Ибн Халдун
Ибн Халдун ( арап. أبو زيد عبد الرحمن بن محمد بن خلدون الحضرمي, Abū Zayd ‘Abd ar-Raḥmān ibn Muḥammad ibn Khaldūn al-Ḥaḍramī) - арапски историчар, социолог, економист и демограф[6], роден во Тунис на 27 мај 1332, починал во Египет на 17 март 1406 година. Се смета за еден од основоположниците на модерната историографијата, социологијата, економијата и демографијата.[7]
Ибн Халдун | |||||
---|---|---|---|---|---|
Статуа на Ибн Халдун во Тунис | |||||
Роден | 27 мај 1332 Тунис, Хафсидски султанат во Ифрикија | ||||
Починал | 17 март 1406 Каиро, Мамелучки Султанат на Египет | ||||
Подрачје | Тунис | ||||
Огранок | Сунити[1] | ||||
Мезхеб | Малики[2] | ||||
Правец | Ашари[3] | ||||
Поважни интереси | Историја Социологија Економија Демографија Политички науки | ||||
Значајни идеи | Цикличка теорија на империите, Асабија, Теорија на економскиот раст | ||||
Влијаел врз
| |||||
Влијанија од
| |||||
|
Најпознат е по делото, Мукадима или Пролегомена ("Вовед") под чие влијание биле османлиските историчари од 17 век како Ќатип Челебија, Ахмед Џевдет-паша и Мустафа Наима, кои ги користеле теориите во книгата да го анализираат подемот и падот на Отоманското Царство.[8] Европските историчари од 19 век исто така ја признавале важноста на книгата и го сметале Ибн Халдун за еден од најголемите филозофи на средниот век.[9][10]
Историски контекст
уредиВо 13 век, по падот на Алмохадите кои ја одбележале средновековната цивилизација на Магреб, унифицирајќи го регионот,започнал еден долг период на анархија и сиромаштија.[11]. Во 14 век, Меринидите го контролирале западен Магреб (денешен Алжир) додека Хафсидите владееле со Ифрикија (денешен Тунис и источниот дел на Алжир) Овие три династии директно или индиректно потекнувале од Алмохадската династија[11], се бореле за превласт во Магреб и постојано биле под закана на арапските племиња и од дисиденцијата на берберските племиња кои живееле во близина, секое во рамки на неговите поединечни граници.
Животот на Ибн Халдун се одвивал во една многу проблематична епоха, обележана со разни социо-политички превирања, со појавата на црната смрт и со непрестајните династички борби во Магреб. Впрочем, смртта на секој владетел отворала нова криза околу наследството на власта којашто кралските синови сакале да ја приграбат само за себе.[11] Секоја династија сè повеќе и повеќе се индивидуализирала и покрај заедничките корени, додека меринидската династија се обидувала да го унифицира Магреб, на начин како што тоа го сторила алмохадската.[11] Градовите растеле и играле значајна верска, културна и политичка улога во секоја од државите. Тлемсен, Константин и Беџаја броеле по 40.000 жители, Маракеш околу 60.000 а Фес и Тунис имале над 100.000 жители што била голема бројност на население на тоа време.[11]
На Пиринејскиот Полуостров, последните муслимански кралства се обидувале да го сопрат напливот на галската и кастиљската Реконквиста, додека Истокот се соочувал со турско-монголските инвазии.
Животопис
уредиЖивотот на Ибн Халдун е релативно добро документиран, бидејќи тој напишал автобиографија (арапски: التعريف بابن خلدون ورحلته غربا وشرقا, at-Taʻrīf bi-ibn Khaldūn wa-Riḥlatih Gharban wa-Sharqan[13]), во која се цитирани голем број документи во врска со неговиот живот.
