Зале-Холцланд
Зале-Холцланд (германски: Saale-Holzland) — округ во источниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) округот Бургенланд во покраината Саксонија-Анхалт, безокружниот град Гера, окрузите Грајц, Зале-Орла, Залфелд-Рудолштат, Вајмар и безокружниот град Јена.
Зале-Холцланд Landkreis Saale-Holzland | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Тирингија | |
Седиште | Ајзенберг | |
Површина | ||
• Вкупна | 815,23 км2 (31,476 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 83.234 | |
• Густина | 1,0/км2 (2,6/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | SHK | |
Мреж. место | saale-holzland-kreis.de |
Историја
уредиОкругот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузи Ајзенберг, Јена и Штатрода. Кога округот Рода (подоцна Штатрода) бил првично создаден во 1922 година веќе ја покривал скоро целата површина на денешниов округ. Во 1952 година, заедно со укинувањето на сојузните покраини (Bundesländer) округот бил поделен на три дела, кои биле споени заедно повторно во 1994 година.
Географија
уредиГлавна река во округот е Зале, која му го дала и името. Највисока точка со 475 метри надморска височина е во јужниот дел на округот, најниската со 118 метри е во долината на Зале на границата со округот Вајмар.
Грб
уредиВо левата половина на грбот е сребрената лента како симбол на грофовите од Лобдебург, кои ја поседувале долината на Зале во XIII век. Долу е лавот на грофовите од Орламинде, опкружен од шест срца. Нивното грофовија преминало во сопственост на династијата Ветин во 1396 година. Грбот на Саксонија во десната половина е истиот оној како грбот на Ветин, бидејќи подоцна тие станале владетели на Саксонија. Грбот бил донесен на 18 август 1997 година. |
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини | |
---|---|---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
3. Хермсдорф |
5. Зидлихес Залетал | |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Зале-Холцланд“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)