Џамија Ферхад Паша
Ферхад Паша џамија (турски: Ferhad Paşa Camii ) била џамија која се наоѓала во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Оваа џамија била една од најстарите џамии во Босна. Објектот бил изграден во 1579 година. За нејзиниот архитект сè уште не се знае, но познато е дека бил ученик на Синан. Во овој комплекс исто така се наоѓа и три турбиња. Џамијата била висока 14 метри, широка 18 метри а нејзиното кубе 18 метри. Објектот бил разрушен во 1993 година од страна на Армијата на Република Српска.
Фердахија Ferhat-pašina džamija Ferhad Paşa Camii | |
---|---|
Џамија Ферхад Паша | |
Основни податоци | |
Место | Бања Лука, Босна и Херцеговина |
Координати | 44°46′02.69″N 17°11′14.44″E / 44.7674139° СГШ; 17.1873444° ИГД |
Припадност | ислам |
Осветен | 1579 |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | непознат (ученик на Синан) |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | отомански |
Особености | |
Должина | 14 метри |
Ширина | 18 метри |
Висина на куполата (надв.) | 18 метри |
Минариња | 1 |
Висина на минарето | 41, 65 м[1] |
На 7 мај 2001 година бил ставен камен-темелник за изградба на џамијата, но на самата церемонија дошле околу 4000 српски демонстранти кои биле против градењето на џамијата[2]. Протестите биле проследени со каменување на присутните муслимански верници, конфликт со полицијата и било запалено знамето на исламската заедница. На негово место било поставено знамето на Србија. Во судирите биле повредени неколку Бошњаци а еден бил убиен.
По неколку дена со поддршка на полицијата, камен-темелникот бил поставен.[3].
Наводи
уреди- ↑ Structural Studies, Repairs and Maintenance of Heritage, C. A. Brebbia,L. Binda, page 437
- ↑ Според податоци на -{Human Rights Watch}-, од 27 март 2013
- ↑ Harvard Human Rights Journal, 27 март 2013