Абдурахман бин Мухамед бин Мухамед бин Мухамед бин Ал-Хасан бин Џабир бин Мухамед бин Ибрахим бин Абдурахман бин Ибн Халдун, главно познат како "Ибн Халдун", според некој далечен предок, е роден во Тунис во 1332 (732 по хиџра) во влијателно и побогато андалусиско семејство со арапско потекло. Едниот од предците на семејството, според него, бил јеменитски Арап кој бил во сродство Ваил ибн Хуџр, придружник на исламскиот пророк Мухамед. Семејството кое имало многу влијание во Андалусија, по падот на Севиља во 1248 година, емигрирало во Тунис. За време на туниската хафсидска династија некои од неговото семејство имале политички функции. Таткото и дедото на Ибн Халдун сепак се повлекле од политичкиот живот и се приклучиле на редот на мистиците. Неговиот брат, Јахја Ибн Халдун, исто така, бил историчар кој напишал книга за абдалвадидската династија, и кој бил убиен од страна на соперник за да биде службен историограф на дворецот.[14]
Во својата автобиографија, Халдун си го кажува потеклото уште од времето на Мухамед преку арапско племе од Јемен, поконкретно од Хадрамут, кое дошло до Пиринејскиот Полуостров во осмиот век, на почетокот на исламското освојување. Самиот рекол: „И нашето потекло е од Хадрамут, од Арапите од Јемен, преку Ваил ибн Хуџр исто така познат како Хуџр ибн 'Ади, еден од најдобрите Арапи, добро познат и почитуван." (стр. 2429, издание Ал-Waraq). Сепак, биографот Мухамед Енан се сомневал во ова негово тврдење, велејќи дека неговото семејство можеби биле Мувалади[n 1] кои тврделе дека имаат арапско потекло со цел да стекнат со социјален статус.[15] Енан, исто така споменува добро документирана традиција од минатото, во врска со одредени берберски групи, при што тие самите се "воздигнуваат" со арапски предци. Мотивот за тоа секогаш било желбата за политички и општествени напредувања. Ова се шпекулирало и за семејството на Халдун, дека Ибн Халдун и самиот бил со берберско потекло како и поголемиот дел од жителите на неговото родно место. Сепак, исламскиот историчар Мухамед Хозиен вели дека "наводниот [Берберски] идентитет ќе значел во времето кога предците на Ибн Халдун ја напуштиле Андалусија и се преселиле во Тунис но тие сепак не го промениле тврдењето дека се со арапско потекло. Дури и во времињата кога Берберите биле на власт, за време на владеењето на Ал-Марабатс и ал-Мовахидс, и др. семејството на Ибн Халдун не го барале нивното берберско наследство".[16] Најсилен показател на неговото арапското јеменитско потекло се неговата генеалогија и презимето.[17]
Образование
уредиВисокиот статус на неговото семејство му овозможил на Ибн Халдун да учи со најдобрите учители во Магреб. Тој добил класично исламско образование, учење на Куранот кој го научил напамет, арапска лингвистика, основа за разбирањето на Куранот, хадит, шеријат (закон) и фик (надлежност). Тој добил диплома (арапски: الإِجازَة ijazah , "дозвола", "овластување") по сите овие предмети.[18] Математичарот и филозофот, Ал-Абили од Тлемсен, го вовел во математиката, логиката и филозофијата, и тој пред сè ги проучувал делата на Авероес, Авицена, Рази и Туси. На возраст од 17 години, Ибн Халдун ги изгубил обата родитела од Црната смрт, интерконтинентална епидемија на чума што го погодила Тунис во 1348-1349.[19] Тој за чумата зборува во неговото дело Мукадима:
Страшна чума надојде врз народите на Истокот и Западот; таа сурово ги измачи нациите, однесе голем дел од оваа генерација, ги сотре и ги уништи најдобрите резултати на цивилизацијата. Се покажа себеси кога империите беа во ера на декаденција и се доближуваа до крајот на нивното постоење; таа им ја скрши силата, им ја потисна моќта, ги ослабна до тој степен што им се закануваше целосно да ги уништи. Земјата престана да се обработува поради недостиг на луѓе; градовите беа опустошени, зградите паднаа во урнатини, патиштата беа избришани, спомениците исчезнаа; куќите и селата останаа без жители; нациите и племињата ја изгубија својата сила, а целата земја си го смени ликот.[20]
Раните години во Тунис, Фес, Тлемсен и Гранада
уредиСпоред семејната традиција, Ибн Халдун се борел за политичка кариера. При бурната политичка ситуација во Северна Африка, ова барало многу вештина внимателно да се создаваат и прекинуваат сојузништва, за да не се падне заедно со минливите режими на времето.[21] Автобиографијата на Ибн Халдун е приказна за авантура, во која тој поминува време во затвор, ги достигнува највисоките функции и паѓа повторно во егзил.
