а дел го прифатила исламот. Во 1524 година се случил еден од најголемите прогони на христијанското население. Според податоците, околу 150,000 христијани го прифатиле исламот. Голем дел од христијанските светилишта биле разрушени или претворени во џамии. Според податоци од 1530 година, давачките за христијаните од Сараево биле шест пати поголеми од муслиманските.

За време на отоманската ера било оформено и името Бошњанин[5] односно Бошњак. До почетокот на 1600-тите, околу две третини од населението во Босна биле муслимани[6]. Босна и Херцеговина останала провинција во Отоманското Царство и добила автономија по Босанското востание во 1831 година.

Австроунгарски период

уреди

По Берлинскиот конгрес во 1878 година, Босна и Херцеговина се нашла под контрола на Австроунгарија. По истерувањето на Османлиите од овие простори и воведувањето на австриска власт, според пописот на населението во 1879 година на 42,88% било составено од православни христијани, 38,75% од муслимани, а 18,08% од католици. Во 1908 година, Австроунгарија формално го анектирал регионот.

Босна, заедно со Албанија и Косово, биле единствените делови на Отоманското Царство на Балканот, каде што голем број луѓе го прифатиле исламот и останале да живеат таму и по независноста. Во други области на поранешното Отоманското Царство каде што муслиманите го формирале мнозинството, тие често биле протерани, асимилирани / христијанизирани или масакрирани.

Југословенски период

уреди

Босански период

уреди

Етничкото чистење на босанските муслимани за време на Босанската војна предизвикало длабоко внатрешно раселување на своето население во Босна и Херцеговина, што довело до речиси целосна сегрегација на верските заедници во посебни етнорелигиозни области. Стапката на бегалци кои се вратиле била значително забавена до 2003-2004 година, оставајќи го мнозинството српски православни приврзаници кои живеат во Република Српска и мнозинството муслимани и католици кои сè уште живеат во Федерацијата на Босна и Херцеговина. Во рамките на Федерацијата, остануваат различни муслимански и католички мнозински области. Меѓутоа, враќањето на српските православни припадници и муслимани во нивните предвоени домови во кантонот на Западна Босна и муслиманите во нивните предвоени домови во Источна Босна во близина на Сребреница го сменил етно-верскиот состав во двете области.

Низ Босна, во текот на 90-тите, џамиите систематски биле уништени од страна на српските и хрватските вооружени сили во текот Босанската војна. Многу згради биле оштетени или уништени, до 80% или над 4000 различни предвоени исламски градби[7].

Меѓу најважните загуби биле две џамии во Бања Лука, Арнаудија и Ферхадија, кои биле на списокот на УНЕСКО за светски културни споменици. Денес тие се, заедно со многу други, заштитено наследство на Босна и Херцеговина.

Уништени исламски верски објекти во Босна (1992-1995)[7]
Градба Срушена Оштетена Вкупно
од српски екстремисти од хрватски екстремисти од српски екстремисти од хрватски екстремисти Вкупно уништени за време на војната Вкупно оштетени за време на војната Вкупно Вкупно пред војната Процент од пред војната оштетени или уништени
Џамија 249 58 540 80 307 620 927 1.149 81%
Месџид 21 20 175 43 41 218 259 557 47%
Мектеб 14 4 55 14 18 69 87 954 9%
Теке 4 1 3 1 5 4 9 15 60%
Турбе 6 1 34 3 7 37 44 90 49%
Вакуф 125 24 345 60 149 405 554 1.425 39%
Вкупно 419 108 1,152 201 527 1,353 1,880 4,190 45%

Заедници

уреди

Историски гледано, босанските муслимани секогаш практикувале форма на исламот, под силно влијание на суфизмот. Меѓутоа, од Босанската војна, некои остатоци од странски борци од Блискиот Исток што се бореле на страната на босанската армија, останале извесно време и се обиделе да го рашират вахабизмот кај месното население. Со многу ограничен успех, овие странци создале само судир меѓу месното муслиманско население. Иако овие заедници биле релативно мали и мирни, ограничени во одреден број села околу централна и северна Босна, прашањето било високо политизирано од месните националисти и официјални претставници, како и претставници и дипломати од земји како Хрватска, Чешка и Србија[8][9]. Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина во тоа време, Драган Мектиќ од СДС, силно реагирал на ваквите невистини, укажувајќи на сериозноста на ваквите тврдења и предупредил за можноста за понатамошна опасна политизација, па дури и акти на насилство со цел да се означат босанските муслимани како радикали[8][10].

Демографија

уреди

Во пописот во 2013 година, прогласената верска припадност на населението била: ислам (1.790.454 луѓе) и муслимани (22.068 луѓе). Исламот има 1,8 милиони приврзаници, сочинувајќи околу 51% од населението во Босна и Херцеговина.

