Царска џамија
Царската џамија (турски Hünkâr Camii) е џамија која се наоѓа во Сараево, Босна и Херцеговина. Овој муслимански храм бил еден од првите кои биле изградени во Босна и Херцеговина и тоа во 1462 година по класичен отомански стил[1].
Царска џамија Careva džamija Hünkâr Camii | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Сараево, Босна и Херцеговина |
Припадност | ислам |
Осветен | 1462 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | отомански |
Особености | |
Минариња | 1 |
Во текот низ времето, џамијата повеќепати го губела својот изглед. Така, во 1480 година изгорела од пожар, кога деспотот Вук Гргуревиќ го запалил Сараево. Во 1566 година џамијата била повторно изградена, во времето на Сулејман Величествениот[1]. Во тоа време главен архитект на султанот бил Синан, па се смета дека џамијата била изградена или од Синан или од некои од неговите ученици.
Во текот на Втората светска војна и војната во Босна во 90-тите години џамијата била оштетена, но по крајот на војната повторно била обновена[2].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2014-08-23.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-08-10. Посетено на 2014-08-23.