На 20 годишна возраст, тој ја започнал својата политичка кариера на функцијата Катиб ал-'Аламах (носител на печатот) кај тунискиот владетел Ибн Тафракин[22], која се состоела од пишување калиграфски воведни белешки на официјални документи. Во 1352, Абу Зиад, султан на Константин, го нападнал Тунис и го поразил. Ибн Халдун, кој не бил среќен со неговата почитувана но политички бесмислена функција, со учителот Абили заминал за Фес. Таму султанот Абу Инан Фарес од маринидската династија го назначил за пишувач на кралските прогласи. Во 1357 година, обвинет за сплетки против интересите на султанот 25-годишниот Ибн Халдун 22 месеци поминал во затвор. По смртта на Абу Инан во 1358 година, везирот Ал Хасан Ибн Умар го ослободил од затвор и му го вратил рангот и функцијата. Кога Абу Салем дошол на власт, тој му дал на Ибн Халдун министерско место, прва функција која одговарала на неговите амбиции. Наскоро нови превирања придонеле Абу Салем да ја изгуби власта и на негово место да дојде некој пријател на Ибн Халдун, Ибн-Амар Абдула, кој не му дал значајна службена положба. Ибн Халдун затоа се одлучил да се пресели во Гранада. Тој можел да биде сигурен дека таму ќе има топло добредојдовте, бидејќи во Фес тој му помогнал на султанот на Гранада, Насрид Мохамед V, да се врати на власт по неговиот привремен егзил. Во 1364 година, султанот Мухамед му доверил дипломатска мисија кај кралот на Кастиља, Педро Суровиот, со цел склучување на мировен договор. Ибн Халдун успешно ја спровел оваа мисија и учтиво ја одбил понудата на Педро да остане во служба на неговиот двор и да си го поврати имотот кој порано во Шпанија го поседувало неговото семејство. Во Гранада, Ибн Халдун брзо влегол во конкуренција со везирот на Мухамед, Ибн ал-Хатиб, кој со недоверба гледал на блиските односи помеѓу Мухамед и Ибн Халдун.[11] Ибн Халдун се обидел да го обликува младиот Мухамед според неговиот идеал на мудар владетел, потфат кој Ибн ал-Хатиб го сметал за глупав и опасен за мирот во земјата а историјата покажала дека бил во право. На поттик на ал-Хатиб, Ибн Халдун на крајот бил испратена назад во Северна Африка. Самиот Ал-Хатиб подоцна бил обвинет од страна на Мухамед дека има необични филозофски погледи, и бил убиен, и покрај обидот од страна Ибн Халдун да се заложи во името на својот поранешен соперник. Во неговата автобиографија, Ибн Халдун малку кажува за неговиот судир со Ибн ал-Хатиб и за причините за неговото заминување.
Назад во Африка, хафсидскиот султан на Беџаја, Абу Абдала, (со кого заедно бил во затвор) го пречекал со голем ентузијазам и го назначил Ибн Халдун за свој прв министер. Во текот на овој период, Ибн Халдун вршел смела мисија за собирање на даноците меѓу локалните берберски племиња. По смртта на Абу Абдала во 1366, Ибн Халдун повторно ја сменил страната и се зближил со султанот на Тлемсен, Абул л-Абас. Неколку години подоцна, тој бил затворен од страна на Абу Фарис Абдул Азиз, кој го поразил султанот на Тлемсен и го освоил престолот.
Политичката умешност на Ибн Халдун и неговите добри односи со дивите берберски племиња, му носеле предност кај северноафриканските владетели, иако тој самиот почнал да станува уморен од политиката. Во 1375 година, бил испратен од Абу Хаму, Абу l Вадид султанот на Тлемсен, на мисија кај племињата на давадитските Арапи од Бискра. На враќање на Ибн Халдун побарал засолниште кај едно од берберските племиња, во западниот дел на Алжир, во градот на Калат Ибн Салама. Тој таму живеел повеќе од три години, под нивна заштита, користејќи ги предностите на неговата изолација за да го напише делото Мукадима (Пролегомена), воведот на неговата планирана историја на светот. Во Ибн Салама, сепак, тој ги немал потребните текстови за да ја заврши работата.[23] Како резултат на тоа, во 1378, тој се вратил во својот роден Тунис, кој во меѓувреме бил освоен од Абу л-Абас, кои го земал Ибн Халдун назад во неговата служба. Тука тој се посветил речиси исклучиво на своите студии и да ја завршил неговата историјата на светот. Неговата врска со Абу л-Абас останала затегната, како што подоцна тој се сомневал во неговата лојалност. Ова било уште позасилено откако Ибн Халдун му покажал копија од завршената историја каде ја немало вообичаената панегирика за владетелот. Под изговор дека ќе оди на аџилак во Мека[24] – нешто кое муслимански владетел не можел едноставно да го одбие - Ибн Халдун успеал да го напушти Тунис и да заплови за Александрија.