Кантон Население(2013) Број на муслимани[11] %
Федерација Босна и Херцеговина 2,219,220 1,581,868 71.3%
Тузлански кантон 445,028 395,921 89.0%
Зеничко-добојски кантон 364,433 303,994 83.4%
Сараевски кантон 413,593 350,594 84.8%
Унско-сански кантон 273,261 252,758 92.5%
Среднобосански кантон 254,686 147,809 58.0%
Херцеговско-неретвански кантон 222,007 91,395 41.2%
Република Српска 1,228,423 172,742 14.1%
Брчко (округ) 83,516 35,844 42.9%
Босанско-подрински кантон 23,734 22,372 94.3%
Посавски кантон 43,453 8,341 19.2%
Херцегбосански кантон 84,127 7,904 9.3%
Западнохерцеговски кантон 94,898 780 0.8%
Босна и Херцеговина 3,531,159 1,790,454 50.7%

Современи односи

уреди
 
Теке во Зеница

За мнозинството Бошњаци кои се идентификуваат како муслимани, религијата честопати служи како заедничка поврзаност, а религиозната практика е ограничена на повремени посети на џамија (особено за време на Рамазан) и значајни обреди, како што се акика или брак. Хиџаб се носат само од страна на малцинство бошњачки жени, или на друг начин претежно за верски цели (при одење во џамија).

Религиозните водачи од трите главни верски убедувања тврдат дека почитувањето се зголемува кај помладите лица како израз на зголемена идентификација со нивното етничко наследство, во голема мера поради националното верско заживување што се случило како резултат на Босанската војна.[12]. Водачите од трите главни верски заедници забележливо уживаат поголема поддршка од своите верници по завршувањето на војната[12]. Од друга страна пак, насилството и бедата предизвикана од верски конфликт довело до тоа мал број Бошњаци целосно да ја отфрлат религијата. Оваа атеистичка заедница се соочува со дискриминација, и често е вербално напаѓана од страна на верските водачи и нарекувана како „корумпирани луѓе без морал“. Според последниот попис, атеистите сочинуваат 0,79% од населението во Босна[13].

На анкетата за јавното мислење од 1998 година, 78,3% од Бошњаците во Федерацијата на Босна и Херцеговина се изјасниле дека се религиозни[14].

Во Босна и Херцеговина има осум муфтиства сместени во поголемите општини низ целата земја: Сараево, Бихаќ, Травник, Тузла, Горажде, Зеница, Мостар и Бања Лука.

Наводи

уреди
  1. „CIA – The World Factbook – Bosnia and Herzegovina“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2018-03-15. Посетено на 4 January 2018.
  2. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Research Center. 2012. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-26. Посетено на 7 April 2016.
  3. „EKSKLUZIVNO- N1 sa dervišima: Pogledajte rijetko viđene snimke mističnih obreda“. Ba.n1info.com. Архивирано од изворникот на 2018-07-31. Посетено на 4 January 2018.
  4. „Freedom of religion Law..., Official Gazette of B&H 5/04“. Mpr.gov.ba. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-12-29. Посетено на 4 January 2018.
  5. Bašić, Denis (2009). The roots of the religious, ethnic, and national identity of the Bosnian-Herzegovinan [sic] Muslims. University of Washington. ISBN 9781109124637.
  6. Malcolm 1995, стр. 71.
  7. 7,0 7,1 Maya Shatzmiller (2002). Islam and Bosnia: Conflict Resolution and Foreign Policy in Multi-Ethnic States. Queens University School of Policy. стр. 100.
  8. 8,0 8,1 „Bosnia War Victims Slam Croatia President's Terror Claims“. www.balkaninsight.com (англиски). Посетено на 5 February 2019. Министерот Драган Мектиќ, во вторникот, дури и на месното новинско мрежно место Klix, изјави дека постои можност некои агенции да бидат цел на терористички акти блиски до одредени политичари со цел да се легитимизираат лажните тврдења за зголемен исламистички радикализам во Босна.
  9. „Bosnian Security Minister Rejects Claims by Croatian President“. www.total-croatia-news.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-09-26. Посетено на 5 February 2019.
  10. „Mektić: Paraobavještajne strukture bi mogle inscenirati napad da bi BiH prikazale kao radikalnu“. Klix.ba (босански). Посетено на 5 February 2019.
  11. [1]
  12. 12,0 12,1 „Bosnia and Herzegovina: International Religious Freedom Report 2006“. U.S Department of State—Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. 2006-09-15.
  13. Dubensky, Joyce S. (2016). Peacemakers in Action: Profiles in Religious Peacebuilding. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 391. ISBN 9781107152960. Посетено на 4 January 2018.
  14. Velikonja, Mitja (2003). Religious separation and political intolerance in Bosnia-Herzegovina. Texas A&M University Press. стр. 261. ISBN 1585442267. Посетено на 6 January 2011.