Ивана Михиќ
Ивана Михиќ (Белград, 13 јануари 1970 годинна) — српска глумица, продуцент и писателка.[1]
Ивана Михиќ Ивана Михић | |
---|---|
Роден(а) | 13 јануари 1970 година Белград ![]() |
Занимање | Глумица |
Значајни дела | Среќни луѓе - Катарина Кети Бабовиќ Мојот роднина од село - Дивна Мајсторовиќ Враниќ Воена академија (ТВ серија) - Емилија Стошиќ |
Биографија Уреди
Ивана Михиќ пораснала на Баново брдо. Како дете вежбала ритмичка гимнастика. Таа го освоила седмото место на белградскиот натпревар по ритмичка гимнастика. Потоа ја заменила ритмичката гимнастика со балет и музика. Завршила нижо балетско училиште „Лујо Давичо“ и нижото музичко училиште „Ватрослав Лисински“ отсек пијано. Таа потоа се запишала на глума. На приемниот, таа извела монолог од драмата на нејзиниот татко „Жолта“ и ја имитирала својата мајка од претставата „Виктор или децата на власта“ и глумицата Тања Бошковиќ . Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Миленко Маричиќ и професорот Бранислав Жага Миќуновиќ, предводена од професорот Владимир Јевтовиќ во првите две години. Во одделението со неа биле: Дубравка Мијатовиќ, Тамара Вучковиќ, Драган Миќановиќ, Небојша Дугалиќ, Горан Шушљик, Жељко Митровиќ, Мирсад Тука.
Филмската кариера ја започнала како деветгодишник, со улога во филмот Среќно семејство, а продолжила како тринаесетгодишна, со улога во филмот Варљиво лето '68. Својата театарска кариера ја започнала со главните улоги во претставите „Некои тоа го сакаат топло“ (Театар на Теразие) и „Сирано од Бержерак“ (Народен театар во Белград ). Таа снимила ЦД и касета со музика од претставата „Тринидад“ за ПГП РТС, а гостувала и на ЦД-то на Тина Миливојевиќ „Приспивни песни за бебиња и мали деца“ . Во1996 година Ивана ја основа својата филмска продуцентска куќа „ХОРИЗОНТ“, а како продуцент и извршен продуцент ги потпишува следните филмови: Купи ми Елиота, Механизам, Таа ја сака Ѕвезда, Кутрите мали хрчаци 2010, како и ТВ серијата Куќа на среќата .
Учествувала на над педесет меѓународни филмски фестивали со филмовите на продуцентската куќа „ХОРИЗОНТ“. За продукцијата на нејзините филмови повеќепати е наградувана со домашни и странски признанија. Таа, исто така, ја осцвоила меѓународната филмска награда за најдобра глумица на Меѓународниот филмски фестивал во Александрија за нејзината улога во филмот Механизам . За истата улога таа беше наградена со „Оскар за популарност“, 2000 година, како најпопуларна глумица избрана од публиката и низа други награди. Била член на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Лече . Четири години била претседател на „Собрание на здружението“ на филмски продуценти во Србија. Таа била ангажирана во серија хуманитарни акции наречени „Извор на светлината“ .
Ивана е и писателка. Досега напишала и објавила четири книги: „Мојот пријател, под креветен Мрак“ (во соработка со Вера Чукиќ), „Мојот единствен живот“, „Мраз“ и „ Headhunters “. Од декември 2008 година пишуваше колумни за дневниот весник „Политика“ во рубриката „Погледи од страна“ .
Таа е ќерка на сценаристот Гордан Михиќ и глумицата Вера Чукиќ.
Улоги Уреди
Година | Назив | Улога |
---|---|---|
1970-ти | ||
1978 | Образ со образ: Новогодишен специјал | Ивана |
1979 | Среќно семејство | постара ќерка |
1979 | Среќно семејство (ТВ серија) | постара ќерка |
1980-ти | ||
1984 | Варљиво лето '68 | Владица Цветковиќ |
1984 | Варљиво лето '68 (ТВ серија) | Владица Цветковиќ |
1987 | Октоберфест | |
1988 | Роман за Лондон (серија) | Мис Мун |
1990-ти | ||
1991 | Сараевски приказни | Ѓана Раѓеновќ |
1991 | Најтоплиот ден во годината | девојка на Зоран |
1993 | Напаѓач | Јелена |
1993-1994 | Среќни луѓе | Катарини Кети Бабовиќ |
1995 | Балкон на кровот | Анѓа Мишковиќ |
1995-1996 | Среќни луѓе 2 | Катарина Кети Бабовиќ |
1996-1997 | Горе доле | Кристина Кики Јакшиќ |
1998 | Купи ми Елиота | Чора / Ники |
2000-ти | ||
2000 | Механизам | Снежана |
2003 | Куќа на среќата | |
2005 | Либеро | русокоса |
2005 | Ивкова слава | Француска снаа |
2006 | Условна слобода | Марта |
2010 | Дојди поблизу | Љубица Протиќ |
2010 | Не е тој таков | Марина |
2008-2011 | Мојот роднина од село | Дивна Мајсторовиќ Враниќ |
2012-2017 | Воена академија (ТВ серија) | Емилија Стошиќ |
Наводи Уреди
- ↑ „Ivana Mihić“. Laguna. Посетено на 16. 1. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски Уреди
- Матична страница
- Ивана Михиќ на сајтот IMDb (јазик: англиски)
- You Tube
- ИНТЕРВЈУ Ивана Михиќ: Романите се околу нас, а јас пишувам („Вечерње новости“, 05.01.2021)