Последните години во Египет
уредиДодека другите исламски региони морале да се справуваат со војни и внатрешни судири, Египет под власта на Мамелуците живеел во период на економски просперитет и високата култура. Сепак, дури и во Египет, каде што Ибн Халдун ги живеел неговите последни години, тој не можел да остане надвор од политиката во целост. Во 1384 египетскиот султан го назначил за професор на медресата Камија и за голем кадија на Малики школата за фик (едно од четирите училишта, Малики училиштето било широко распространето пред сè во Западна Африка). Неговите напори за реформи сепак наишле на отпор, и во рок од една година, тој морал да поднесе оставка од неговото судство. Дополнителен фактор за одлуката да поднесе оставка може бил и тешката лична трагедија што го погодила во 1384, кога бродот со неговата сопруга и децата потонал во близина на брегот на Александрија. Ибн Халдун тогаш одлучил сепак да го заврши аџилакот до Мека.
По неговото враќање во мај 1388, Ибн Халдун се сконцентрирал посилно на образовната функција во различни медреси на Каиро. Во дворецот некое време ја немал наклонетоста на султанот, како за време на немирите против Азахир Сејфадин Баркук кога– очигледно под принуда – заедно со другите каирски судии издал фатва против Баркук. Подоцна односите со Баркук се вратиле во нормала, и тој бил повторно именуван за кадија. Севкупно, тој шест пати бил назначуван на оваа висока функција, но од различни причини никогаш на функцијата не останувал долго.
Во 1401, под власта на наследникот на Баркук, неговиот син Фараџ, Ибн Халдун земал учество во военiot поход против монголскиот освојувач Тамерлан, кој го опсаднал Дамаск. Ибн Халдун се сомневал во потфатотот на новиот султан и не сакал да го напушти Египет. Неговите сомнежи биле оправдани, бидејќи младиот и неискусен Фараџ, загрижен за бунтот во Египет, ја оставил својата војска во Сирија и се вратил дома. Ибн Халдун седум недели останал во градот под опсада, со јажиња го спуштиле преку градските бедеми со цел да преговара со Тамерлан, во историска серија на средби за кои тој опширно зборува во својата автобиографија.[25] Тамерлан во детали го испрашувал за условите во земјите на Магреб и на негово барање, Ибн Халдун дури и напишал долг извештај за истото. Како што ги признал намерите за ова, тој не се двоумел, при враќањето во Египет, да состави подеднакво долг извештај за историјата на Татарите заедно со студијата на карактерот на Тамерлан, испраќајќи ги истите на меринидските владетели во Фес (Магреб).
Ибн Халдун следните пет години ги поминал во Каиро и работел на завршувањето на неговата автобиографија и историја на светот и извршувал функција на учител и судија. За време на овој период, тој, наводно за се придружил на тајната партија по име Риџал Хава Риџал. Нивните реформски ориентирани идеали привлекле внимание на локалните политички органи и старешини. Ибн Халдун бил уапсен. Тој починал на 17 март 1406 година, еден месец по неговиот шести избор на функцијата кадија (судија).
Творештво
уредиКитаб ал-Ибар
уредиГлавното дело на Ибн Халдун е Китаб ал-Ибар или "Книга за лекции" (целосен наслов на арапски: Kitāb al-ʻIbar wa-Dīwān al-Mubtadaʼ wa-l-Khabar fī Taʼrīkh al-ʻArab wa-l-Barbar wa-Man ʻĀṣarahum min Dhawī ash-Shaʼn al-Akbār - „Книга за лекции, записи за почетоците и настани во историјата на Арапите и Берберите и нивните моќни современици"), првично замислена како историја на Берберите , но подоцне прошенари во фокусот на универзалната истора.иј
Китаб ал-Ибар е поделена на седум книги.
