Херцегбосански кантон

Херцегбосански кантон или Кантон 10 (хрватски: Hercegbosanska županija; српски и босански: Kanton 10, Кантон 10) — еден од десетте кантони во Босна и Херцеговина, дел од Федерација Босна и Херцеговина. Кантонот се наоѓа во западниот дел од земјата. Управникот на кантонот се наоѓа во Купрес, владиното тело во Ливно, а собранието во Томиславград.[1] Овој кантон е еден од најпогодените за време на војната и истата има големи последици врз економскиот развој на кантонот.

Херцегбосански кантон


Hercegbosanska županija (хр)
кантон
Кукавичко Езеро
Кукавичко Езеро
Знаме на Херцегбосански кантонАмблем на Херцегбосански кантон
Амблем
Местоположба во БиХ и карта на општините.
Местоположба во БиХ и карта на општините.
Координати: 44°14′N 18°12′E / 44.233° СГШ; 18.200° ИГД / 44.233; 18.200
ДржаваБосна и Херцеговина
ЕнтитетФедерација Босна и Херцеговина
Гл. градЛивно
ОпштиниЛивно, Томиславград, Купрес, Гламоч, Босанско Грахово, Дрвар
Управа
 • ПремиерБранко Ивковиќ
Површина
 • Вкупна4.934,1 км2 (19,051 ми2)
Население
 • Вкупно84,127
 • Густина17/км2 (40/ми2)
Час. појасCET
Мреж. местоhttp://www.hbzup.com/

Хрватите во Кантонот го претпочитаат името Херцегбосански кантон, па така и локалните власти уште од самиот момент на формирање на истиот сакале така да се именува овој ентитет. Сепак, уставот на БиХ истото не го одобрил и останала работната верзија на името, Кантон 10, да се користи во официјална употреба. Хрватската верзија на името се однесува на Херцег-Босна (хрватски дел од тројната националистичка поделба на Босна и Херцеговина), и поради тоа Србите и Хрватите, а и Уставот на БиХ, сметаат дека името Херцегбосански кантон е со национален предзнак. Истиот проблем и истата постапка важи и за грбот и знамето на кантонот и поради тоа овој кантон е единствен кој сè уште нема официјален грб и знаме. Името Кантон 10 е по случаен избор, односно тој е десетти по ред при работната верзија на административната поделба на Федерацијата. Неофицијално кантонот е познат и како Ливански кантон (според главниот град) или Севернохерцеговски кантон.

Географија

уреди

Кантонот има површина од 4,934.1 км2, односно една десетина од вкупната површина на земјата.[2]

Општини

уреди

Во кантонот се наоѓаат следните општини:Ливно, Томиславград, Купрес, Гламоч, Босанско Грахово и Дрвар.

грб општина население[3] површина (км2)[3]
  Босанско Грахово 3,091 780.0
  Дрвар 7,506 1030.0
  Гламоч 4,038 1033.6
  Купрес 5,573 569.8
  Ливно 37,487 994.0
  Томиславград 33,032 967.4

Население

уреди

Според пописот од 2013 година, во кантонот имало 115,726 жители, од кои 76,79% Хрвати, 12,96% Срби и 9.55% Бошњаци.

Наводи

уреди
  1. http://www.skupstinahbz.com/ustav.html
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-04-02.
  3. 3,0 3,1 (бошњачки)(хрватски) „PRELIMINARY RESULTS Of the 2013 Census of Population, Households and Dwellings in Bosnia and Herzegovina“ (PDF). http://www.bhas.ba/. Agency for Statistics of Bosnia and Herzegovina. 5 November 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-11-23. Посетено на 28 January 2014. Надворешна врска во |website= (help)

Надворешни врски

уреди