Залфелд-Рудолштат

округ во Германија

Залфелд-Рудолштат (германски: Saalfeld-Rudolstadt) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) окрузите Вајмар, Зале-Холцланд, Зале-Орла, округот Кронах во Баварија и окрузите Зонеберг, Хилдбургхаузен и Илм.

Залфелд-Рудолштат
Landkreis Saalfeld-Rudolstadt

округ
Грб на Залфелд-Рудолштат Landkreis Saalfeld-Rudolstadt
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеЗалфелд
Површина
 • Вкупна1,035 км2 (400 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно101.494
 • Густина98/км2 (250/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SLF
Мреж. местоsa-ru.de

Историја

уреди

Округот започнува да функционира како амт Залфелд, кој бил создаден во 1868 година, а во 1922 година станал округ (Landkreis). Исто така, во 1922 година бил создаден и округот Рудолштат, вториот историски корен на денешниот округ. Обата округа биле споени со окружната реформа во 1994 година.

Географија

уреди

Главна река во округот е Зале. Највисока точка е 827 метри надморска височина близу Пизау, додека најниската со 169 метри е во долината на реката Зале близу Нидеркросен.

  Бидејќи Залфелд бил главен град на војводството Саксо-Залфелд, саксонскиот грб е прикажан во горната десна и долната лева четвртина на грбот. Другите две четвртини го прикажуваат грбот на принцовите Шварцбург-Рудолштат.

Градови и општини

уреди
Слободни градови Слободни општини
  1. Бад Бланкенбург
  2. Кенигзе
  3. Лојтенберг
  4. Рудолштат
  5. Залфелд
  1. Алендорф
  2. Алтенбојтен
  3. Бехштет
  4. Дрогниц
  5. Хоенварте
  6. Каулсдорф
  7. Улштет-Кирххазел
  8. Унтервеленборн
Општински заедници

1. Шифергебирге

  1. Грефентал2
  2. Леестен2
  3. Пробсцела1

2. Шварцатал

  1. Курсдорф (Залфелд-Рудолштат)
  2. Десбах
  3. Дешниц
  4. Кацхите
  5. Мојра
  6. Рорбах
  7. Шварцатал1, 2
  8. Шварцбург
  9. Зицендорф
  10. Унтервајсбах
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди

50°40′N 11°20′E / 50.67° СГШ; 11.33° ИГД / 50.67; 11.33