- Ал-Мукадима (Вовед),[26][27] се смета за прва книга.
- Книгите од 2 до 5 ја покриваат светската историја на човештвото до времето на авторот.
- Книгите 6 и 7 зборуваат за историјата на берберските народи и Магреб.
И покрај грешките во делото од 14 век од Фес, Равд ал-Киртас, (веројатно на Ибн Аби Зар), од каде Халдун црпел извори за делото, тоа сепак останува важен извор за берберската историја. Историографскиот труд е дополнително критикуван заради неговата синтеза на повеќе (понекогаш контрадикторни) извори во отсуство на оригинални цитати, и тука Халдун отстапува од класичниот стил на арапските историчари, како што се Ибрахим Ибн ар-Ракик (~d.1028) или ал-Малики.[28]
Во однос на социологијата, тој ја смислил теорија на општествениот конфликт. Ја развил дихотомијата на седентарниот живот наспроти номадскиот, концептот на "генерацијата", како и неизбежната загубата на сила што се случува кога пустинските воини го освојуваат градот. Според современиот арапски историчар, Сати ал-Хусри, Мукадима може да се чита како социолошко дело. Темите обработени во него вклучуваат политика, урбаниот живот, економија и знаење. Делото се заснова на централниот концепт на Ибн Халдун за асабија (арапски: aṣabiyyah), кој е преведен како "социјална кохезија", "групна солидарност" или "племство". Оваа социјална кохезија произлегува спонтано во племињата и други мали сродствени групи и може да се интензивира и зголеми од страна на религиозна идеологија. Анализата на Ибн Халдун е за тоа како оваа кохезија носи групи на власт, но содржи во себе – психолошко, социолошко, економско, политичко - семе за пропаста на групата која може да се замени со нова група, династија или империја поврзана со посилна (или помлада и поенергичнз) кохезија. Ибн Халдун би цитиран како расистички, но неговите теории за подемот и падот на империјата немаат расна компонента, и ваквото читање на неговите дела е повеќе резултат на погрешни толкувања или преводи.[29]
Можеби најчесто цитирано набљудување на делото на Ибн Халдун е мислењето дека кога општеството станува голема цивилизација (и, веројатно, доминантна култура во регионот), по најголемиот подем следи период на пропаѓање. Ова значи дека следната сплотена група која ја освојува пропаднатата цивилизација е, во споредба со неа, група на варвари. Откако варварите ќе ја зацврстат нивната контрола врз освоеното општество, сепак, тие стануваат да привлечени од порафинираните аспекти, како што се писменоста и уметноста, па или ги асимилараат или ги усвојуваат таквите културни практики. Потоа, со тек на времето, поранешните варвари ќе бидат освоени од страна на нова група на варвари, кои ќе го повторат процесот.
Други дела на Халдун
уредиОд други извори се дознава за неколку други дела, напишани главно во Северна Африка и Ел-Андалус.
- Неговата прва книга, Лубаб ал Мухасал (арапски: Lubābu l-Muhassal - Квинтесенција на теологијата) која е коментар на исламската теологија на Фахралдин ал-Рази, била напишана на 19 годишна возраст под надзор на неговиот учител ал-Абили во Тунис.[30]
- Делото за суфизмот, Shifā ' l-Sā'il, било напишано околу 1373 во Фес, Мароко.
- Додека бил на дворот на Мухамед V, султанот на Гранада, Ибн Халдун напишал дело за логика, Алака за султанот (арапскиʻallaqa li-s-Sulṭān)[11].
- Автобиографијата која ја напишал во тврдината на Бени Салама - (Târif) каде што освен податоците за неговиот живот разјаснува и детали за пишувањето на неговото најзначајно дело.
Наследство
уредиИбн Халдун првпат го привлекол вниманието на западниот свет во 1697, кога неговата биографија се појавила во Ориентална библиотека на Бартелеми д‘Еберло де Молнвил. Поголемо внимание привлекол по 1806, кога Арапската хрестоматија на Силвестр де Саси ја вклучила неговата биографија, заедно со превод на делови од Мукадима преведено како Пролегомена.[34] Во 1816, де Саси повторно ја објавил биографијата со подетален опис на Пролегомена.[35] Комплетното арапско издание било објавено во 1858. Оттогаш, делото на Ибн Халдун поопширно се изучува во западниот свет.[36]
- Британскиот историчар Арнолд Џ.Тојнби ја нарекол Мукадима филозофија на историјата, која е несомнено најголемиот труд од ваков вид која некогаш било создадено[37]
- Британскиот филозоф Роберт Флинт го напишал следново за Ибн Халдун: "како теоретичар на историјата му немало рамен во било кој период или земја, сè додека Вико не се појавил, повеќе од триста години подоцна. Платон, Аристотел, и Августин не му биле современици, а сите други не вредело ни да се споменуваат заедно со него".
- Абдерахман Лахсаси напишал: "Ниеден историчар на Магреб а особено на Берберите не може без неговиот историски придонес."[38]
- Британскиот антрополошки филозоф Ернест Гелнер смета дека дефиниција на Ибн Халдун на власта - „институција која ја спречува неправдата, освен онаа што самата ја прави" - е најдобрата во историјата на политичката теорија.[39]
- Егон Орован, кој го измислил терминот социономија, бил под влијание на идеите на Ибн Халдун за еволуцијата на општествата.[40]
- Артур Лафер, по кого е именувана Лаферовата крива, напоменал дека, меѓу другите, некои од идеите на Ибн Халдун им претходеле на неговите.[41]
- Во 2006 година, Фондацијата за економски истражувања Атлас започнала годишен натпревар во пишување на есеи за студенти. Името на натпреварот е во чест на Ибн Халдун. Темата на конкурсот е "како поединци, тинк-тенкови, универзитети и претприемачи можат да влијаат на владините политики за да се овозможи слободен пазар да се развива и да се подобри животот на граѓаните врз основа на Исламските учења и обичаи."
- Во 2006 година, Шпанија ја одбележала 600 годишнината од смртта на Ибн Халдун.
Белешки
уреди- ↑ The Spanish, Portuguese and Catalan words muladí, muladi or muladita are derived from the Arabic muwallad. The basic meaning of muwallad is a person of mixed ancestry, especially a descendant of an Arab father and a non-Arab mother
Наводи
уреди- ↑ „IBN KHALDUN - His Life and Work“. Посетено на 25 February 2017.
- ↑ Ahmad, Zaid (2010). „Ibn Khaldun“. Во Oliver Leaman (уред.). The Biographical Encyclopaedia of Islamic Philosophy. Continuum. Занемарен непознатиот параметар
|subscription=
(help) - ↑ Doniger, Wendy (1999). Merriam-Webster's Encyclopedia of World Religions. Merriam-Webstar Inc. стр. 82. ISBN 0877790442.
- ↑ Во ал-Мукадима Ибн Халдун го цитира како пионир во социологијата
- ↑ • Joseph J. Spengler (1964). "Economic Thought of Islam: Ibn Khaldun", Comparative Studies in Society and History, 6(3), pp. 268-306.
• Jean David C. Boulakia (1971). "Ibn Khaldûn: A Fourteenth-Century Economist", Journal of Political Economy, 79(5), pp. 1105-1118. - ↑
Savant, Sarah Bowen (2014). Genealogy and Knowledge in Muslim Societies: Understanding the Past. Edinburgh University Press. стр. 77. ISBN 978-0748644971.
Banu Khaldun al-Hadrami (Yemen, but not Qahtan), to which belonged the famous historian Ibn Khaldun. The family's ancestor was 'Uthman ibn Bakr ibn Khalid, called Khaldun, a Yemeni Arab among the conquerors who shared kinship with the Prophet's Companian Wa'il ibn Hujr and who settled first in Carmona and then in Seville.
The Historical Muhammad, Irving M. Zeitlin, (Polity Press, 2007), 21; "It is, of course, Ibn Khaldun as an Arab here speaking, for he claims Arab descent through the male line.". The Arab World: Society, Culture, and State, Halim Barakat, (University of California Press, 1993), 48;"The renowned Arab sociologist-historian Ibn Khaldun first interpreted Arab history in terms of badu versus hadar conflicts and struggles for power." Ibn Khaldun, M. Talbi, The Encyclopaedia of Islam, Vol. III, ed. B. Lewis, V.L. Menage, C. Pellat, J. Schacht, (Brill, 1986), 825;"Ibn Khaldun was born in Tunis, on I Ramadan 732/27 May 1332, in an Arab family which came originally from the Hadramawt and had been settled at Seville since the beginning of the Muslim conquest..." - ↑ • Joseph J. Spengler (1964). "Economic Thought of Islam: Ibn Khaldun", Comparative Studies in Society and History, 6(3), pp. 268-306.
• Jean David C. Boulakia (1971). "Ibn Khaldûn: A Fourteenth-Century Economist", Journal of Political Economy, 79(5), pp. 1105–1118. - ↑ Lewis, Bernard (1986). „Ibn Khaldūn in Turkey“. Во Ayalon, David; Sharon, Moshe (уред.). Studies in Islamic history and civilization: in honour of Professor David Ayalon. BRILL. стр. 527–530. ISBN 978-965-264-014-7.
- ↑ Bernard Lewis: "Ibn Khaldun in Turkey", in: Ibn Khaldun: The Mediterranean in the 14th Century: Rise and Fall of Empires, Foundation El Legado Andalusí, 2006, ISBN 978-84-96556-34-8, pp. 376–380 (376) S. M. Deen (2007) Science under Islam: rise, decline and revival. p. 157. ISBN 1-84799-942-5
- ↑ M.), Deen, S. M. (Sayy (2007). Science under Islam : rise, decline and revival (Lulu. изд.). [London?]: Lulu.com. ISBN 1847999425. OCLC 226308284.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 Yves., Lacoste (1998). Ibn Khaldoun : naissance de l'Histoire, passé du tiers monde ([Nouv. éd.]. изд.). Paris: La Découverte & Syros. ISBN 2707126802. OCLC 40670128.
- ↑ „Arab American National Museum : Online Collections“. Посетено на 25 February 2017.
- ↑ Published by Muḥammad ibn Tāwīt aṭ-Ṭanjī, Cairo 1951
- ↑ (француски) « Lettre à Monsieur Garcin de Tassy », Journal asiatique, troisième série, tome XII, éd. Société asiatique, Paris, 1841, p. 491
- ↑ A. Khaldun: His life and Works for Mohammad Enan
- ↑ „Notes on Ibn Khaludn's Life“. Посетено на 25 February 2017.
- ↑ Al-Muqqadimah. Ibn Khaldun
- ↑ Muhammad Hozien. „Ibn Khaldun: His Life and Work“. Islamic Philosophy Online. Посетено на 2008-09-19.
- ↑ „Saudi Aramco World: Ibn Khaldun and the Rise and Fall of Empires“. Посетено на 2017-12-06.
- ↑ [PDF] Ibn Khaldoun, trad. William Mac Guckin de Slane, Les Prolégomènes(première partie), éd. Librairie orientaliste Paul Geuthner, Paris, 1863, p. 133 [archive].
- ↑ „IBN KHALDUN - His Life and Work“. Посетено на 2017-12-06.
- ↑ „Ibn Khaldun: His Life and Works | Muslim Heritage“ (англиски). Посетено на 2017-12-05.
- ↑ IBN KHALDUN'S POLITICAL AND ECONOMIC REALISM (англиски). google.com/+AlhassanainOrgNetwork. 2016-03-26.
- ↑ 1946-, Goumeziane, Smaïl (2006). Ibn Khaldoun, 1332-1406 : un génie maghrébin. Paris: Non lieu. ISBN 2352700019. OCLC 67610147.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ Bent, Josephine van den (2016-05-03). „"None of the Kings on Earth is Their Equal in ʿaṣabiyya": The Mongols in Ibn Khaldūn's Works“. Al-Masāq. 28 (2): 171–186. doi:10.1080/09503110.2016.1198535. ISSN 0950-3110.
- ↑ Ibn Khaldun the Muqaddimah. An Introduction to History.Translated from the Arabic by Franz Rosenthal. In Three Volumes. First Volume. 606 pages. Bollingen Foundation Series xliii. Princeton University Press. 1958. Prof. Dr. Darcy Carvalho. Feausp. Sao Paulo. Brazil. 2016
- ↑ https://archive.org/stream/THEMUQADDIMAHVOLUME1/THE MUQADDIMAH VOLUME 1
- ↑ See articles by Modéran and Benabbès in Identités et Cultures dans l'Algérie Antique, University of Rouen, 2005 (ISBN 2-87775-391-3).
- ↑ https://www.jstor.org/pss/3590803 Translation and the Colonial Imaginary: Ibn Khaldun Orientalist, by Abdelmajid Hannoum © 2003 Wesleyan University.
- ↑ 1946-, Goumeziane, Smaïl (2006). Ibn Khaldoun, 1332-1406 : un génie maghrébin. Paris: Non lieu. ISBN 2352700019. OCLC 67610147.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ "How Far Are We From The Slippery Slope? The Laffer Curve Revisited" by Mathias Trabandt and Harald Uhlig, NBER Working Paper No. 15343, September 2009.
- ↑ Laffer, Arthur. „The Laffer Curve: Past, Present, and Future“. The Heritage Foundation. Посетено на 4 July 2012.
- ↑ Brederode, Robert F. van (2009). Systems of general sales taxation : theory, policy and practice. Austin [Tex.]: Wolters Kluwer Law & Business. стр. 117. ISBN 9041128328.
- ↑ Enan, Muhammed Abdullah (2007). Ibn Khaldun: His Life and Works. The Other Press. стр. 118. ISBN 983-9541-53-6.
- ↑ Enan, Muhammed Abdullah (2007). Ibn Khaldun: His Life and Works. The Other Press. стр. 118–9. ISBN 983-9541-53-6.
- ↑ Enan, Muhammed Abdullah (2007). Ibn Khaldun: His Life and Works. The Other Press. стр. 119–20. ISBN 983-9541-53-6.
- ↑ Encyclopædia Britannica, 15th ed. vol. 9, p. 148.
- ↑ Lakhsassi, A. (1996) 'Ibn Khaldun', in S.H. Nasr and O. Leaman (eds) History of Islamic Philosophy, London: Routledge, ch. 25, 350–64. ... http://www.muslimphilosophy.com/ip/rep/H024.htm
- ↑ Ernest Gellner, Plough, Sword and Book (1988), p. 239
- ↑ Egon Orowan. 1901–1989. A Biographical Memoir by F.R.N. Nabarro and A. S. Argon. 1996. National Academies Press. Washington, D.C.
- ↑ Arthur Laffer (June 1, 2004). „The Laffer Cruve, Past, Present and Future“. Heritage Foundation. Архивирано од изворникот на December 1, 2007. Посетено на 2007-12-11.
Литература
уреди- Fuad Baali. 2005 The science of human social organization : Conflicting views on Ibn Khaldun's (1332–1406) Ilm al-umran. Mellen studies in sociology. Lewiston/NY: Edwin Mellen Press.
- Walter Fischel. 1967 Ibn Khaldun in Egypt : His public functions and his historical research, 1382–1406; a study in Islamic historiography. Berkeley: University of California Press.
- Allen Fromherz. 2010 "Ibn Khaldun : Life and Times". Edinburgh University Press, 2010.
- Ana Maria C. Minecan, 2012 "El vínculo comunitario y el poder en Ibn Jaldún" in José-Miguel Marinas (Ed.), Pensar lo político: Ensayos sobre comunidad y conflicto, Biblioteca Nueva, Madrid, 2012.
- Mahmoud Rabi'. 1967 The political theory of Ibn Khaldun. Leiden: E.J. Brill.
- Róbert Simon. 2002 Ibn Khaldūn : History as science and the patrimonial empire. Translated by Klára Pogátsa. Budapest: Akadémiai Kiadó. Original edition, 1999.
Надворешни врски
уреди- Ибн Халдун: живот и дело, од Мухамед Хозиен
- Комплетно издание Мукадима/Китаб-ал-Ибар на англиски (без Поглавје V, 13)
- Туниско-Американски Центар (САД) Архивирано на 16 април 2013 г.
- Ибн Халдун на мрежата
- Муслимански научници и историчари -Инб Халдун
- Ибн Халдун, од Арнолд Тојнби, Студија на историјата vol. iii, III. C. II. (b), p. 321
- Ибн Халдун (ал-Мукадима): Методологија и концепти на економската социологија
- Ибн Халдун. Медитеранот во 14 век: подемот и падот на империите. Андалусиско наследство изложба
- Институт Ибн Халдун Архивирано на 12 септември 2014 г.